Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Има ли љубов во овој свет?

04.03.2011

Што е тоа љубов во нашиот материјален свет? Тоа е "животинска", материјална, егоистична љубов, преку која ние уживаме еден со друг.

Родителите инстинктивно ги сакаат своите деца, а децата инстинктивно ги сакаат своите родители - според тоа, колку добиваат она што го сакаат од нив. И сето тоа е проникнато од себични намери.

Ако го исклучите кај мајката нејзиниот мајчински инстинкт кон нејзиното дете, и таа ќе се однесува кон него како кон другите деца. Дури тоа да умира од глад, на неа ќе и е сеедно. Значи родителското чувство не е љубов, туку инстинкт.

Љубовта меѓу половите се предизвикува од хормоните. Дај му на човекот соодветно средство, и ќе видиш како љубовта ненадејно исчезнува или обратно - се буди на истото место. Тука станува збор за хормонална привлечност.

Сето ова се однесува на животинското ниво и ништо повеќе. Генетичарите и биолозите можат точно да објаснат зошто е тоа така. Но, ние секако го опејуваме тоа чувство и му припишување духовна природа - само затоа што со него уживаме повеќе од сè друго и сакаме соодветно да го возвишиме во своите очи.

Освен тоа има и неизмерна љубов, која ни носи големи штети. Бидејќи, ако љубовта не знае за граници, нема трепет, таа води кон омраза. Ако некој ме сака, јас треба да сум загрижен за тоа да не му дозволам тој да сака премногу силно, и самиот тој треба да биде загрижен за истото. Сè треба да има вистинска мерка и вистинската тежина. Ако љубовта "прелива надвор од брегот", таа ме поништитува, и тогаш почнувам да го мразам саканиот, да го отфрлам.

Тоа го гледаме на пример, со родителите и децата: прекумерната љубов кон детето предизвикува во него презир и омраза. Не е виновно детето, туку постариот, кој не ја ограничува својата љубов, не ја следи со екран. Ние секогаш сме обврзани да ја контролираме големината на својата љубов. Само во светот на бесконечност, на крајот на корекција, ние ќе успееме да добиеме "безмерни" екрани.

И така во нашиот свет нема смисла да се зборува за љубов - ние само на најдобар обичен начин се користиме еден со друг. Не треба да се откажуваме од тоа или да го презираме - затоа што таков е нашиот живот. На пример, долги години сопружниците живеат заедно и се загрижени еден за друг.

Но треба да направиме разликата: на крајот, јас го правам тоа по навика, која ми станува втора природа, по желба на себични побуди, се буди во мене и се полни со тоа.

Но, во духовниот свет; љубов - тоа е чистото давање.

Од утринската лекција, на тема љубов, 04.03.2011  на каб.тв од 02:00 - 05:00 (македонско време

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica