Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Кому му е доверена поправката?

Прашање: Кога говориме за народот на Исраел, за евреите, на кого конкретно мислиме?

Одговор: Учениците на Аврам, кои заедно сo него излегле од Вавилон, се нарекле себеси „Исраел” – што значи: „директно кон Создателот” (јашар-Ел). Исто се нарекле и „јудејци” (јехудим) – од зборот „единство” (ихуд), затоа што сакале да се соединат. Се нарекле исто и „евреи” (иврим - עברים) – од зборот „премин” (маавар - מעבר), бидејќи сакале да преминат од скалило на скалило. Сите називи се даваат според векторот, според стремежот. Генерално, постои желба за примање. Мал дел од неа се нарекува „Бнеј Барух” (BB). Друг, поголем дел, се нарекува „народот на Израел во земјата Израел”. Уште поголемиот дел се нарекува „народот на Исраел во прогонство”. И конечно, има дел, наречен „народите на светот”. Во делот „Бнеј Барух” спаѓаат тие што поседуваат точка во срцето, искрата. Двата дела на „народот на Израел” – сега засега се луѓе без точката во срцето. Да не зборуваме за тоа, дека точката ја немаат ниту „народите на светот”. Меѓутоа кај оние, кои што „се наоѓаат во земјата Исраел” постојат решимот од точката во срцето, која ја имале порано, но сега е скриена. Врз нив се врши надворешен притисок. Што се однесува на „народот на Израел во прогонство”, тие поседуваат решимот и се изложени на притисок од поинаков облик – антисемитизам.

Кај „народите на светот” точката во срцето е скриена уште подлабоко. Таа се појавила благодарение на мешањето, кога искрите на давање навлегле во секој сад за примање – со исклучок на сосема последниот дел од заедничката желба, која се нарекува „камено серце”. Тоа се, како што се вели „штетници над штетниците”. Таква поделба може да се изврши на материјалното ниво. Од духовна гледна точка, на „Бнеј Барух” припаѓа секој човек со точка во срцето, независно од тоа, на кој народ тој припаѓа во материјалниот свет. Слично, како што било во Вавилон, човекот влегува во група, само ако се стреми кон целта на создавањето. Значи, ние се однесуваме кон реалноста според вавилонскиот принцип. Соодветно на тоа, луѓето со точка во срцето чувствуваат дека се обврзани да се поправат себеси и светот. Но оние кои што не сакаат да ја признаат својата должност, без оглед на решимот кои што постојат во нив, чувствуваат надворешен притисок во облик на антисемитизам или закана за егзистенцијата.

Денес светот ги нарекува луѓето „јудејци”, „евреи” според надворешните, национални одлики. И тие луѓе се задолжени да ја извршат својата задача. Должноста за поправка ја имаат сите, кои припаѓаат на категоријата „Исраел”, на потомците на синовите на Вавилон, кои поминале преку циклуси во текот на историјата. Дури ако таков човек на сака да се поправи, не посакува единство – никој не го ни прашува. Во неговите гени е втемелено решимо, пробудено уште во Вавилон, и тој мора да го реализира. А ако не го реализира, целиот свет ќе бара од него поправка на делот што недостасува. Луѓето само ќе изреагираат при отсуството на наполнувањето, кое тие требало да го примат преку него. Колку и да е, ако е „добар” во нашиот свет, тоа нема да му помогне. Неговите добри дела нема да се земат предвид, бидејќи тие укажуваат само на едно: тој не го прави она, што  мора да го прави. Зошто ни се потребни твоите научни и медицински откритија? Ние од тебе бараме сосема друго – го бараме најважното.

Од утринската лекција, 23.11.2012, на  Каб.Тв

Реалноста се составува од дејства

Баал ХаСулам, „Суштината на науката кабала”: Како што не ни е дадено да ја постигнеме суштината на Вишата сила на управување, во ист толкав степен не ни е дадено да ја достигнеме суштината на суштествата, создадени од неа. Дури и материјалните нешта ние ги постигнуваме само од познанство со дејството, кое предизвикува во нас реакција, како резултат на средбата на нашите сетилни органи со дејството.

Ние го достигнуваме Создателот според принципот: „дојди и види”,„Бо - ре“. Јас не знам, во што е суштината на Давателот, но можам да „дојдам и видам”. За таа намена јас извршувам одредени дејства, и благодарение на нив се запознавам со Создателот, како што е речено: „од дејствата Твои Те спознаваме Тебе”. Целата реалност, сите Негови дејства и манифестирања, се откриваат благодарение на нашата поправка, и како последица на тоа, ние го забележуваме Него во нашите чувствувања. Јас сето тоа го воспримам во своите садови-желби. Токму таму за мене се манифестираат сите појави, вклучувајќи Го и Создателот. „Создателот” е највисокото скалило, кое јас можам да го достигнам, тоа е давање, љубов, која владее во целокупната реалност. Јас го откривам Законот за насладување на суштествата, Добриот и Тој што прави добро на сите. Јас ја следам таа појава, што владее во сите садови. Во сите свои делови, во сите мисли и желби јас гледам, постигнувам, дека Тој е првиот, исконскиот.

Се испоставува, дека уште пред да почнам да разбирам, да достигнувам, да чувствувам, постоело нешто, што ги определувало моите мисли, желби и дејства. Но како е тоа можно: прво јас тоа го достигнувам, а потоа откривам, дека Тој постоел пред тоа? Зарем такво нешто е возможно? Да. Во самото дејство јас ја откривам Неговата вечност. Значи, сè произлегува само од дејствата. Во духовното јас не можам да го разликувам она што не се движи, не дејствува.

Од утринската лекција, 23.11.2012, на  Каб.Тв

Да се сфати, за да се разбере

Мојот разум и моето чувство, сите мои изразувања, раката што пишува, ушите што слушаат - сè во мене е изградено соодветно на овој свет. Со мојот сегашен слух, јас не можам да го слушнам пеењето на ангелите. Можеби некој и го слуша, но во тој случај тој е болен. Јас сум ограничен со одреден опсег на воспримање и не можам да излезам надвор од неговите граници. Соодветно на тоа, јас не можам да го изразам она, што не го чувствувам – појавите кои остануваат надвор од моите сетилни органи. Да речеме, јас се инспирирам од идејата за духовниот свет, во мене нешто се случува, нешто испливува, нешто избувнува... Но како тоа да се изрази? Сакал -не сакал, јас применувам зборови – аналози, со кои се опишуваат сличните појави. На пример, јас раскажувам за подемите и паѓањата во расположението, во однос на нешто, во физичката состојба – но никако за вистинските, духовни подеми и паѓања.

Ние секогаш ги земаме зборовите од нашиот свет, затоа што немаме други. А и да користиме други зборови, на пример АВАЈА (הויה), за нас е тоа „мантра”, таен код. Во нашиот свет нема аналози на такви духовни термини. Кабалистите дошле до нив, кога достигнале соодветни духовни појави и виделе дека нивните гранки не достигнуваат до нашиот свет. Тука нема Виша сила (Елоким), нема „ангели”. Така, јас морам да ги наречам со имиња на соодветните сили, или да им дадам називи, што не потекнуваат од вистинското воспримање. И тогаш јас ги земам тие називи од заемната поврзаност на Светлините и садовите. На пример, јас велам: „Бог е милостив, милосрден и снисходлив...” Што изразувам јас со сличните опишувања? Своите емоции: плачењето или смеењето, радоста или тагата. Тоа се моите чувства, доживеани во духовната состојба, и јас барам за нив соодветен материјален израз. Тој израз се пројавува во нашиот свет, откога неговиот духовен аналог го поминал патот преку сите светови – од коренот до гранката.

Прашање: Дали „шестото сетило” врши некакво влијание врз воспримањето на другите пет сетила?

Одговор: Ако горе, во коренот, јас го достигнувам резултатот на својата работа, тогаш долу го разбирам тоа што се случува во гранката. Од корените кабалистот ги гледа гранките и ги согледува причините на сите појави во нашиот свет. „Во почетокот, пишува Баал ХаСулам, во статијата „Суштината на науката кабала”, - треба да се достигнат духовните корени, какви што постојат во духовното, над секоја имагинација – меѓутоа со чисто достигнување. А кога човекот самиот јасно ќе ги достигне Вишите корени со лично разбирање, тој може да гледа на конкретни гранки во овој свет, и да знае во каква корелација  е секоја гранка со својот корен во Вишиот свет според сите квантитативни и квалитативни карактеристики”.

Од утринската лекција, 23.11.2012, на  Каб.Тв

Домот на  Аврам

Рамбам, Мишна, Тора, закони за идолопоклонството: „На возраст од четириесет години Аврам го дознал својот Создател, и станал, гласно го повикал целиот народ, сакајќи да ги извести луѓето за тоа дека постои еден Бог во целиот свет и Нему треба да Му се служи. Собирајќи ги луѓето, тој одел од град во град, од царство во царство, сè додека не му се приклучиле илјадници и десетици илјадници. Тоа се луѓето од домот на Аврам. Тој засадил во нивните срца голем корен и за тоа напишал книги. И таа основа се зацврстувала меѓу синовите на Јаков и меѓу тие што им се приклучиле, и во светот се создал народ, кој што го спознал Создателот.

Ова се изворите, основата на еврејскиот народ. Пред околу триипол илјади години Аврам, еден од древно вавилонските свештеници открил дека со сè управува Вишата Сила, која е добра и прави добро. И нејзина цел е да го доведе целиот свет, сите луѓе до спојување со Неа, и секој да почувствува, дека припаѓа на сите, дека целокупната реалност е приклучена кон него. Со тоа човекот се искачува на скалилото на Вишата Сила. Секој тоа го достигнува, соединувајќи се со сите во една целина. Оваа метода се нарекува наука кабала (буквално – наука за примање), бидејќи човекот работи со својата желба за примање, со единствениот материјал на светот, на творението. Нема на што друго да се базираме. Постојат и други причини за таквиот назив: на пример, кабалата објаснува, како да се прими откровението на Создателот.

Значи, Аврам спровел во Вавилон голема работа на дисеминација, и луѓето, кои му се приклучиле, се нарекуваат „домот на Аврам”. Со нив тој бил принуден да излезе, да избега од Вавилон, бидејќи бил подложен на закани и омраза. Илјадници ученици тргнале со него и стигнале до Ханаанската земја. Од тогаш, таа група се соединувала според законот на љубов кон ближниот како кон себеси, и постепено, чекор по чекор, напредувала по духовниот пат. Материјалот на желбата за примање, над кој се поткренале учениците на Аврам, напуштајќи го Вавилон, секој пат станувал сè повеќе насилен, егоистички – а тие се сплотувале над него сè повеќе и повеќе. Од скалилото на Аврам тие се искачиле на скалилото на „Исак”, - т.е. ја откриле левата линија, лошите односи. Но сепак тие успеале да го надвладеат тоа, првично сфаќајќи дека тоа што им се случува е предизвикано од дејството на единствената Сила, Создателот, дека Тој ги расте, дека не постои никој освен Него, и нема друга цел, освен спојувањето. Сите дејства се насочени кон тоа, и ако човекот го задржува правецот, ако правилно ги прифаќа обраќањата на единствената Сила и правилно реагира на нив, тогаш напредува во пресрет на спојувањето.

Следбениците на Аврам ја продолжиле работата врз желбата, и откриле, дека засега е невозможно да се искористат силите на „Исмаил” и „Исав” во човекот, и се кренале на скалилото на „Јаков”. Од него произлегло скалилото на „Јозеф” – тоа е веќе средната линија, основа, (Јесод), почеток на правилниот однос, правилниот пристап кон реалноста, кон поправката, сè додека човекот не ги разбира, и не ги собира во себе овие нешта. Тогаш тој навлегува во уште полошо и потешко скалило, што се нарекува „египетско прогонство”. Тука му се откриваат уште поголеми желби и мисли, уште поголема конфузија – и така човекот го продолжува патот. Неговиот егоизам расте, а тој се труди да ја извршува својата работа, сè додека таа работа стане неподнослива до степен, кога тој повеќе не е способен да се придржува на принципот „не постои никој освен Него” и да се движи напред. После „четириесет и девет врати на светоста” тој застанува на прагот на „педесеттата врата на нечистотијата” – се наоѓа пред опасноста на целосно одвојување од целта, и од патот кон спојувањето. Тогаш со последните сили тој моли за помош и со тоа заслужува, добива подем над својот егоизам – „излегување од Египет”.

Но и тоа не е доволно. Сега тој треба да работи врз соединувањето на сите делови, кои порано ги поправал по ред, треба да ги соедини сите тие периоди. Поинаку речено, човекот стои пред планината Синај... Значи, внатрешната работа се манифестира исто така и надворешно – во групата. Во тие времиња синовите на Исраел ги поминувале тие состојби и на материјално ниво, освен на духовното. До уништувањето на Храмот гранката и коренот биле споени едно со друго. Така, ние во денешно време, треба да ги прифатиме сите овие нешта, да го поправиме разбивањето, и да се вратиме кон поправената состојба, слично на истата таа група, истите тие закони. Тогаш ние ќе дојдеме до спојувањето и ќе ја оствариме целта. Во таа смисла, и ние исто така се нарекуваме „синови на Аврам”, „дом на Аврам”.

Од утринската лекција, 23.11.2012, на  Каб.Тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica