Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Кога ќе падне ѕидот помеѓу нас

16.11.2010
Тебе ти се открива злото, кое не ти дава да влезеш во духовното, небаре ѕид што се испречува пред тебе. И ти сам не можеш да го пробиеш – само заеднички. За тоа ние треба да се обединиме во група – единствено слободно дејство, кое сме способни да го извршиме. И собирајки се заедно, потребно ни е да ја привлечеме кон себе силата на Создателот и со нејзина помош да го пробиеме ѕидот! Јас стојам пред истиот тој егоистички ѕид, но веќе не сам, туку со многу точки во срцето, соединети заедно, и наречени "кабалистичка група". Тоа е огромна сила, која лесно може да го скрши ѕидот. Бидејки соединувајки се – ние го откриваме внатре во нашето соединување Создателот, затоа што без да го привлечеме Создателот, ние не можеме да се соединиме!

Јас се обраќам со молба кон Создателот, и Тој ме соединува со останатите. И другиот исто така се обраќа кон Создателот со истата молба, и се соединува. Така ние ја внесуваме помеѓу нас силата на Создателот, кој не обединува, и со таа сила го кршиме ѕидот! Бидејки овој ѕид не е некаде однадвор – тој е помеѓу нас! И работејки на своето соединување со останатите, ти, всушност, се подготвуваш себеси за тој пробив.

Што значи излегувањето на народот на Израел од Египет? Тие се соединиле со таква сила, што ѕидот се срушил – тие се кренале над својот егоизам. Токму тоа се нарекува бегство од Египет. Нема никакви надворешни ѕидови. Ѕидот се открива, покажувајки ни дека ние не сакаме да се соединиме еден со друг. Токму тоа претставува откривање на ѕидот помеѓу нас. Сега доведи го Создателот, Тој да го скрши, и повеќе ништо не е потребно! Главно, да продолжиме и да не мудруваме премногу. Нашата основна работа се одвива во скривањето, неосознаено – тоа е етапа на подготовката.

Затоа, главно е да се работи според методиката, иако ни е се' јасно, како што на детето не му е јасно, на каков начин тоа расте. Ѕидот се наоѓа помеѓу нас, и нашето единствено слободно дејство е насочено против него. И човекот може да работи на тоа соединување, дури следејки ги лекциите дома преку телевизија. Бидејки ние не се соединуваме еден со друг со окови и метални синџири.Тоа не е физичко соединување, туку според внатрешната желба. Затоа, наоѓајки се далеку од центарот, јас можам да се присоединам, исто како да се наоѓам во него. Оддалеченоста не одредува ништо.Само желбата и лојалноста на целта!

Истиот тој ѕид, кој ние го чувствуваме помеѓу нас, на крај ќе се претвори во лепак, кој ќе не' поврзе еден со друг. Истиот тој Фараон, кој стои помеѓу нас – ќе се претвори во Создател. Тоа значи, дека ние бегаме од Фараонот и доаѓаме до откривање на Создателот. Ние не се преместуваме на друго место.Ние секогаш работиме внатре во групата, но наместо разбивањето и одделувањето,го откриваме поврзувачкиот лепак и соединувањето. Тоа е чисто психолошки проблем, преку кој ние преминуваме, и наеднаш целата тежина се претвора во сила на соединување, ангелот на смртта – во ангел на Светоста, гробот – во мајчинска пазува!

Еден ѕид за сите и еден "балван"

Кога по пат би ни се откривале духовните наполнувања, како што сите молат – тоа би ја пригушувало нашата желба кон духовното. Тоа е најголемата препрека на патот. Затоа мене ми го откриваат ѕидот, кој го препречува мојот пат. Јас стојам пред ѕидот, предвкушувајки, дека позади него ме чека нешто необично. Но треба да се разбере, дека ако ми откриле таков ѕид – значи јас сум веќе наоружан со соодветна сила за отпор, за да не го напуштам продвижувањето, туку да се пробијам преку него. Иако јас не можам да се пробијам наеднаш, од еден обид, и потребно е да се извршат неколку удари додека не го срушам – ѕидот ќе пука, и конечно ќе падне. Но кај мене веќе постои потребната сила за пробив, силата за напад, инаку не би ми го покажале овој ѕид. Ако сега ни го откриле ѕидот, испречен пред нас, кој се наоѓа внатре во нас, во нашите срца – тоа е знак, дека ние сме способни да го пробиеме. Инаку тој не би се открил, бидејки "не се ставаат препреки пред слепиот".

Мене ми се чинеше, дека ние сме подготвени да го совладаме, и затоа ние направивме чекор кон соединувањето. А сега треба само да се сплотиме во учењето и останатата работа, и постепено да ги собереме по ситни делчиња сите наши напори во една заедничка пробивна сила – за можеби повторно да откриеме, дека таа сила е недоволна за пробивот и потребно е уште повеќе да се обединиме. И така одново и одново, ќе собираме се повеќе сили и ќе го зголемуваме притисокот, се додека ѕидот не се сруши. Тоа е веќе завршната етапа на излегувањето од Египет, самиот крај – затоа тоа многу не радува.

Проблемот е, што сега овој ѕид е почувствуван од секого во самиот себе – а нам ни е потребно да го почувствуваме како заеднички, и во иста мера ние ќе ја почувствуваме како заедничка силата, со која се обидуваме да го пробиеме овој ѕид. Наспроти ѕидот ќе стои веќе не еден човек, туку група. Како при бегството од Египет – една заедничка ноќ, еден Фараон за сите, една несреќа, едни заеднички казни за народот на Израел, кој се обединил, како еден човек со едно срце. За никој веќе не се зборува поодделно, сите се соединуваат заедно – и така треба да се почувствува групата.

И тогаш, без оглед на тоа, дека ѕидот ќе ни се причини премногу висок – ние ќе станеме посилни од него. Затоа што, кога се соединуваат човек со човек, ние откриваме, дека помеѓу нив недостасува Создателот, и без Него ние не можеме да успееме! Токму Тој ќе биде силата на пробивот, која ќе го пробие ѕидот. Ќе ни помогне самиот Фараон, бидејки токму тој го прогонува народот на Израел од Египет, а потоа ги следи и ги насочува, како што пишува во Зохар. А човекот секој момент се подготвува да се врати назад – но Фараонот ги исфрла од Египет, тој е верен помошник на Создателот.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica