Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Надворешното или внатрешното 01.04.2010

 

Кабалистите зборуваат за тоа дека групата е способна да го натера човек да излезе од својот затворен круг и да му обрне внимание на она што се наоѓа надвор од кругот, на површината. Односно, кога човек под влијание на групата започне се повеќе да го менува својот "вид" од внатрешното кон надворешното и на таков начин да почне да се грижи за својата душа.

Тој почнува да разбира дека претходно (како што му се чинело до сега), надворешното не се однесувало на него а тој не се интересиралал од тоа. Тој почнува да разбира дека тоа не е тој, почнува да разбира дека тоа е скриеност. Почнува да сфаќа дека всушност овој надворешен круг е многу подрагоцен од внатрешното, бидејќи таму е неговата душа, таму е вечноста, а за внатрешниот круг - тоа е само "животински" живот, кој е ограничен на околу 70 години.

Тој е свесен дека не го чувствува и не го разбира поради скриеноста. Така внатре работи неговата природа. Ова постепено го привлекува човекот, она што е внатре во него му зборува секогаш едно исто "остави, не гледај на тоа, не му обрнувај внимание, подобро види што е внатре, а надворешното останува на површината. Колку и да ги учиме Талмуд Есер Сефирот и другите кабалистички извори, сите тие зборуваат за тоа дека нашето кли е поделено на надворешно и внатрешно: Галгалта веЕјнаим и АХАП, Моха, Ацамот, Гедим, Басар и Ор или Шореш, Нешама, Гуф, Левуш, Ејхал.

Овие Келими се најважните за мене - тоа се најголемите Келими во кои се открива светлината Хохма, се открива Создателот. Создател - тоа е светлината Хохма. Тој никогаш не се открива само во надворешните Келим. Овие Келими-оние кои добиваат Келим. Каков трик направил Создателот, за да го сокрие тоа од мене? Па нели на мене тој ги дал точно Келимте што пренесуваат - Галгалта веЕјнаим и од овој момент мислам за себе, за пренесување на самиот себеси.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica