Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Исти ноти, но различни мелодии

15.05.2011

Сите ние сме различни. Создателот ја направил желбата за наслада повеќеслојна и сложена.

Во секој човек има 613 желби кои се наоѓаат во разни комбинации, со што Создателот нè разделил и нè исправил пред голем проблем – ние не сме слични еден на друг. Никој не може да го разбере другиот, да се спореди себеси со другите, да го почувстува, да го види она што го гледа другиот. Секој е единствен, секој има свој сопствен свет и тој свет никогаш не е сличен со светот на другиот, бидејќи тие светови во секоја желба се комбинираат различно.

Од една иста нота во секого посебно се компонира сопствена мелодија, боите од иста палета во секого посебно цртаат своја слика. Како последица од ова, ние немаме сили да направиме идеална равенка, бидејќи од почеток се разликуваме еден од друг. Како да го искористиме тоа?

„Секој нека го добие она што го сака" – велиме ние. Многу добро. „И секој нека го даде она што може да го даде, а ние ќе го пресметаме коефициентот на удел". Прекрасно. Но зарем можеме да го утврдиме човечкото општество на овие принципи? Можно ли е секој да добива според своите потреби и да дава според своите можности? Бидејќи нашите желби не само што се различни, туку се и егоистични. Како ова да го реализираме во животот?

Друга е работата кога мајката му го готви на детето она што тоа го сака, притоа и во потребната количина, а како одговор бара само насмевка или „Благодарам", бидејќи сфаќа, чувствува што може да добие за возврат од нејзините деца. Меѓутоа, сите ние живееме во егоизам и секој сака да добие колку што може повеќе. Гледајќи во другите, човек го сака нивното и му изгледа дека кај нив е насладата која му недостасува, а со тоа зависта ја зголемува желбата. Ако не е нашиот егоизам, ние би свикнале еден на друг.

Поништувајќи го егоизмот, ние би можеле да се согласиме секој да добива според потребите и да дава колку што може. Проблемот всушност е во егоизмот кој побарува повеќе отколку што ни е потребно и не ни дозволува да отстапиме, да дадеме нешто и на другите.

Социјален договор за примирје

Сите ние сме егоисти. Како да се организираме во обичниот живот за да не се изедеме меѓу себе? За тоа луѓето се согласни дека сепак не можеме еден без друг. Другите нешто ќе ме услужат, нешто јас нив и без тоа не можеме. Сфаќајќи го ова, се договараме: ајде да го правиме тоа пред да западнеме во безизлезни ситуации, туку од добрина – јас ќе ти отстапам малку, а ти мене.

Како кога возам автомобил и наеднаш некој пред мене застанува – тогаш и јас морам да застанам. Некој стои пред мене во редица – и јас морам да почекам. Јас трошам време, бензин, пари на другите бидејќи така сме се договориле – за заедничко учество и треба да се плати за него. Правиме фондови за заедничка помош, здравствени фондови, пензиски фондови... Човекот сфаќа дека треба да плати за здравствениот фонд иако не е болен. Овде егоизмот ја гледа својата прилика.

Така однапред правиме постапки бидејќи сме си потребни еден на друг. Тоа е „добрината", спремни сме на одредено давање на ближните бидејќи без нив не можеме да живееме. На крај, луѓето се делат на две категории: едни се за „добрина" – сакаат да сè биде „убаво", а другите, спротивно – се држат до категоријата „правда": „моето си е мое, твоето – твое". На чија страна е вистината? На ничија.

Меѓутоа, ако секој се фаќа само за своето; – општеството се урива на делови, а ако даваме милосрдие можеме малку да ја омекнеме, да ја ублажиме ситуацијата. На крај, човековите општества во текот на историјата се разликувале едно од друго токму по овие приоди. Општеството може да биде помеко или пожестоко.

Капитализмот во чиста форма не сака да се шегува: си заработил – ќе добиеш, нема да заработиш – умри од глад. Другите сфаќаат дека ова не е излез, затоа што гладните ќе ти пријдат и ќе те ограбат, а и ќе те заколат. Треба да им се даде нешто „од милосрдие". Така човештвото се развива, но мир по овој пат нема да најде. Правдата е на страна на силните, милосрдието на страната на слабите, а праведноста е на средина, ги одржува двете тежини, за тие да можат да се менуваат. Со тоа општеството се одржува од самоуништување, но тоа не го доближува до вистинскиот мир – смирување и заемно дополнување.

Добротворство за доброто на силните

Прашање: Еден од основните пропратни ефекти од социјалната нееднаквост е разочарувањето, фрустрацијата. Како да се искористи науката кабала за да се дојде до еднаквост? После сè, пак остануваме различни?

Денес се сретнавме со многу посериозни проблеми од нееднаквоста меѓу богатите и сиромашните. Мислам дека работата не е во разочарувањето. Денес доаѓа во опасност самото постоење на човештвото. Има проблеми со енергетика, клима, чиста вода, горивото итн., а притоа стоиме на прагот на големи промени. Така што, квалитетот на животот не е на дневниот ред. Немаме излез.

Општеството секојдневно се обидува да ја омекне ситуацијата, но да бидеме искрени, истовремено со глобалната криза откриваме дека сите тие мали козметички поправки не помагаат – сиромашните остануваат сиромашни, а богатите го зголемуваат својот капитал. Просто да се зачудиш: и после толку силниот социјален развој во развиените земји, тие не можат да ни покажат добар пример.

Напротив, јазот помеѓу богатите и сиромашните не само што не се намалува, туку често пати и се зголемува, надминувајќи ги аналогните показатели во помалку развиените земји. Тоа е еден од знаците на општата криза која уште ќе се зголемува. И тогаш одеднаш ќе видиме голема сиромаштија и социјални проблеми во земјите кои отсекогаш се сметале за „демократии за пример". Поправање на ова нема.

На крај ќе откриеме дека сите напори на општествата и на организациите биле во полза на силните, на оние кои живеат според егоистичката вистина, по принципот: „моето си е мое, твоето – твое". До денес ова беше тајна, но во многу скоро време ќе се открие, заедно со социјалното пропаѓање. Меѓутоа, заедно со ова ќе видиме дека ова е само една од несреќите на општеството и дека има проблеми кои се од многу поголем размер. Глобалната опасност како да ја става социјалната на втор план затоа што на слабите секако им се дава можност да преживеат.

Малку платина за црни денови

Баал ХаСулам, "Мир во светот": Општеството може да се подели на градители и уништувачи. Градителите се грижат за доброто на општеството и затоа се спремни да го поделат својот имот со другите.

На оние кои по својата природа се склони кон разурнување им одговара категоријата на правдата, односно принципот „моето си е мое, твоето – твое". По својата природа тие се уништувачи и претпочитаат да го зачуваат својот имот и не се спремни на никакви жртви заради другите, дури и ако тоа го загрозува постоењето на општеството.

Сите „најсилни на целиот свет", претседатели на влади, финансиски магнати според својата природа спаѓаат во категоријата „уништувачи". Тие не се грижат за уништувањето на светот, тие имаат сила во своите раце и, се разбира, ќе се обезбедат себеси со сè што им е потребно при настапување на несреќа. А слабите, што можат тие да направат? Ништо. Тие се во категоријата „градители" со својот стремеж за развој на општеството.

За разлика од нив, луѓето кои имаат сила, пари и власт се спремни за негово уништување. Затоа што, за мир во општеството е потребно заемно дополнување еден со друг, со други зборови да споделуваме сè меѓусебно, но силните и богатите се категорично против ова. Напротив, човекот кој стигнал до висока функција почнува најнепримерно да краде. Би се рекло зошто? Каде со краденото? Таква е неговата природа и тој не може ништо да направи.

На пример, според вестите, бившиот претседател на Египет, Мубарак имал 19 тони платина во швајцарските банки. Зошто му било потребно толку? Таа количина би била доволна на целото негово семејство за илјада години, а во неговата земја владее сиромаштија. Тоа е само мал дел од неговите залихи, но во целина, не станува збор само за него, туку дека во светот нема владетел без скриени милијарди. Тоа е јасно. Од каде доаѓаат толку хипертрофирани барања?

Таква е човечката природа.Тоа не е едноставно нечија алчност, туку природата на работите. Човекот не може поинаку. Кој ќе го натера да дава, да се откаже од нешто свое за слабите? Зошто тогаш тој застанал над нив, ако не му е целта да им го земе и последното што го имаат?
Исклучоци тука нема. Само понекогаш, еднаш на неколку години во овој круг влегуваат чесни исклучоци, иако денес е тешко да се најдат...

Група одговорна за целото човештво

Баал хаСулам, "Мир во светот": Нашата генерација, кога благосостојбата на секој човек се обезбедува од сите држави во светот, во тој степен е потчинета на целиот свет, како што е запченикот во еден механизам. Затоа е незамисливо по мирен пат да се направи добар и среќен поредок во една земја, додека не се направи во целиот свет...

Така што, не треба повеќе да се испитува ова и да се бараат праведни гаранции за светот од една држава или еден народ. Напротив, станува збор за мир во целиот свет. Благосостојбата или лошата состојба на кој било човек пропорционално зависи од благосостојбата на луѓето во целиот свет.

Како да им се прикаже да луѓето оваа целосна зависност еден од друг? Денес гледаме дека секој сè уште вложува во себе самиот без да зависи од другите. Ние тешко ја признаваме зависноста еден од друг во семејството, во градот, во државата, а народите и државите воопшто не ја чувствуваат заемната врска која ги поврзува. Какви несреќи треба да се случат во светот за луѓето да почувствуваат до кој степен зависат еден од друг? Прашањето е отворено.

Одговорот ќе се види или по добар или по лош пат. Но мораме да ја откриеме вистината за потоа да можеме да побараме поправање, сеопшто единство. Создателот бездруго ќе се открие во битието – Единствениот во единственото. Кога меѓу сите нас ќе има совршена врска, согласно законот за сличност на својствата, тогаш во нас ќе се открие Вишата Светлина. Прашањето е како ние ќе ја откриеме потребата од таа врска?

Тоа е можно да се направи преку желбата за давање на Создателот, за Тој да се открие. Ако сакаме да Му направиме задоволство, тогаш со помош на Светлината постепено добиваме вистинска желба. Другата варијанта е сосема спротивна: се открива нашата зависност еден од друг, а ние немаме сили да направиме ништо и тогаш, на крајот од крахот, откако ќе видиме дека нема друг излез, се обединуваме.

Но, и тогаш единство нема да има додека не сфатиме дека нема да поминеме без намера за давање, сосема слободна и без никакви притисоци, кога ќе го цениме единството како такво и ќе си поставиме цел да Му пратиме задоволство на Создателот. Каков ли е овој долг и тежок пат – од страдање до осознавање на правилната форма на единството.

Многу сурова лекција која скапо ќе го чини човештвото, затоа што тоа нема да бара Светлина, нема да го открие вистинскиот пат, бидејќи нема искра која ќе покаже како да се пристапи кон работата и да се оствари единството, кое ќе привлече Светлина која пак, ќе донесе осознавање. Затоа овде е потребна посебна група, насочена директно кон Создателот, која ќе му ја даде таа насока на целото човештво. Само тогаш луѓето ќе побараат единство за да станат подобни на Создателот. Инаку патот ќе биде неиздржливо тежок.

Бидејќи, иако добиваат удари, тие не можат да сфатат зошто се потребни тие удари. А ние можеме. Под ударите добиваме ум, затоа што ние имаме точка во срцето. А човекот без точка во срцето не може да ја види целта – тој чувствува само болка од ударот и не станува поумен.

Групата е потребна и таа е обврзана да ја распространува методиката за поправање низ светот. Инаку луѓето ќе останат сосема беспомошни пред несреќите, без сили да разберат од каде и зошто доаѓаат. Тоа се гледа и по научните истражувања – научниците констатираат факти, но до решение не доаѓаат. Не можат да го разберат, немаат можност, инструменти за да го видат решението.

Затоа ние треба со голема сериозност да се однесуваме кон состојбата во која се наоѓа светот и да работиме заедно со него.

Долгиот сон на битието

"Учение на Десет Сфирот", ч.1, п.8: "Со една мисла е создадено сето создание, високи и ниски заедно, сè до сеопштото конечно поправање. И таа единствена мисла дејствува во сите и таа е суштината на сите дејствија, таа ја определува целта и таа е суштина на сите напори и таа е целото совршенство и очекуваната награда, како што појасни Рамбан за категоријата Еден, Единствен и Уникатен.

Станува збор за замислата на созданието „да се насладат создадените", со кое е создадено сè и во кое се вклучени сите битија и сите дејствија и сите нивни чувства, будењето на битијата и нивно достигнување на целосна подобност на Создателот на крајот од поправањето, како завршеток на целата таа замисла. Сето ова го преживуваат битијата како процес кој треба да се помине, бидејќи во нив се случуваат промени.

Всушност, и битијата и сите нивни дејствија, сите чувства, состојби, сите светови кои се појавуваат, сфирот и парцуфим, целиот тој процес на развој кој ни се прикажува веќе е затворен во замислата на битието, во мислата на Создателот, без која ништо не постои!

Друго ништо нема – ние постоиме во Неговата мисла, во неа го поминуваме целиот овој развоен процес. Ние живееме во Неговата мисла! Затоа, со таа една мисла е создаден, изграден светот и во неа тој ќе го достигне своето конечно поправање. Сè се состои само во замислата на Создателот, односно во односот на Светлината кон битието, на кое Таа сака да му даде добрина и да го донесе во состојба на апсолутна добрина.

Нам ни изгледа како самостојно да постоиме и да извршуваме некакви дејствија, даваме напори, се обраќаме со молитва, добиваме одговор на неа одозгора, покоруваме цели светови, парцуфим, сфирот, огромни пространства. Но, сето ова ние само си го замислуваме, според замислата на создаденото. Секако, ова не ја обезвреднува нашата работа и напори, дури и во нашиот свет кој воопшто не се смета дека постои. Баал хаСулам вели дека кога ќе ни се отворат очите, ќе сфатиме дека до тогаш ние сме биле како во сон.

Со една мисла е создадено сè

Со една мисла е создадено сè и една мисла опфаќа и вклучува во себе сè, од создавањето на битието до неговиот крај. Таму е вклучено сè што произлегува оттаму и заради нашата непоправеност ни се прикажува распарчено на делови и спротивно едно на друго, до најкрајна мерка.

Но, целото тоа распарчување и оддалечување, целиот „антагонизам" кој ги разделува тие делови и нивната спротивставеност постои само во нас самите, во нашата перцепција. Нам едноставно ни недостига единство за да ги видиме како една целина, каде што секој детал го надополнува другиот. Ако ја поправиме нашата желба и ја снабдиме со намера „за давање", тогаш тие два пола (лев и десен) ќе се затворат еден со друг и ќе се соединат на средишната линија. И тогаш за нас сите ќе се соединат во едно – и силата на Создателот и силата на битието.

Така ќе сфатиме дека сите сили на разделувањето кои нè делеа на делови биле потребни за да се открие нашето единство. Поинаку не би можеле да го достигнеме! Бидејќи предноста на Светлината се познава од темница. Предноста на Светлината – единството, давањето, љубовта се постигнува од темница, со спротивни состојби. Инаку јас нема да можам да го достигнам ова, да го сфатам и почувствувам вкусот на соединувањето.

Човекот разбира сè само во контраст од две спротивности. Затоа, во замислата на битието има само едно својство, но се вклучени две спротивности, за тоа да може да се поправи и да ги соедини во едно. Тогаш тоа ќе стане слично на Создателот. Совршенството на Создателот е во едно негово својство, во давањето. Додека битието е совршено само ако ги има двете својства – желба за примање, но заради давање. Неговата намера е давање, а како спротивност, тоа има желба да добие исполнување. И од разликите меѓу нив, тоа постигнува единство.

Затоа е кажано дека „колку поголем човек, толку е поголем неговиот егоизам". Најголемата разлика и спротивставеност се појавува пред достигнувањето на самата Бесконечност. Таму човекот чувствува бесконечно несогласување меѓу примањето и давањето, невозможност да ги соедини и да ги исполни едно со друго. Тоа го чувствува пред да го направи своето последно поправање.

Преку сите пречки и тајни

Прашање: Доволно ли е за време на читањето на книгата Зохар да се стремиме само кон единство?

Не. Баал ХаСулам пишува во „Предговорот на Учението на Десет Сфирот", т.155, дека оној што се стреми да открие, што сака да открие, кој се стреми да го спознае наученото, кон себе привлекува Светлина која ја опкружува неговата душа. Светлината доаѓа во мерка според неговиот стремеж.

„Да се стреми да спознае" значи дека јас се стремам во себе да извршам дејствија за кои е напишано во Тора. Тора е инструкција, раководење на дејството (Тора – од зборовите „ораа" – инструкција и „ор" – Светлина), како да се поправам себеси со помош на Светлината која дејствува врз мене, истовремено кога се занимавам со оваа инструкција.

Читајќи ја таа инструкција, јас се обидувам да ги распознаам во себе оние состојби, за кои се зборува во неа. Овој текст е напишан на необичен начин – за духовниот свет со земски јазик, со цел преку тајните да посакаме да распознаеме, да видиме што сака да ни каже, што претставуваат тие својства и желби кои постојат во мене. Јас морам да го откријам, да го спознаам!

Сакам практично да работам со нив! Сакам Светлината, Вишата Сила да ме издигне над мојата желба за наслада и да можам со тој материјал да работам, а не да бидам окован во него, да се идентификувам себеси со својот материјал. Сакам да се одделам од него, да го погледнам од страна и тогаш да се обидам да изградам од него некаква форма, како што детето гради кули од коцки. Ќе можам да увидам и проучам што се случува со мене. Ќе имам сила да работам над својот нежив материјал.

Потоа ќе можам да добијам сила за да работам на растителното ниво на желбата за наслада, па потоа на животинското, сè додека не создадам од себе човек. За тоа ќе треба да се издигнам на нивото од Вишата Светлина.

Всушност, така напредуваме, стремејќи се и посакувајќи да дознаеме како да се работи. Тоа стремење е обврзувачко, да се дознае како во себе да ги најдам тие внатрешни својства и да работам со нив. Јас сакам да бидам господар на своите дејствија во она што зависи од мене. Сакам да ги средам сите свои желби, а потоа да му кажам на Создателот   „Сега соедини ги и поправи ги!" Но, треба јас да ги доведам до поправање и соединување, а потоа кога ќе дојде Светлината да ги поправи, тоа и ќе се оствари.

Значи, јас молам, а Создателот исполнува, јас барам, а Тој остварува. Јас и Тој сме партнери. Затоа наша обврска е да се стремиме кон сфаќање на Тора/Зохар. Но дури откако врз мене ќе изврши влијание Светлината, јас ќе ја достигнам состојбата за да видам, сфатам и почувствувам за што станува збор.

Молитва и благодарност

Од писмото на Рабаш бр.25: „Потребно е секогаш да се оди по две патеки кои се негираат една со друга: чувството на недостаток и совршенство, односно молитвата и благодарноста".

Најважно е да се добие правилна желба. Почнуваме со мала искра, не знаејќи што всушност сакаме. Нè водат на некое место каде што се изучува кабала, а ние уште не сфаќаме што учат таму и што е потребно да се обидеме да направиме.

Но, постепено со помош на многуте познати и непознати дејствија, почнуваме да добиваме некаква претстава, чувство, знаење, си го разјаснуваме својот однос кон светот и ни станува јасно кои сме ние, што се бара од нас, каде се наоѓаме и каков е тој процес кој го поминуваме.

Така, од состојба на бессознание, од незнаење и несфаќање, од неосознаениот инстинктивен стремеж, полека преминуваме во состојба во која ни се разјаснуваат сè повеќе детали, како и причините и потребата за нив. Започнуваме дури и да ги сортираме: помалку или повеќе важни за себе, а читајќи книги, прочитаното го бараме во себе и си објаснуваме дали ги имаме тие сфаќања во нас – давање, примање, желба за давање на Создателот, дури чинејќи ни се некако вештачки и нереални. Не разбираме за каква љубов и поврзаност со другарите станува збор.

Единствено на што треба да се надеваме е Светлината која се враќа кон изворот. Сите промени на духовниот пат од самиот почеток, односно од точката во срцето, па натаму се случуваат благодарение на Светлината. Ако човек мисли дека може да направи нешто поинаку или да напредне на друг начин, тоа е голема грешка која може да го сопре на неговиот пат или да го оттргне од него.

Затоа треба колку што може појасно да ја открие за себе поврзаноста со групата: доколку не сум способен за неа, не чувствувам потреба од неа – заборавам затоа што ми е непријатно да мислам на тоа и се оттргнувам.

Да си ги разјаснам сите овие негативни работи, но да не потонам во нив, туку секогаш кога ќе ми се открие нешто такво, да се издигнам повисоко од него. Дури и ако навистина не можам да го победам тоа отфрлање и не го искористам за работа, не е страшно. Важно е да се почувствува во некој момент и да не се застане, туку да се продолжи напред.

Во тие мои напори за напредување, без разлика на одвратноста, оттргнувањата, непријатностите, се наоѓа некакво барање, молитва која ја привлекува Светлината околу мене. Под влијание на Светлината мојата омраза станува сè поконкретна и одредена и јас почнувам сè повеќе да сфаќам што и зошто не прифаќам и мразам.

Односно, почнувам да се запознавам со својата природа. Всушност, ние секогаш се проучуваме себеси во однос на некаква сила, која се нарекува Виша Светлина. Ние не ја проучуваме самата Светлина, туку себеси врз основа на таа Светлина, не ја чувствуваме Неа, туку својата спротивност од Светлината и во тој степен достигнуваме спремност за молитва, за барање.

Затоа ни е потребно да ги поправиме своите недостатоци, да се издигнеме над нив и без оглед на нив, да одиме напред. А за да одиме напред, нашето барање за Светлина станува сè поопределено и насочено. Така Светлината ја исполнува својата мисија и ја открива егоистичката желба „лошиот почеток" во нас. Јас таа желба сум ја чувствувал и порано, но не сум знаел дека е лоша, а тоа се бараше од мене да го сфатам.

Сето ова предизвикува Светлина која ја зголемува желбата во нас и по количина и по квалитет и на тој начин нè помрднува нанапред.

Од утринската лекција - 15.05.2011   Следете на  Каб.тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica