Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Кабалата и седумте надворешни науки

21.02.2011

Науката кабала говори за духовниот свет, за силите кој дејствуваат во Природата. Тие сили влијаејќи врз материјата на нашиот свет, содаваат во него секакви ликови – целата Вселена со сè што ја исполнува: неживото, растителното, животинското, луѓето.

Но ние сето тоа го гледаме на својот екран во задниот дел од мозокот, и затоа ни се чини дека тоа се наоѓа пред нас. Така ние си ја замислуваме реалноста. Затоа науката кабала се одделува од целата таа лажна слика, иако таа слика ни помага да ја сфатиме длабочината на созданието, неговите намери и карактерот на Создателот.

Но, всушност науката кабала учи како да се премине од надворешната слика кон внатрешната, вистинска состојба, каде што остануваат само двете сили – силата на Создателот и силата на суштеството. Секоја од нив е поделена на уште повеќе делови, одделни сили, дејства. Но, всушност станува збор само за силата: желбата да се прима, желбата да се дава и за она што се одвива меѓу нив – во тоа е целата наука.

Ако се зборува за заемното дејство на тие две основни сили – се добива науката кабала. Ако пак се зборува за различните последици од нив на разните нивоа на материјата: неживото, растителното, животинското и во човекот – се добиваат науките на овој свет. Се разбира тие науки се вистинити, бидејќи ни даваат знаење за надворешното однесување во кое се манифестира дејството на тие две внатрешни сили. Но, тие науки се многу ограничени и можеме да се потпреме на нив само во рамките на нашиот ограничен свет.

Се испоставува дека науката кабала која ни ги објаснува двете основни сили кои дејствуваат внатре во Природата е основа за сите други науки. И не само на природните науки кои ја изучуваат Природата, надворешниот свет: физиката, хемијата, биологијата, зоологијата и т.н., но и на тие кои се однесуваат директно на човекот: музиката, танцувањето, цртањето. Сето тоа исто така спаѓа во "седумте основни надворешни науки", затоа што ни дава знаење за начините на воспримањето, чувствувањето на својот свет од страна на човекот.

На кој начин зборот доаѓа до душата

"Јазикот на гранките" може да биде многу корисен ако ние се наоѓаме истовремено во двата паралелни света. Тој ни објаснува како поефективно да ги употребиме предметите од нашиот свет, за преку нив да влијаеме врз другите луѓе и да ги пробудиме за поправка. Кога би ја знаел точно природата на човекот и сите предмети кои ми се на располагање, можеби би можел да го пробудам целиот свет за поправка!

Точно би знаел какви филмови се потребни за тоа, какви текстови, посебна музика – имајќи ги предвид нивните души и силите кои сакам да ги активирам внатре во тие души согласно со нивната внатрешна структура, која ми е позната.

Но, бидејќи тие сé уште не го разбираат обраќањето на нивото на душите и внатрешните сили – јас го пренесувам тоа во друга област, на ниво на нивниот материјален слух и чувство на допир, и во музикалните инструменти. На таков начин кај мене се создава можност да извршам влијание врз нив. Со помош на такви надворешни интрсументи јас можам да ги пробудам во нив внатрешните сили за кои тие самите не знаат.

Тоа ќе изврши влијание врз нив преку надворешниот слух, преку музиката и постепено ќе ги пробуди во нив внатрешните сили. Бидејќи човекот е интегрален систем во кој се соединуваат материјалното и духовното. Врз него може да се влијае со материјални средства, но со намера да се изврши влијание на внатрешно, духовно ниво. На таков начин можеме да го доведеме во вибрации, во резонанса, и да добиеме реакција во слоевите за кои тој самиот не знае – преку слушање на музика и други надворешни влијанија.

Токму така ние се пробудуваме себеси преку читање на кабалистичките книги: Зохар и "Учението на Десетте Сефирот", зголемувајќи ја нашата чувствителсност кон Светлината која враќа кон Изворот. Бидејќи таа Светлина не се наоѓа на материјалното ниво.

Но, кабалистите направиле така, за да преку тоа надворешно влијание врз моето уво и око јас добивам внатрешно влијание, ако сум подготвен и сакам да го добијам токму тоа. Затоа ако се дознаат врските на корењата со гранките на нивоата на двата паралелни света: духовниот и материјалниот – еден наспроти друг, тогаш може да се пробуди целиот свет за поправка. Впрочем ние токму така дејствуваме, само не со толкава сила како што тоа го прават авторите на Зохар.

Да научиме да зборуваме на два јазици

Прашање: Ако кабалата е основа на сите науки, треба ли на детето прво да му се даде нејзиното знаење, а дури потоа да го учиме на сите други науки?

Детето прво треба да се запознае со својот свет. Но веќе од млада возраст, од шест години ако не и порано, може полека да му се објаснуваат поимите на науката кабала. Децата можат да го воспримаат тоа знаење паралелно со науките на нашиот свет исто така природно како што лесно запомнуваат неколку јазици. На ист начин ние можеме да им ги објасниме двата јазика на воспримањето на реалноста: внатрешниот и надворешниот. Тоа ќе биде лесно научено од нив и ќе влезе во основата на нивното воспримање како навика инсталирана во детството.

Треба да се објасни дека во светот дејствуваат две сили. И сè што ние го гледаме со нашите материјални очи – се слики кои се создаваат во нашите сетилни ограни како последица на заемното дејство на овие две сили. Тогаш детето ќе може да ја разбере внатрешната суштина на секоја појава која ја набљудува. Секој предмет: маса, стол, човек, автомобил, авион – може на крај да се расчлени на комбинација на овие две сили: примањето и давањето, и да се разјасни зошто таквата нивна посебна комбинација создава во нас токму таков лик на материјалниот предмет.

Тогаш тоа ќе сфати што може од него да добие и како да го искористи за да со негова помош постигне некои материјални или духовни вредности. Бидејќи ќе го знае местото на тој предмет во целокупната реалност, што е од голема важност.

Интернет машината засега работи напразно

Интернетот – е многу моќно средство за откривање. Ние гледаме што се случува во светот, со каква брзина тој ја пренесува информацијата, небаре вируси, поврзувајќи ги луѓето и државите меѓусебно. На крај тој ќе ја открие својата празнина и ќе се дознае дека сите надежи и инвестиции вложени во него не се оправдани. И тогаш што ќе прават луѓето?!

Токму тогаш треба да им помогнеме да дознаат што се крие внатре во оваа виртуелна поврзаност, од која тие очекувале да добијат секакви наполнувања во вид на знаење, наука, моќ, почит, взаемно влијание, запознавања, различни видови на комуникација. Сето тоа наеднаш ќе се испразни и целата интернет-машина ќе работи напразно, сé додека сосема не застане, луѓето ќе изгубат интерес за неа и ќе престанат таму да влегуваат.

Интернет компаниите ќе измислуваат секакви нови програми и игри и ќе ги нудат бесплатно, само за да влезеш – но никој нема да посака, ќе настапи заситување. Нашата желба расте, и тоа веќе не квантитативно, барајќи сé повеќе и повеќе – туку расте квалитативно. Но тој квалитет веќе е невозможно да се обезбеди со технички изуми – тоа е потреба за внатрешна поврзаност. Интернетот ќе нè замори со материјалната комуникација и ние ќе сфатиме дека ни е потребна внатрешна поврзаност меѓу сите.

Меѓутоа интернет мрежата може да ја обезбеди само ако ние ја користиме со надеж да ја извлечеме од неа силата која нè соединува. Тогаш интернет мрежата ќе стане слична на нашиот кабалистички час, кога седиме заедно, читаме и сакаме со тоа заедничко читање да ја привлечеме силата која меѓусебно ќе нè поврзе. Таква мрежа ќе треба да изградиме внатре во постоечкиот интернет. Самата мрежа веќе постои, само треба да се смени приодот кон неа – односно да се поврзуваме за да ја пробудиме внатрешната сила, која се наоѓа во нашата поврзаност.

Надворешните модеми и поврзувачките кабли се само материјално изразување на нашата желба за соединување. Тогаш ние ќе ја откриеме таа поврзаност! Мислам дека тоа ќе се случи многу бргу, во наредните 1-3 години – ние многу бргу се движиме кон тоа.

Од утринската лекција - 21/02/2011  на  Каб. тв од 02:00 до 05:00

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica