Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Не е цел свет горчлива репка

27.06.2010

Ние можеме да престојуваме или во особина на примање или во особина на давање и да ги реализираме. Бидејки само две сили управуваат со вселената, две сили на природата – силите на примањето и давањето. Едната од нив, силата на примањето, начелно се наоѓа во нас, ние се раѓаме со неа и затоа ја сметаме за природна. Но навистина нема ништо поприродно од особината на давање. Само што таа не се наоѓа во нас и затоа ни се чини неприродна, вештачка и дека нема никаква врска со реалноста. Но фактички, вистинската реалност – тоа е токму особината на давање, бидејки целата вселена, освен нашиот свет, престојува во неа. И само ние постоиме во микроскопски, затворен и замислен простор во особината на примање.
Бидејки тој простор е затворен и одделен од сите светови и Создателот, ние сметаме дека освен него ништо не постои, слично на црвот во репката, кој мисли дека целиот свет е сличен на таа горка репка внатре во која тој се наоѓа, и глупавиот, не разбира дека надвор од нејзините предели постои огромен, светол, сладок и прекрасен свет.

Така и ние. Затоа неопходно е да се разбере дека особината на примање во која ние престојуваме, - е мизерна и ограничена, дадено ни е само поради тоа да од неа ја осознаеме нејзината спротивност – особината на давање.


Наградата е – одразената светлина


Прашање: Наградата во духовното се самите напори?


Наградата се екранот и одразената светлина. Напорите ние не можеме да ги процениме и измериме. Нам ни е потребен екранот и одразената светлина – единственото што ние мораме да го добиеме. Сето останато го има во изобилство – земај! Дозволата да добиеш ( како влезница), да земеш одредена порција – тоа е одразената светлина. Соодветно на одразената светлина, која во тебе се создава, во тебе ќе навлезе, ќе се влее, ќе се појави наполнувањето, спојувањето со Создателот, изобилството, што постои во созданието. Земај се' – но само во сооднос со одразената светлина. Затоа одразената светлина е наградата. Бидејки сето останато ние не треба да го заработуваме. Вишото изобилство само ќе ни ги исполни нашите духовни садови, желбите (келим) – само да постои одразената светлина. Но самото наполнување потребно ми е не за самонасладување, туку за да проверам и измерам колку јас давам. Иако моето наполнување ми причинува големо задоволство, целото тоа се мери во светлината на давањето, во одразената светлина.

Судирот – е знак на желбата за обединување


"Вовед во коментарот Сулам", п.78: Левата линија се бори со десната линија, бидејки левата линија која е наменета за светлината Хохма, сака да ја поништо десната линија, која е наменета за светлината Хасадим. И така се случува нивниот судир...


Судирот се случува ако две спротивни страни сакаат да се соединат. Бидејки ако не постои ништо што би ги соединувало и привлекувало една кон друга, не би се случил судирот! За судирот е потребно објектите да се спротивни еден на друг по својата природа, но да се стремат да се соединат, согласно на својата желба. Односно треба да се присутни две спротивни тенденции: од една страна постојат лево и десно, а од друга страна потребно е да се соединат заедно. Ама како можат тие да се соединат? Ако постои некое многу повисока обострана желба, повозвишена цел, тогаш секој од нив може да ја жртвува својата природа и над неа да се соедини со нешто спротивно. Тука се случува работа на левата страна во сооднос на десната, и на десната во сооднос на левата, кои се подготвени да се откажат од своите темели и да го достигнат соединувањето, кое е повисоко од нивната природа. Затоа се случува нивно судрување, конфликт помеѓу нивната природа и нивната намера, која е надвор од нивната природа. Сударот се случува само 1) помеѓу спротивностите, 2) кои имаат нешто заедничко надвор од нив двајца. Токму тоа заедничко ги доведува до судар.


Апсолутно мирување во бесконечно движење


Прашање: Зошто е речено дека светлината се наоѓа во апсолутно мирување ако целиот наш пат е проследен со навлегувањето и излегувањето на светлината во желбата?


Апсолутното мирување на вишата светлина- тоа е негова постојана промена со бесконечна фрекфенција! "Непроменливоста" на светлината значи нејзино мирување, постојаност во достигнувањето на единствената цел – бидејки таа цело време ги извршува само дејствијата кои водат кон неа. Нејзиното апсолутно мирување се состои во тоа што таа не ја менува таа цел – но делува во нејзина насока со бесконечна брзина. Мирување за нас значи да не се заплеткуваме на патот, туку да се стремиме во една насока и да бараме илјади начини за да се приближиме таму, да се наоѓаме во напнатост и да правиме напори. И сето тоа се нарекува апсолутно мирување, затоа што јас пред себе гледам само една единствена цел. Светлината навлегува во желбата и излегува од неа, секој миг се случуваат бесконечно многу негови дејства. Но ако човекот се наоѓа во особина на давање, тогаш сите тие различни дејства тој ги чувствува како вечно мирување!


Кога духовното ќе стане наш живот


"Предговор кон книгата "Сјаен лик", п.3: Животното е сосема ограничено во просторот и времето и не чувствува ниту за влакно подалеку од своето тело. И затоа не чувствува ништо освен сегашното време – ниту минатото, ниту иднината, туку само тековниот момент. Но човекот восприма и со чувството и со разумот истовремено, и затоа неговата сила не е ограничена со просторот и времето...бидејки неговото знаење е духовно. И може тој да ги добие знаењата на сите суштества, предавајки го низ годините, од минатите поколенија на идните.


Ние ги читаме овие книги и се чудиме на извонредната мудрост на кабалистите што ги напишале. Но тие можат да ни напишат илјади раскази за духовниот свет, бидејки тој свет о отворен пред нив, и тие едноставно раскажуваат за тоа што го гледаат. Кабалистот го гледа светот од крај до крај – сите негови внатрешни сили и врски. Тој зема некој негов пресек и почнува да ни го објаснува. За нас секое негово опишување – тоа е невидено откривање, извонредна мудрост, и ние сме вчудоневидени од каде тој може тоа да го знае. А нему не му е потребен за тоа посебен ум – тој само ја гледа таа слика пред себе, затоа што си ја променил својата природа.


Затоа, ако ние мислиме дека можеме со својот разум да го постигнеме кажаното, распоредувајки се по полици во нашиот мозок, тоа е голема грешка. Тоа нам нема да ни помогне. Ние треба да се кренеме на духовното ниво и тогаш сите тие работи ќе станат дел од нашиот живот. На природен начин ќе ни стане јасно дека тоа е токму така и не може поинаку да биде. Ние читаме за да да ја привлечеме светлината што враќа кон изворот. А кога ќе се вратиме кон изворот, тогаш сите тие поими ќе влезат внатре во нас и ќе станат за нас очигледни. Бидејки тие ќе се случуваат внатре во нашето духовно тело. Затоа не треба да очајуваме дека не можеме да го совладаме целиот овој материјал со разумот.

Треба да се посака внатрешна промена, за сето ова да стане дел од нашата природа, и нема да има потреба ниту од зборови! Како што ми е природно дека наоколу постојат камење, растенија, животни, луѓе, исто така јасно јас ќе ја видам и целата духовна реалност. Кога ќе ми се отвори духовниот свет, тој ќе престане да биде за мене "наука" – тој ќе стане едноставно мој живот. Не се секирајте, никој нема да ве проверува во тоа знаење и да бара да учите напамет. Тоа и онака нема да помогне. Нека во главата не остане ништо од прочитаното, најважно е – да се сочува намерата. А другото е неважно, нека заборавам што сум учел до предмалку. Важно е да не се заборава за целта и правилниот однос кон учењето.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica