Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Моја е желбата ,Твоја е светлината

27.10.2010
Од едната страна на духовното скалило стојам јас – од другата страна, Создателот.И секој пат, искачувајки се на некое скалило, јас постигнувам, колку ние со Него сме слични еден на друг. Јас, од своја страна, носам сад/желба. А од Создателот доаѓа светлината. И така се случува соединување помеѓу нас. Јас ги чувствувам сите негови составни делови: себеси, Него и нашето соединение, како што е речено: "Исраел, Тората (методата на исправување) и Создателот – се една целина". Од една страна, тоа е една целина, а од друга страна, сепак се состои од три дела, помеѓу кои постои разлика. Таа постои поради тоа што во секој духовен парцуф сеуште остануваат празни желби, во кои јас се чувствувам себеси, "гостинот", и Него, Домаќинот, кој сака да ги наполни тие празни садови.

Т.е. помеѓу нас се уште постојат ограничувања. Човекот, кој го достигнува дури само најпрвото духовно чувствување, гледа, дека сите се наоѓаат во единство со Создателот и ја извршуваат Неговата желба, никој не може да оди против Создателот. Но ние не зборуваме за сликата, која доаѓа од страна на Вишиот, откривајки ни се – туку во кој степен самиот човек сака во неа да се вклучи и да почне да дејствува. Се уште нам ни се открива, колку ние не сме подготвени за спојувањето и соединувањето. Секој ги извршува дејствата на Создателот – но без да ги осознае, без сопствена желба, одлука и молба. Тој само делува благодарение на силата на светлината, која со него управува и одредува се'за него', Скратувања, скривања (светови) – тоа е нашето постепено откривање, до кој степен ние не се совпаѓаме со Создателот во Неговата желба и дејството. И таа несоодветност им се открива само на тие луѓе, кои се способни да ја исправат и да ја достигнат сличноста.

Од утринската лекција / 27.10.2010

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica