Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Мало огинче или нуклеарна експлозија?

 

11.06.2010

Како да изградиме духовен сад од точката во срцето на секој, која е затворена во неговиот егоизам?

Како да се крене оваа точка од срцето – егоизмот, надвор, да се крене, да се направи поважна од сите свои егоистични желби, за да ме интересира само тоа, што се случува во таа точка на духовниот стремеж? За тоа е потребно влијанието на опкружувањето: во почеток да се изведат тие точки на слобода од егоизмот, надвор, а потоа да заедно да се соединат. Најважно е – нивното соединување, точките во срцето – тоа е средство за нашата меѓусебна врска, во таа врска јас ќе го почувствувам Создателот. И колку посилна таа ќе биде – во неа ќе се разоткрие целиот свет.

Таа врска – е како отпорник, затоа што ние се спротивставуваме и не сакаме да се соединуваме еден со друг! А ако сепак се соединиме, тогаш чувствуваме, како преку тој отпор почнува да поминува светлина, делува врз него, го загрева, во него јас го чувствувам пројавувањето на Создателот. Т.е. јас не го уништувам своето Его, како што практикуваат различните "духовни"дисциплини, одделувајки го човекот од реалноста.

Јас го користам своето Его, и токму со негова помош доаѓам до постигнување, затоа "колку повисоко се крева човекот, толку повеќе расте неговиот егоизам". На следното скалило ќе ти биде многу потешко да се соединиш со другите. Би се запрашал зошто, па веќе си го направил тоа? Но наеднаш ќе почнеш да откриваш: со кого јас имам работа, кои се тие?... значи, веќе започнала вистинската работа. Зошто колку поголем ќе биде отпорот меѓу вас, толку повисоко ти ќе можеш да се искачиш и да ја откриеш големата светлина.

Наместо светлината Нефеш – мала светлина, кој би запалила мала сијаличка од неколку вати, ти ќе го достигнеш соединувањето преку огромен отпор (R2 наместо R1) и ќе ја откриеш светлината Руах, која милијарда пати е појака од светлината Нефеш – како мало оганче наспроти огромен оган.

Магичната привлечност на духовното

Прашање: Може ли да се замоли Создателот да им даде точки во срцето на оние, кај кои тие се уште не се пробудија?

Треба да се молиме целото човештво побргу да ја достигне духовната потреба за извршување на целта на создавањето. Но, да се молиме – тоа значи сами да се стремиме кон внатрешно соединување од таков напон и сила, што ќе биде доживеано од другите како оган што пламти внатре. Претставете си дека денес човештвото – тоа е речиси безживотно тело, можеби не сосема мртво, но се наоѓа во бессознание. А ние сме – неговите органи, кои се обидуваат да се реанимираат себе си и да се обнови животот во тој заеднички организам. И постепено цело тело почнува да се буди. Во тоа се состои нашата работа.

Главната работа за распространувањето не е ниту во надворешните напори ( количеството на издадени книги и материјали во интернетот), туку во соединувањето меѓу нас, со кое ние пробудуваме љубов, поврзување, топлина во целото наше светско обединување на луѓето, кои се занимаваат со кабала.

Токму тоа влијае на сите останати, и тие наеднаш почнуваат да чувствуваат дека во сето тоа нешто има! Што точно – не знаат и самите, но наеднаш не наоѓаат нас. Затоа што секого срцето некако го довело до кабалата, тој и самиот не разбрал како. Едноставно еднаш во него се разбуди таа потреба, тој почнал да бара, и наеднаш со срцето осети дека тука е неговото место. Затоа што неговата желба веќе беше насочена во истиот правец. Тоа беше многу мала желба за духовно, точката во срцето се криела длабоко внатре, но ние распаливме толку силен оган, што луѓето го почувствувале оддалеку. Затоа се зависи од нашето внатрешно соединување – тоа е најефективното распространување.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica