Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Меѓу народот Свој - Јас постојам

 

14.07.2010

 
Речено е: "Меѓу народот Свој Јас постојам". Не е возможно Создателот, вишата сила, светлината која го исполнува Малхут на Бесконечноста, да се однесува кон некој нејзин дел посебно. Бидејки системот е создаден како целосен, заеднички, и само во целото негово заедништво царува светлината. И дури на сите скалила на слегувањето на световите, парцуфим и сфиротите одозгора надолу, во секој случај системот останува целосен, совршен, и само интензитетот на врската помеѓу неговите делови се намалува.

И затоа ние зборуваме за слегувањето на световите – намалувањето на интензитетот на врската помеѓу деловите на заедничкиот систем. Но количината на деловите секогаш останува иста. Додека помеѓу нив останува барем минимална врска, односно взаемно давање, - тие се уште се наоѓаат во духовното. Но штом нивното взаемно давање се прекинува и тие веќе не се поврзани меѓусебно како еден човек со едно, па макар и мало срце, - тој систем веднаш се префрлува во овој свет. И кога Создателот веќе не царува во него, а само свети оддалеку со опкружувачка светлина, за да не разбуди нас од оваа разбиена состојба да се вратиме назад кон обединувањето.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica