Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Имај трпение и сигурно ќе оздравиш - 06.03.2010

 

Дозволете, сега на нас дејствува вишата светлина и ги возвишува нашите себични желби, а потоа ние самите треба да продолжиме да излеземе од неа.

Светлината нè возвишува и ние бегаме од Египет, но како можеме да избегаме од него, ако Египет се наоѓа во нас?! Тоа е целата наша природа!

Исто така што значи да се биде во пустина? Тој Египет сега се враќа кон мене и јас треба да излезам од секој негов дел.

Тоа се нарекува и четириесет годишно одење по пустината, кога јас последователно ги негувам и изјаснувам своите желби, слично на човечкиот зародиш, во кој по некој ред расте тој еден, тој друг орган – тоа од почетокот се движи знамето од едната, а потоа од другата страна, од едната и од другата преминувајќи ги сите можни препреки и проблеми.

Тоа е процесот и на развивањето и растењето на душата, слично на зародишот во мајчинската утроба.

Треба да се радуваме на тоа дека ја имаме книгата Зохар како средство за спасување, кое не спасува од ден на ден. Но ако тоа дејствие не започне да дејствува во своите целосни размери, нема да чувствуваме никакви резултати.

А до тогаш, тој прима се и прима лекарства и од ден на ден се чувствува себе си сè повеќе болен. Така е и во нашиот духовен развиток.

Затоа ни е потребно да бидеме трпеливи и цело време да вложуваме сили без оглед на тоа што се кажува, ако лекартството не дејствува, тогаш на крај нема да се преполни чашата...

Одејќи во ист правец со светлината

Прашање Вообичаено за да се навлезе во текстот на Зохарот потребно е време. Како да се забрза тој влез?

Тоа зависи од особините на човекот. Мене ми е потребно од 20, а понекогаш и до 40 минути за да започнам да го чувствувам Зохарот и да се поврзам со него, да започнам да работам со него во еден здив, на негова волја.

Треба да се чита и да се чека за да се случи тоа. Но времето на подготовка не поминува џабе – тоа е голема работа, кога ти веруваш дека има уште малку Зохарот пред тебе се отвора.

Во тебе сè уште е минатиот обид и знаеш како се случува тоа, разбирајќи дека е потребно само да продолжиш и се открива секоја врска.

А благодарение на таа врска ти почнуваш да го чувствуваш Зохарот, да го чувствуваш поблизок за себе. На нас започнуваат да ни светат од него мали свеќи и текстот си игра со нас, будејќи во нас промени.

За тоа е потребно време. Тоа е времето на подготвка за потврдување на контактот со книгата – тоа е многу важно и кон тоа треба да се однесуваме со трпение, да му се посветиме толку колку што е потребно. За мене тоа е многу важно за да тоа се случи!

Јас верувам дека тоа сигурно ќе се случи и чекам и го сакам тоа. Така јас се поврзувам со книгата.

А потоа ќе почувствуваш дека пред тебе се појавува некоја слика, но ти влегуваш во морето на чувствата и внатрешните промени.

Ќе започнеш да ги преминуваш моменталните подеми и падови кога Зохарот ќе те преместува налево и надесно во духовните чувства.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica