Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Кон бесконечноста - по скалата на решимот

 

02.06.2010


Прашање: Зошто, од кога сме почнале со изучувањето на Зохар кај нас се случуваат толку многу искачувања и падови, и многу силно се изразени?

Ние сега навлегуваме во процес на исцелување, ослободување и затоа чувствуваме такви варирања на состојбите. Секој пат кога јас чувствувам подем и паѓање, - тоа е знак дека дека го реализирав тековното решимо. А колку имам решимоти – јас не знам. Но сите нив јас морам да ги поминам едно по друго, и невозможно е да прескокнам или пропуштам ниту едно од нив. Јас морам да ги реализирам сите на својот пат, по низата решимот од тука до бесконечноста.

А патот од тука до Бесконечноста – тоа е патот на моето соединување со другите души во една целина, за да го пронајдам таму само Создателот. Затоа сите состојби кои ги поминувам, - тоа се знаци на реализација на моите решимоти. И затоа, со што поголема брзина човекот ги чувствува промените - толку подобро. Најважно е да се продолжи.

Тука ние треба да делуваме над разумот. Треба да постои точно одредено време за обучување, за распространување, работа во групата, обединување со пријателите. Во текот на денот не треба да ја забораваме нашата цел, треба да си напомнуваме за неа или со ѕвончето на будилникот, или со порака по телефон, да се искористат сите средства што ни се на располагање, кои помагаат да реализираме уште малку решимоти, едно по друго, - и така "паричка по паричка се собира голема сметка".


До кое скалило треба да се искачи човекот


Секоја душа исправувајки се ја подобрува состојбата на заедничката душа и со тоа им помага на сите останати да се исправат. Во исто време и да ги додаде своите исправувања во заедничката душа.


1. Секој треба да го реализира коренот, суштината на својата душа, т.е. да го доведе својот духовен ген (решимо) до своето лично конечно исправување (Гмар Тикун прати).


2. Твојата лично конечно исправена состојба – тоа е твоето целосно вклучување во заедничката душа на Адам Ришон.


Што претставува заедничката душа Адам Ришон – тоа сум целосно јас или јас сум дел од неа?

Заедничката душа – тоа сум целосно јас,а сите останати се веќе исправени. Ја ги земам од нив желбите кои треба да ги наполнам. Како да сум еден мал орган на телото, кој е должен да го му обезбеди на целото тело, на сите негови делови својот дел, својата работа. Затоа целото тело се открива во однос кон мене само во таа мера, во која јас го исполнувам. Например, јас сум дел од крвниот, лимфниот или нервниот систем – и затоа јас ги откривам деловите на организмот кои спаѓаат во тој систем.

На таков начин јас го откривам целиот систем на Адам Ришон во однос на себе си. Ја припојувам кон себе целата огромна желба на заедничката душа и станувам во однос на другите како мајка, ЗАТ де-Бина, како "крава која сака да нахрани". Зошто јас сум должен да ги наполнам со плодовите на својата работа. Затоа, кога ги припојувам кон себе сите нивни желби, кои не се наполнети поради тоа што јас не си ја довршив својата работа и оставив во секоја од нив празнина, јас почнувам да го чувствувам целиот тој систем Адам Ришон. Тоа е мојот духовен сад, мојата желба. Таа како да се наоѓа во другите – но таа е моја!

И тогаш излегува дека јас работам како Создател кој сака да ги наполни суштествата, творбите. Јас настапувам како тој што дава во однос на таа туѓа желба, а тие се за мене тие што примаат. И јас се соединувам со нив и се однесувам кон нив со љубов, како што Создателот се однесува кон заедничката душа. Но јас се поврзувам само со тој пресек на душата, кој се однесува на мене, на тој систем кој јас треба да го наполнам. Така јас ја достигнувам состојбата во која се чувствувам себе си како цел Адам Ришон, и со тоа го откривам целиот Создател.

Поистоветувајки се со целиот систем на Адам Ришон со кој јас сум способен да се соединам, и внесувајки го во секого својот дел од работата, јас се соединувам со сите тие делови во исправена состојба. Зошто сите се исправени, освен мене.

И тогаш излегува дека јас го откривам вистинскиот Адам Ришон, и го добивам животот на таа заедничка душа, Малхут на светот на Бесконечноста. Така секој човек треба да се реализира: да го исправи својот личен однос, сопствениот егоизам, да ги вклучи во себе си желбите на другите, да ги почувствува како да се негови лични, да ги наполни и преку нив да го достигне целиот систем на Адам Ришон, а во него да го открие целиот Создател.

Светлината на Зохар ја исцелува душата

Прашање: Од кој дел на духовниот свет доаѓа кај нас светлината на Зохар?
Од главата Арих Анпин во облик на опкружувачка светлина, затоа што светлината на Зохар - тоа е светлина на Бесконечноста, виш сјај. Таа светлина не "доаѓа кај нас"- таа ни свети "оддалеку" и не враќа кон својот извор.

Затоа таа ни свети преку сите светови, кои ја намалуваат таа светлина, на нашите желби, кои се спротивни на таа светлина. Тоа не е "директен" систем на врска, која е создадена на екраните и добивање на внатрешната светлина, каде светлината се открива зависно од големината на мојата способност да давам.

Но додека јас немам екран, светлината делува врз мене оддалеку, и не во таа мера во која јас можам да ја добијам поради давање, туку зависно од тоа колку можам јас со нејзина помош да се исцелам!

Се случува човек да дојде кај лекарот, а тој да му рече " Тебе ти е неопходен многу јак лек – но твојот организам нема да го издржи, што да се прави..." На постара возраст се појавуваат такви проблеми ако човек се здобие со многу тешки повреди. Постои можност да се излечи, но неговиот организам нема да го издржи јакиот лек, не може да го свари. Затоа за него тој лек нема да биде во корист, туку на штета.

Истото се однесува и на опкружувачката светлина, кој делува врз мене само во таа мера, колку што е потребно да ме излекува, односно колку јас можам да ја издржам. Зaтоа што јас ја примам светлината, особината на давање – отров, смрт за мојот егоизам.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica