Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Изненадувања - само во духовното!

05.10.2010
Прашање: Се наближува големиот меѓународен конгрес, на кој ќе допатуваат повеќе од 7000 луѓе од целиот свет. Како е можно практично да се оствари правилото "сакај го ближниот свој" на овој конгрес?

Јас мислам, дека моќта на обединувањето, чие откривање нам ни претстои, со помош на Создателот, навистина ќе биде неверојатно огромна и силна. Ние се подготвивме себеси и го "загреавме" целото светско кли и сите наши пријатели, кои се подготвуваат да пристигнат на овој конгрес физички и активно да учествуваат во него, виртуелно. Во текот на месецот, што ни преостанува, ние треба многу добро да се запознаеме со се', што ќе се случува на конгресот, како веќе ние да се наоѓаме таму. Ние треба однапред да ги знаеме сите песни, целата програма на конгресот, распоредена по денови, темата на секоја лекција, темите на сите семинари, средби, собирите на пријателите, културните програми, да се запознаеме со местото каде што ќе се одржи конгресот. Ние треба да знаеме колку може повеќе, за да ослободиме во себе место за нови впечатоци. Човекот треба да знае однапред и колку што е можно повеќе за се', што се случува на конгресот. Јас не сакам никакви изненадувања во материјалното. Напротив, нека има духовни изненадувања – во соединувањето помеѓу нас. Човекот треба да биде отворен за нив, а не да бара – што, каде и како се случува. Се мора да биде јасно, за да не се грижи за ништо, и да биде повеќе отворен за влијанието на опкружувањето. Тогаш тој само го впива заедничкото воодушевување – и тоа влијае врз него. Судејки по моите чувствувања, ние се наоѓаме на добрите етапи на подготовката.

Една заповед

Од делата на кабалистите ние дознаваме, дека се', што е подготвено за нас – тоа е разбивањето, кое ни е потребно за да го исправиме. Затоа постои само една заповед – исправување на разбивањето, т.е. обновување на врската помеѓу душите, кои треба да се соединат повторно во една душа. Но бидејки заедничката душа и нејзините делови, секоја душа поединечно, се разбиле на многу делови, нам ни се чини, дека ни претстојат различни многубројни дејства. Но сите тие, во суштина, претставуваат едно исто дејство – соединување. Отпрвин потребно ни е да ја поништиме својата егоистичка желба и да се кренеме над неа во давање поради давање, што се нарекува заповед на "враќање од трепет". А потоа – да се исправиме себеси на примање поради давање, што се нарекува "враќање со љубов". "Љубов кон ближниот како кон самиот себе" – тоа е резултатот на целото наше исправување. На крај, сите делови треба да се соединат во една целина без секаква меѓусебна разлика. Т.е., во суштина, постои само една единствена заповед – соединување.

Нам уште ни претстои да откриеме, колку сето во овој свет е наменето и подготвено за извршување токму на оваа заповед. Се е подговено за да ни се даде можност да се искачиме на едноставен и добар начин најпрвин кон откривањето на состојбата на разбивањето, а потоа кон нејзино исправување. Затоа нам ни се чини, дека треба да се направат многу дејства: со самиот себе, во кабалистичката група, во семејството, во општеството, во светот, во целото човештво, но треба постојано да се има на нишан ( намерата), дека тоа означува само едно единствено дејство на соединување. Природата на тоа дејство – е достигнување на единството, што ја решава за нас големата мешаница. Бидејки поинаку, ние не разбираме, зошто ги поминуваме таквите различни состојби – тешки, заплеткани, замаглени, и зошто во животот нас не следат толку голем број на тешкотии и проблеми.

А во суштина, причината е само една – недостаток на соединување. И лекот во секоја ситуација – е исто така соединувањето. Ако ние така си ги замислиме својата сегашна, и наредна, посакувана состојба: од откриениот недостаток на соединување кон соединување – тогаш сите проблеми ќе се излечат, се ќе се разјасни, се ќе се наполни со светлина. И ако ние ќе се држиме цело време во таквата намера, тогаш ќе се искачиме над заплетканоста и разбивањето – кон дејството на единството, со верба над знаењето. Т.е. јас нема да тонам во своите желби, чувствувања, неразбирањето и темнината, а ќе сфатам, дека сето тоа е последица на разединувањето, и ако јас направам се што од мене зависи, за да достигнам соединување, тогаш ќе се удостојам на светлината.

Главната заповед

Прашање: Зошто сите ги паметат 613 заповеди, но забораваат, дека над сето тоа постои единствената заповед на љубовта?

Постои само една заповед – т.е. наредба да се достигне љубов кон ближниот. Бидејки со тоа ние го подготвуваме садот на душата за наполнување со светлината и обединување во себе со Создателот. "да го љубиш ближниот свој како самиот себе" – тоа значи да ги обединиш сите спротивни и омразени за тебе желби во една, и на таков начин да ја достигнеш моќноста, која дозволува да се открие Создателот и да се соединиш со Него. Со тоа ние ја совладуваме целата бездна, која не разделува од Него.

Оваа заповед на љубовта се дели на два дела: "враќање со трепет" (ниво Бина) и "враќање со љубов" (ниво Кетер). Врз сите мои мисли и желби јас морам да ги направам овие две последователни исправувања, едноподруго. Првото исправување – да престанам да го мразам ближниот! Бидејки почетно јас го мразам. И исправувајки ја омразата, јас поминувам половина пат – од негативната состојба, од омразата, достигнувајки ја неутралната состојба, нулата. Тоа е скалило ( особина ГАР де-Бина), на кое јас ништо не сакам за себе, искачувајки се над целата своја огромна егоистичка желба. Јас не сакам да му причинувам на ближниот никакво зло! Иако мене ми се открива, дека јас апсолутно неказнето можам се` да им земам и нив да ги уништам – но јас ништо не сакам, само да не повредам некого.

Потоа од тоа скалило (скалилото ГАР де-Бина) јас се икачувам кон скалилото на љубовта и ги исправувам своите желби до нивото на давање (ЗАТ де-Бина). ЗАТ де-Бина – тоа е матка на љубовта. И на крајот излегува, дека постои само една заповед на љубовта, која ние ја достигнуваме во два чекори. Бидејки почетно, ние сме спротивни на љубовта, и пред се нам ни е потребно да ја достигнеме неутралната состојба – а веќе потоа да се искачуваме кон љубовта. 613 заповеди – тоа се исправувања на една желба за насладување, која има многу особини и затоа бара различни исправувања, но сите тие се наменети за да се достигне љубовта. Но јас цело време треба да мислам на таа крајна цел, инаку јас нема да ја привлечам врз себе светлината, која враќа кон изворот.

Затоа, треба цело време да се мисли на крајната, исправена состојба, каде што Јас, светлината што ме исправува, Создателот (Исраел, Тора и Создател) – се една целина. И се чини, зошто јас сега мора да мислам за Создателот. Тој е толку далеку од мене – дајте ми отпрвин да ги доведам во ред моите односи со човечкото општество?! Но ние не ќе можеме ништо да исправиме во општеството, се додека не ја привлечеме светлината, која враќа кон изворот. Токму таа треба да изврпи исправување, а светлината на исправувањето – тоа и е Создателот, и не смееме да Го забораваме. Затоа во сите "613" исправувања секогаш мора да е присутна мислата за "љубовта кон ближниот" – за главната заповед на љубовта кон Создателот. Без неа ние не ја привлекуваме опкружувачката светлина и ништо не исправуваме, не соединуваме.


Духовна норма

Од желбата, создадена како нешто од ништо, Создателот го создал светот на Бесконечноста. Таму желбата е споена со светлината во финален облик, кој Тој го посакал и го установил. Со Негово влијание се одржува тоа совршенство. Потоа Создателот ја поделил таа структура на делови: желби и светлини – и ни ги даде нам на користење. Сега ние треба да ги искористиме желбата и светлината така, за да ја достигнеме целта, т.е. да се уподобиме на Создателот. Се ни е на располагање: разбирајки, што од нас се бара, ние можеме тоа да го направиме. Повели, земи и гради. Ти ги имаш сите неопходни услови постепено да ја формираш токму таа состојба на светот на Бесконечноста. Меѓутоа многу време одзема да се разбере оваа работа, да се осети. Што е тоа светлина? Што е тоа желба: мисла или дејство? Што се нарекува дејство? Во тие работи човекот е заплеткан и неинформиран уште повеќе, отколку малото дете во почетокот на неговиот животен пат.

Потребни се години, за да се сфатат дури само основите: суштината на материјалот, од кој е создадено суштеството, суштината на силата, која е потребна за промените. За најинтензивно и најефективно напредување, нам ни ја организирале тековната состојба. Тоа не се вештачки услови, туку природен резултат од сите скалила на развитокот – свет, од кој ние можеме да започнеме да се изградуваме себеси, да формираме нешто ново со помош на желбата и светлината. Наоѓајки се на животинското ниво, јас имам можност да изградам суштество, која припаѓа на следното, човечко скалило и кое поседува духовен , а не материјален облик. Јас користам две сили: желбата и светлината, комбинирајки ги на таков начин, за од нив да се роди нешто трето. Токму во мене, таков каков што сум, е положена претставата за таа утопија, која јас сакам да ја реализирам. Мене ми е потребно да си замислам соодветна слика и многу да посакам, таа да се спроведе во животот. Усовршувајки ги нејзините детали, зголемувајки ја конкретноста , пројавувајки ги врските и противречностите во неа, јас во некој момент "ја исполнувам нормата" – и тогаш таа се спроведува во реалност. Во тоа е суштината на мојата "игра": јас вложувам напори, уште и уште, се додека тоа не се случи. И така секој пат, искачувајки се се погоре, проникнувајки се подлабоко, разбирајки и чувствувајки се повеќе.

Провери се себеси

Пред нас е грандиозна творба. Ние не ја чувствуваме и не ја разбираме, не ја осознаваме таа моќ. И затоа кабалистите ја добија наредбата на Создателот/природата – да се одржува врската со нас на одреден начин. Тие посебни души веќе го оствариле исправувањето на различни начини, речиси без помошта на опкружувањето, и сега, не чекајки ги роковите, ни се обраќаат, давајки ни ја методата за работа. Тие објаснуваат, како правилно да се организира опкружувањето, и ние, сигурно, мора да ги искористиме нивните совети. Бидејки на природниот пат на развитокот секоја фаза бара огромни сили и долги години. Слично на воспитувачите на детската група, кабалистите ни раскажуваат за правилата и условите, не обучуваат со игри и вежби. Нивните совети треба да се примаат како суштинска потреба. Јас сум обврзан да ги исполнувам, затоа што поинаку нема да се движам напред. Не смееме да се залажуваме, надевајки се на некои заобиколни патишта. Провери, учество ли е тоа, ако ти ја отвораш книгата и не ја реализираш. А потоа уште ќе поставуваш некои барања? "Изгради опкружување, - велат кабалистите. – За тоа имаш сили". Да, ти можеш, но си мрзелив да организираш таква средина која ќе ти дава увереност,ќе ја возвишува во твоите очи целта ( спојувањето со Создателот) и средствата за нејзино достигнување ( единството со пријателите). Меѓутоа, само работејки во таа средина, создадена од тебе, ти ќе се здобиеш со сето неопходно, за да го осетиш духовниот свет. Нека опкружувањето ти се чини надворешно – навистина тоа се твоите внатрешни келим, излезени надвор поради разбивањето. Сакаш да го исправиш разбивањето и да влезеш во духовната реалност? Повели: прими ги и засакај ги, како себеси. Тогаш сите тие надворешни келим ќе се обединат со внатрешните, и ти ќе се вратиш кон правилното воспримање, ќе го видиш духовното наместо материјалното. Се е веќе напишано и објаснето – реализацијата на методата е во наши раце.

Да се состави во себе единството

Јас се наоѓам помеѓу силата на светлината и силата на мракот. Со други зборови, помеѓу силата на желбата за давање и силата на желбата за примање. Мене ми ги дадоа, за јас од нив да составам правилно обединување. Правилно обединување на овие сили се нарекува "душа" или "Адам". Јас го составувам, пред се, доминирајки со силата на десната линија, силата на светлината. Со таа сила јас се обраќам кон егоистичката желба, спротивна на духовната реалност, и и давам облик на светлина. Значи, желбата секогаш треба да биде поништена, неутрализирана: јас не ја користам неа за примање. Таа не е моја, таа – не сум јас, туку нешто туѓо за мене. Јас се возвишувам над неа со силата на светлината. А потоа, во зависност од степенот на своето разбирање на давањето, јас и придавам на желбата ист таков облик. Да ми помогне во тоа може само опкружувањето. Тоа цело време ќе ме чува од итростите и стапиците на желбата, со која јас работам. Со сите расположиви средства опкружувањето ќе ме задржува над неа.

Да се биде над својата желба – значи да се биде во желбата на опкружувањето, да се изложуваш на нејзиното влијание. Поистоветувајки се себеси со пријателите, стремејки се кон единството и љубовта, јас го исправувам искривувањето во своето воспримање, го приближувам кон себе тоа, што небаре се наоѓа надвор, почнувам да ја чувствувам целата реалност внатре. Секој детал, секое правило тука – е само за тоа, ние да се приближуваме кон правилното воспримање на реалноста. Поврзувајки ги воедно внатрешното и надворешното, јас го поништувам своето его, го внесувам ближниот во себе. Токму тогаш и се создава заедничката исправена желба, во која јас го чувствувам Создателот. Додека јас сум разединет со ближниот, Создателот е скриен – бидејки тој се наоѓа во нашето обединување. Конечното исправување ќе ми покаже: јас – тоа е целата реалност, и Создателот - е во неа.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica