Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Како да се прима управувањето на Создателот

14.10.2010
Од страна на Создателот не се случуваат никакви промени. Се` се менува во нас, постепено, со помош на решимот, кои се засилуваат од лесните кон потешките. На таков начин ние, чекор по чекор, учиме правилно да се однесуваме кон тоа, што го чувствуваме. Сите лекции на животот – тоа се лекции на правилното однесување кон Вишото управување. Целата природа се развива по скалилата "неживо", "растително", "животинско", "човек". На секое скалило, пак, постојат истите тие 4 скалила на развитокот. На скалилата на развитокот 1,2,3 од нивото "човек" – ние не сме подготвени да ја примаме идејата за причинскиот фактор на развитокот. Тоа скалило се карактеризира со отсутство на прашањата, вишото управување за него постои само во вид на религија. Но постои 4-то ниво на развитокот во нас, кога во човекот се пробудуваат решимот кон Изворот, кон Создателот. Всушност, од време на време тој се исклучува од тоа, " заборавајки" или "потпаѓајки" под влијанието на тревогите или насладувањата. Но со помош на опкружувањето му се дава можност да се поврзе себеси со Вишото управување, без оглед на никакви споредни влијанија/пречки. Тогаш човекот ги споредува пречките со Создателот, кај кој исто така може да се бара исправување, а не добро, поништување на пречките. Ако човекот си претставува себеси, дека постои причина во светот, судбина, некој, кој му причинува зло, а некој друг може да му прати добро – тој човек се поклонува пред две "божества": се плаши од лошиот и го моли добриот. Така обично се случува и со луѓето – и обичните и религиозните. Сите овие фази на развитокот на односот кон вишата сила треба да го доведат човекот до состојба, во која "Не постои никој, освен Создателот". Тоа формира апсолутно поинаков пристап кон управувањето: излегува, дека двете сили, и лошата и добрата, произлегуваат од истиот Извор.

Значи, треба да некаков начин да се оправдуваат несреќите, бидејки не може, нели, од добриот Бог да доаѓа нешто лошо. Тоа го доведува човекот до заклучок и разбирање на тоа, дека не постои поделба на две сили: добра и зла – едноставно Создателот се однесува кон него, како татко кон синот, и го обучува со секој чекор. Така во неговиот живот се открива Вишото управување – воспитување, кое тој го добива од Создателот. А му помагаат во тоа – опкружувањето, другите "деца" во истата "детска градинка", под покровителство на истиот Воспитувач. Сите ние заедно си помагаме еден на друг и се зацврстуваме во правилниот однос кон Вишата сила, која управува со нас и не учи да станеме големи, за да ја спознаеме.

Да се одговара со постојаност на постојаноста.


Постои желба, во неа – решимот. Желбата е потоната во морето на вишата светлина. Светлината претставува константна величина, на промени се подложни желбата и решимот. Генерално, мене ми е неважно, како точно и во кој степен тие се менуваат. Бидејки јас и онака не го гледам општиот процес, не ја знам последователноста на развитокот на заедничкиот систем на душите, дел од кој сум и јас. Главно за мене – е одговор на непроменливоста на Вишото управување, да ме насочува со "пречки" кон целта, да го задржам истиот постојан однос кон Него. Во таков случај ние, јас и Создателот, се наоѓаме во спојување. Јас разбирам, дека Создателот е добар и прави добро и го поддржувам во мене тој однос, без оглед на многуте промени, како чамецот за време на бурата. Над сето, што во мене се одвива, јас го изучувам Неговото управување. Тој ги менува во мојот свет сите параметри, надворешните и внатрешните, а јас манифестирам решителен стремеж кон Него, на истиот пат на непроменливото добро, во спојувањето – за да "не очајуваш во милосрдието, дури ако мечот ми виси над главата". Така јас јас спознавам Неговата природа врз себеси.

Решимот се одвиткуваат во мене, кревајки ме по скалилата, по кои ние се спуштивме од светот на Бесконечноста, и над секое решимо, над секое скалило јас повторно и повторно се спојувам со Создателот. Притоа, на секое скалило јас морам да се искачувам, чувствувајки совршенство и радост, иако внатре во мене – можеби е страдалничка, испразнета желба, или наполнета со духовни насладувања. Страдањето и празнењето или наполнувањата и насладувањата – се чувствуваат, но целиот јас сум над нив, затоа што сум задлабочен во давање. Внатре – омраза и престапи, но над нив јас се кревам во давањето. Јас не обрнувам внимание на својата желба. Нека таа биде празна, нека е исполнета со одвратност или, напротив, со вишата светлина – јас се грижам само за тоа, за над сето тоа да изградам непроменлив однос кон Давателот. Токму во тоа се состои нашата работа – цело време да се стремиме и да се обраќаме кон Него над сето, што се случува внатре во нас. Јас ги ценам своите желби, во кои се разбудуваат решимот, - бидејки без нив јас не би можел да формирам однос и да се спојувам со Создателот. Но самата работа се врши погоре – таму јас ја градам средната линија, екранот.

Од утринската лекција /14.10.2010

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica