Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Молитва и убеденост

Од писмото на Баал ХаСулам №24: „Молитвата може да се достигне само заедно со убеденоста. Треба да се верува со целосна верба, дека Создателот ја слуша секоја молитва. Со таква верба се добива убеденост во помошта од Севишниот, и во тој случај нашата молитва ќе биде целосна, со убеденост во спасението. Тогаш ќе можеме цел ден да престојуваме во радост и убеденост, небаре спасението веќе стигнало.“

Баал ХаСулам пишува, дека молитвата и убеденоста, вербата, произлегуваат од иста гранка. И тоа е многу важен принцип. Во обичниот живот молитвата се создава токму напротив, кога нема никаква убеденост, и човекот се наоѓа во забуна. Тој се обраќа со молитва, кога ја чувствува својата потполна немоќ, страв, немир и има потреба од помош одозгора, изгубен во овој живот, незнаејќи каде да оди и што да прави. Во таква ситуација во човекот се создава молитва од вознемиреност и очај, од изгубената надеж за иднината, загубената поддршка.

Наспроти тоа, духовната молитва се создава, кога човекот чувствува дека постои Господар, кој управува со светот, со целокупниот живот, кој ќе поправи сé и сé ќе доведе во ред. Тој сфаќа, дека Создателот уште од самиот почеток подготвил сé, треба само да се поврземе со Него. Односно, тој е убеден во Вишата Сила, во Создателот, освен кој не постои ништо, и согласно таа убеденост Му се обраќа Нему, моли и бара Создателот да го отвори неговото срце и разум, и да го придвижи напред. Тоа е апсолутно спротивно на претставата карактеристична за нашиот свет, како што е речено: „Мислењето на Тора е спротивно на мислењето на жителите”. Затоа молитвата се раѓа само после подготовката, после молитвата, која ѝ претходи на молитвата. Со подготвителната молитва треба да се пробудиме себеси кон Изворот. А кога е достигната убеденоста и поврзаноста со Изворот, тогаш кон Него креваме молба за помош.

Од утринската лекција – 02.09.2012, на Каб.Тв

Ако не одиш ти кај светот, тогаш светот доаѓа кај тебе

Баал ХаСулам: „Слугинката, која ја наследува својата Господарка”. „Вишите корења, кои претставуваат надворешен дел, генерално се нарекуваат „слугинка” и „робинка”. Тоа покажува, дека тие во никој случај не се наменети за правење на штета или уроци, како што се чини површно гледано, туку напротив, му служат на внатрешниот дел, слично на робинка и слуѓинка, кои го служат својот господар.“

Ни се чини дека светот е полн со борби, војни, омраза и несреќи. И, иако ние навистина би можеле меѓусебно да се согласуваме преку заемна соработка, сепак на крај, сé е насочено само во еден правец: дури и во сегашната положба, сите ние меѓусебно си служиме еден на друг. Многу е тешко да се согласиме со таквата слика, но сепак тоа е така. Нашите заемни односи можат да забележат најнепријатни, кошмарни облици, но со самото тоа, секој им служи на другите. Се разбира, ние не се сложуваме со таквиот облик на реализација – напротив, ние можеме истото да го правиме побрзо, подобро и поудобно. Но сепак мора да се прифати Вишото управување: што и да се случува, се случува со една цел - заемна поправка.

Прашање: Ако дознаам денес од вестите, дека иранските лидери сакаат да го уништат Израел, треба ли да си кажам: „Тоа е добро, тоа е за наша корист?”

Одговор: Секако тоа ни оди во корист. Меѓутоа, ние би можеле да ја примиме тековната фаза на развојот во многу попријатен и поудобен облик – кога би имале правилен однос кон случувањата. Проблемот е во нас, во еврејскиот народ, и затоа ние предизвикуваме врз нас наместо пријателски, токму таков облик на надворешен притисок.

Силите  на развојот се манифестираат на овој начин заради тоа што ние не се подготвуваме да ги примиме. Во кого, ако не во нас е кривицата? Оттука и обвинувањата, упатени на евреите. Бидејќи иницијативата е во наши раце, ние сме – носители на методот. А околу нас – се желбите кои викаат и молат: „Зошто не доаѓате со поправката!?” Наместо подароци и изрази на љубов, тие ни доаѓаат со закани – затоа што ние не им го даваме тоа што им е потребно. Генерално, светот е избалансиран – тој е Светот на Бесконечноста. Ако ние го дисбалансираме, без да превладува доброто, тогаш превладува лошото. Рав Кук пишува за тоа во една од своите статии:

„Ако е невозможно да се затруби во соодветниот рог за спасението, тогаш доаѓаат непријателите на Израел – Амалек, Хитлер и др. – и трубат во нашите уши, поттикнувајќи нè кон спасението....Во неправилностите и грешките на народот, во несреќите на евреите исто така се крие спасението, но таквиот рог не треба да се благословува”.

Ете така: „не треба да се благословува” – но сепак, и тоа е повик.

Всушност, ние се наоѓаме во светот на Бесконечноста, и самите одредуваме како тој ќе ни се открива, кои делови во него се “бели” а кои “црни” во нашите очи. Затоа нема зошто да плачеме. Ахмадинеџад нè поттикнува побрзо да дојдеме до поправката. Кон тоа нè поттурнува и светската криза. Започнувајќи некаде далеку, кризата  стигнала дотука, што значи дека ние заостануваме во својот развој, во способноста да го дадеме на народите методот на поправката. Уште е полошо потсвесно да се надеваме, дека тие ќе нè разберат заради несреќите што се случуваат, наместо да им трчаме во пресрет и на сите можни начини да им го објасниме решението на проблемот. Ние не се вознемируваме, не се грижиме за тоа доволно. Ние има што да правиме, меѓутоа покажуваме неодговорност, не чувствуваме наша вина во случувањата, и затоа несреќите ни се приближуваат. И нема да заврши само со нечии заканувачки искажувања – сé ќе биде многу полошо...

Од утринската лекција – 02.09.2012.  на Каб.Тв

Не биди во право – биди добар

Прашање: Што да правам, ако се радувам на кризите, бидејќи тие докажуваат дека ние сме во право?

Одговор: Ние сме во право за фактот, дека светот не го гледа решението на кризата. Меѓутоа, кога би можеле да ги објасниме случувањата на пошироката публика, тогаш не би имало потреба од несреќи. Луѓето би дошле кон многу подлабоко и поширото сфаќање за тековните случувања, и би знаеле што треба да прават.

Денес човекот само страда од ударите. Ние би можеле да му ги ублажиме несреќите преку објаснувања, поправки и заемно вклучување. Сега пак, таа мерка на олеснување, која ние би можеле да му ја дадеме, ни се враќа со омраза кон нас. Луѓето и самите не знаат зошто нè мразат, а суштината е во тоа, дека дојдено е времето за поправка на пошироката публика – особено во Израел, и делумно низ целиот свет. Како последица на тоа, ние ги чувствуваме ударите врз нас. Ќе видиме на што ќе се радуваш, кога твојата неодговорност, немарност како бумеранг ќе удри по тебе. Патем речено, тоа се однесува на секој од нас. Баал ХаСулам пишува во „Предговорот кон Книгата Зохар”, п.69:

„Во таква генерација сите уништувачи на народот на светот ја креваат главата, сакајќи воглавно, да ги уништат и истребат синовите на Исраел, како што рекле мудреците: „Сите несреќи доаѓаат во светот само заради народот на Исраел”. Со други зборови, тие предизвикуваат сиромаштија, жестокост, грабежи, убиства и уништување во целиот свет.“

Човекот седи и се радува на несреќите на светот: „Нели ви реков. Сега гледате дека бев во право?” Колку е „смрдлив” таквиот егоизам. Се разбира дека тој постои во секој, но не смееме да му ги даваме уздите и да се согласиме неговото мото да нè води. Не смееме да седиме и ништо да не правиме, гледајќи како луѓето страдаат. Зарем смееме така да се однесуваме кон светот? Зарем на таков човек му е место меѓу нашите пријатели?

Од утринската лекција според статија на Баал ХаСулам – 02.09.2012,  на  Каб.Тв

Деликатесите на теологијата

Баал ХаСулам, “Слугинката, која ја наследува својата господарка”:

„Мудреците на народите, откога ги изучиле и простудирале сите книги на синовите на Израел, подготвиле од нив „деликатеси”, за да ја закрепнат својата вера, т.е. својата наука, која се нарекува „теологија”.“

Ние гледаме, дека сите религии ги позајмиле од кабалата називите, термините и симболите – и ги искористиле, претворајќи ги во нешто сосема спротивно, за да докажат дека се во право. Небаре играјќи со зборовите и дефинициите може да се промени светот. Денес тоа постепено се открива, но во меѓувреме, во текот на историјата, тоа доведувало до многубројни несреќи на целиот свет, и особено на народот на Израел. До денешен ден религиите се потхрануваат од науката кабала. Зошто без неа тие не би знаеле дури ниту какo да ги наречат различните сили, и би останале на нивото на античката грчка митологија. Крадејќи ја од науката кабала претставата за духовниот систем, тие се преправале дека ја сфаќаат неговата структура, - и со самото тоа многу зајакнале, привлекувајќи милијарди луѓе кои им се приклучиле. Се разбира дека тоа стана голем недостаток во поправката на светот.

Но од друга страна, тој недостаток нè води во длабочината на материјалот на создавањето, и благодарение на него ние сé појасно ја чувствуваме спротивставеноста на двете сили: негативната и позитивната. Кратко речено, таквиот пат е неопходен. Нема добро без лошо, и нема лошо без добро...

Од утринската лекција според статија на Баал ХаСулам – 02.09.2012 на Каб.Тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica