Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Наједноставен уред за мерење на Создателот

Прашање: Дали вреди да се распространува кабалата меѓу верниците или оние што практикуваат мистички учења?

Одговор: Никако! Треба да се избегнува средината на верници, бидејќи сеедно нема да се случи соединување меѓу нивното мислење и нашето. Тие веруваат во чуда, во задгробен живот, во мистички сфаќања и вистини, во некои натприродни сили. Додека пак ние веруваме во единствената сила на природата - ние сме апсолутни материјалисти. Кабалата не е религија, туку наука за постигнување на единствената сила на природата. Таа се нарекува Создател, Бог, но во неа нема ништо мистично. Дури отпосле човештвото сè изобличило и направило од тоа религии, бидејќи не можело никаде да ја најде таа особина. Таа е бестелесна, неспознаена, неосетна. Тоа е сила, која стои зад сите материјални објекти, но како може таа да се одреди? Тоа е невозможно! Нема таков уред, кој би можел да ја идентификува, затоа што тоа не е магнетизам, не е поле на гравитација, не е електростатика, не е ренгенски зрак. Тоа е „ништо“, и како можеш тоа да го одредиш?

Каде да се најде детектор за определување на таа сила, која се нарекува Создател? Нема никаков детектор, освен самиот тебе. Ти можеш да ја забележиш не со надворешни уреди, туку само внатре во себе. Како тоа да го направиш? Кога ќе станеш чувствителен за воспримање на таа сила во мера на својата сличност со неа, тогаш ќе почнеш да ја забележуваш. Како што стрелката на уредот се преместува по бројчаникот , така внатре во тебе ќе се преместува стрелката по поделбите на скалата: Нефеш, Руах, Нешама, Хаја, Јехида, во зависност од тоа, на кое ниво на својот егоизам си сличен на таа сила.

Ако се издигнеш над својот егоизам, тогаш ќе можеш да го искористиш како пружина. Струјата тече по калемот и го претвора во магнет, кој ја привлекува стрелката. Стрелката се преместува на некоја ознака на скалата : Нефеш, Руах, Нешама, Хаја, Јехида, и ние може да ги прочитаме тие податоци на уредот. Пружината, која ја враќа стрелката назад на нулата е нашиот егоизам. Додека пак силата, која ја влече стрелката на спротивната страна во однос на пружината е екранот, нашето соединување, сличност на Создателот. На таков начин, ние добиваме мерења на скалата. Многу едноставна направа. Впрочем, неговата скала не е рамномерна. Растојанието меѓу Нефеш и Руах е мало. Растојанието меѓу Руах и Нешама е многу поголемо. Тоа е небаре растојание меѓу Земјината топка и Месечината, или Земјата и Сонцето, Земјата и следната галаксија. Се добива астрономска прогресија, и соодветно на тоа, нашиот егоизам се развива многу повеќе, и Светлината на Создателот влијае многу посилно. Односно ние се занимаваме со науката за мерење на влијанието на Создателот во себеси. Самиот јас претставувам инструмент, индикатор. Сè е многу едноставно. Во слободна состојба пружината на егоизмот ја мести стрелката на нула. Но ако во калемот тече струја, тогаш стрелката се преместува од нултата поделба. За таа намена во мрежата потребен ни е извор на енергија, батерија и прекинувач, реле. Батеријата со прекинувачот е Создателот, додека магнетниот калем е центарот на групата. Центарот на групата ја привлекува кон себе Светлината, создавајќи во нас услови за престојување на Светлината. Во центарот на групата е концентрирана поправачка Светлина, „Ор Макиф“, додека пак стрелката ја покажува внатрешната Светлина, „Ор Пними“, во зависност од нивото на егоизмот, авијут.

Од лекцијата по тема „Група и распространување“, 22.10.2013,на Каб.ТВ

Светот во пресрет на приближувањето на Шабат (Саботата)

Речено е, дека за поправка на светот се одредени 6.000 години, кои се соодветни на шесте работни денови од неделата. 6 илјади години ни се дадени за подготвка, за да ги подготвиме духовните садови, желби, инструменти. По завршувањето на поправката на желбите, почнува 7-от „милениум“ (Шабат,Сабота), односно следното ниво – состојба на конечната поправка на светот (Гмар Тикун). Состојбата на Шабат (Сабота) или 7-от милениум се нарекува „ сличност на идниот свет“ (ми-ејн олам аба). Затоа што тоа сè уште не е идниот свет – после него има уште 8-и, 9-и и 10-и милениум, соодветни на трите први сефирот (ГА"Р). Но Шабат (Саботата) почнува порано – пред истекот на 6-те илјади години. Саботната состојба (првиот подем на световите, кој ни носи дополнителна Светлина) започнува уште во „5-от час од шестиот ден“, односно во петок. Затоа целиот шести ден (односно нашиот 6-и милениум) веќе се осветлува со светењето на Шабат (Саботата). Целиот шести ден се нарекува вечер на Шабат (Саботна вечер), затоа ние сега се наоѓаме во тој посебен период: вечер на саботата. И ние чувствуваме како во нашиот свет почнува движење и промени во предвечерието на Шабат (Саботата). Ние ќе мора уште да го поминеме целиот останат дел до завршувањето на поправката, но тој ми се чини многу краток. Шабат (Саботата) е веќе многу блиску, набргу ние ќе ја достигнеме!

Од лекцијата по Книгата Зохар. Предговор , 22.10.2013 во пресрет на приближувањето на Шабат, на Каб.Тв

Проводник со суперспроводливост на љубовта

Прашање: Не ми е јасно, кога објаснувате дека ние треба да бидеме преносен канал, „цевка“ меѓу Создателот и човештвото. Дали тоа значи дека јас апсолутно ништо нема да чувствувам? 

Одговор: „Цевката“ е љубов. Јас немам ништо, но сакам да му го пренесам на својот сакан целиот свет. Тоа се нарекува да се биде цевка, проводник. И тогаш со едниот свој крај јас се соединувам со него преку својата сила на љубов, а со другиот крај – се поврзувам со Создателот. Но кон Создателот јас чувствувам поинаква љубов. Јас сакам Тој да се открие во тоа место, за кое јас се грижам – да царува меѓу своите суштества, и да добие задоволство од тоа. Излегува, дека јас се грижам Создателот да се открие внатре во суштествата: за да им стане добро и на суштествата и на Создателот од тоа. А јас самиот, сакам да бидам само цевка, која ќе ги соедини. Јас се насладувам заради фактот, што тоа се случило. Тоа се нарекува совршена верба. Во мене се открива Светлината Хасадим, а внатре во неа – Светлината Хохма, и сето тоа заради давањето.

Од беседата за време на трпезата, 23.10.2013

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica