Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Не молите “грешниците“да умрат

 

27.09.2010
Прашање: Како јас можам да останам насочен кон целта, ако кај мене постои некој физички проблем, кој цело време бара да му посветувам внимание?

Има различни случаи. Постојат телесни или душевни проблеми, постојат грижи и тревоги, како кај секој човек. Обраќајки се кон човекот, Создателот му го праќа целиот збир на тие проблеми, и со самото тоа го пробудува. Не е важно, во каква конкретно ситуација се наоѓа човекот. Целата оваа состојба, комплетно со се`, тој ја добива од Создателот, и од таа состојба треба да се однесува кон Него. Човекот треба исто така да разбере, дека ако кај него постојат проблеми со здравјето, тој мора да оди на лекар, постојат проблеми со заработувачката – мора да бара работа и т.н. Но генерално, ако проблемите се решат, тоа е само затоа што тој веќе мора да престојува во другите состојби, за да напредува. Секоја состојба – е правилна за понатамошното напредување. Но да се однесуваме кон неа е потребно, исправувајки ја и на овоземно ниво,и на духовното – како една целина. Нам ни се забранува да го разделуваме светот на два дела – "ова – е за мене, а ова – за Создателот": "Сега јас ќе се зафатам со бизнис, со своите овоземни обврски, а потоа ќе се вратам кај Него, ќе дадам прилог за благотворна намена – и слава му на Бога, јас сум веќе чист". Такво нешто не постои!

Ако ние зборуваме за исправување на намерите, тогаш немаме тука ниту една слободна минута, и во сите состојби, од сите проблеми, во кои ние престојуваме, ние сме должни да ја вознесеме молбата кон Создателот. Таа молба треба да биде не за самиот физички, семеен или друг проблем, туку секогаш – за највисоката цел, затоа што таа без сомнение ќе ги вклучи во себе сите пониски нивоа на грижите, тревогите, болестите и бедите. Бидејки сите тие заедно се нарекуваат "страдања" и се наменети само за тоа, да го насочат човекот во правилен правец. Кога сега би постоела можност да му се одземе на човек некое страдање – грижата за парите, здравјето или семејството, - тој веќе би скршнал од патот и не би се движел во точна согласност со тоа, како го насочува него Создателот. Затоа нам ни се забранува директно да се мешаме во тој процес. Треба да му се помага на човекот да се справи со тие проблеми, но тој самиот треба да знае, дека таков е патот, и дека сето тоа е пратено од Создателот – "Добриот и Творечкиот добро" и "Не постои никој освен Него". Тој мора да ги прими сите состојби, да се справи со нив правилно, со сите можни средства – и на овоземно ниво, и на духовното, и со помош на групата. Но, како што е напишано, забрането е да се моли, "моите грешници" да умрат, - само да се вратиме кај Создателот. Односно, секоја состојба е неопходно да се исправи, правилно искористувајки ги, небаре негативните пречки, бидејки токму тие се – најкорисни за исправувањето.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica