Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Ние не сме робови на робовите, туку слуги на Создателот!

Рабаш, „Даргот ХаСулам,“ Т. 932. „Првиот пронајдок“: Сите пронајдоци започнуваат само откако некој ќе заслужи, преку напуштање на стекнатото само за себе. Пред заслугата, тој е апсолутно потопен во неговата желба за задолство, и оваа желба владее со него. Токму затоа, во него не може да се случи никаков пронајдок, сè пристигнува единствено од неговото его. Пронајдокот може да дојде единствено преку моќта од друга природа, која што некој сè уште не ја поседува. Од оваа причина, сите пронајдоци започнуваат само ако некој го напушта сопственото его, желбата да прима за себе, што претставува: „Тој го напушта Египет.“ Ова е значењето дека е забрането да се чита Тора на идолопоклониците. Ако некој им служи на други богови, тој сè уште нема допир со Создателот, и сè уште не излегол од Египет. „Излегување од Египет“ е духовно ниво, па така, обичниот човек од овој свет не треба да се нарекува со тие називи. Идолопоклониците се луѓе како нас кои се повлечени кон Создателот, но тие сè уште им препишуваат одредени важности на материјалните добра, на примањето за себе. Од оваа причина тие се наречени АКУМА (кратенка за „Слуги на ѕвездите и констелациите,“ и исто така околу (Акум), „индиректно“). Тие не се насочени „директно кон Создателот“ (Јашар-Ел), - Израел, тие повеќе би ги обожувале ѕвездите и верата. Тие се привлечени и управувани од различни егоистични сили и вредности. Забрането е ним да им се чита Тора. „Забрането“ означува невозможно.

Ти гледаш дека Тора е Светлината, сиот Виши систем, сите духовни светови, односот помеѓу некој и Создателот. Невозможно е да му се предаде сето тоа на идолопоклоникот, кој што е навлезен во егоистично воспримање и нема сознание со системот на давање. И навистина, кога некој е во Египет, во егоистичното воспримање, тој не може да биде Јехуд, (од зборот „Јихуд“ – Единство,) што значи да се соедини себеси со сето создавање и со Создателот, затоа што тој е поробен од Фараонот, кралот на Египет. Тоа лице е заробено од сопственото его, кралот на материјалниот свет. Така, кога некој е роб на фараонот, тој не може да Му служи на Создателот. Тука се определуваме: или за фараонот или Создателот. Сè зависи од намерата, со која што некој се поистоветува себеси и зошто сака да Му служи: за личната добивка или за давањето. Токму во ова е кажаното: „ децата на Израел се мои, тие се мои слуги,“ вели Создателот, „ и немој да му бидеш слуга на слугите.“ Сега гледаш дека фараонот исто така е слуга на Создателот, тој е ангел, и тој е систем кој што ја извршува мислата на создавањето со присила, без никаков слободен избор. Фараонот е ангел.

Напишано е: „Јас ја создадов склоноста кон злото.“ Сето создавање, сето его се наоѓа во рацете на Создателот. И ако некој му служи на фараонот, тој е наречен „роб на робовите“ бидејќи тој му служи на робот, а не на Господарот. Кога некој си служи самиот на себе, тој не може да биде слуга на Создателот, бидејќи не е можно да им служиш на два крала во исто време. И само откако некој ќе го напушти Египет - откако ќе восприми доволно Светлина која што поправа, откако ќе се крене над желбата за задоволство - примањето за себе; тогаш тој може да Му биде слуга на Создателот. Но со намера да остане слуга на Создателот, тој треба да се одлучи на тоа, за сето свое време: во секој еден миг, со секоја желба. И тогаш тој е спремен да ја заслужи Тора. Од сето ова следи дека првиот пронајдок е заминувањето од Египет. Тора започнува со заминувањето од Египет и понатаму; токму затоа, после ова започнува давањето на Тора. Тора ги вклучува сите Светлини на Бесконечноста, сета Виша Светлина, која што ги исполнува Вишите Светови - создадена за постепената поправка на суштеството, сè додека не достигне еднаквост на формата со Создателот.

Од подготовката на утринската лекција, 31.03.2013, на Каб.Тв

Има работи кои што самиот мораш да ги сториш

Рабаш, „Шлевеј ХаСулам,“ 1984/1985, Статија 19. „Дојди кај фараонот –1“:Тајната на потрагата по склоноста кон злото и другата страна, е да се причини Цадиким на Ер и да се придржува кон светото.

Склоноста кон злото е „ангел“ кој што правилно ги извршува неговите задачи. Таа постојано ни покажува колку сме слаби и не спремни за што и да е, и така нè задолжува да се свртиме кон Светлината која поправа. Потоа ние воспримаме моќ од Вишото што го извршува она што е неопходно. Така, ако го нема егото да ни ја покаже нашата целосна слабост, ние би се сложиле со она што е, и никогаш не би се свртиле кон Светлината. Склоноста кон злото не е збир од зли намери; таа буди во мене очај од неуспех во овие или други нешта, бидејќи јас сум егоист. Склоноста кон злото е единствена сила што стои спротив Светлината и покажува кон Неа со својата спротивност: „Еве тоа е она што ти е потребно.“ Така, темнината нè буди во потрага по Светлината, која ќе ја разбуди муграта. Ова не е само егото со неговите постојани страсти и желби: љубомора, похота, почитување, контрола, и така натаму. Со помош на склоноста кон злото, со „лошите“ намери ние ја чувствуваме потребата за помош од Вишото. Па така тоа ни говори дека нејзината суштина е исто така добра.

Прашање: Но како ние да ја добиеме силата да напредуваме...

Одговор: Без да ги потрошиме овие сили, ти не би разбрал дека треба да побараш помош. Тука не е доволно да знаеш дека си немоќен – ти исто така мора да имаш искуство. Погледај го детето: Без разлика колку пати му објаснуваш нешто, тоа мора самото да се обиде сè да испроба, и не само еднаш. Тоа не им верува на твоите зборови: „Зошто ти е потребно да го правиш ова, ако никогаш не успееш?“ Не, тоа мора самото да мине низ сето тоа.

Прашање: Но и покрај сето тоа, зарем не е застрашувачки што мора да го потрошиме сето тоа време?

Одговор: Токму поради тоа ни е потребно. Гледаш, обидувајки се да влијаеш независно ти ги поправаш твоите желби. Од време на време, кога ќе паднеш во очај, ти постепено се прочистуваш и ги уредуваш нив. Разбирливо, ти сакаш веднаш да скокнеш кон крајната поправка, но пред тоа мора малку да учиш. Светлините и сите Келим, садовите, се спуштаат од совршениот свет на Бесконечноста кон апсолутно несовршената и искршената состојба. Така бил создаден системот – од спротивноста помеѓу Светлината и садовите. Тука не постои ништо излишно или надворешно. Светлината дава во апсолутна форма и садовите примаат во апсолутна форма, и ние ја градиме соодветната поврзаност помеѓу нив. Ова не е нешто произволно или нечиј каприц; ова е неизбежен редослед на условите кои биле изворно наместени. Помеѓу двете желби – давање и примање – не може да биде создаден друг систем на односи од оној што е во световите на Адам Кадмон и АБЈА. Тоа едноставно не може да биде! Тука дејствуваат апсолутните закони и нема причина да се жали за „изгубеното време.“ Не може со еден скок да се прескокне во Бесконечноста. Мора да минеш низ сите фази; инаку, желбата да се прими нема да успее во барањето на намера да дава. По патот на крајната поправка, ти се повеќе го бараш Создателот, Светлината. Наречи Го Него како сакаш, но таму има само една сила која дејствува во Реалноста.  Во рамките на твојата голема желба за примање има мала точка - искра. Мора да се разбере каде е најдена, да се препознае сопствената желба и да се сврти кон Опкружувачката Светлина (Ор Макиф-О“М) со барање, сите делови на овие желби да бидат поправени. Освен тоа нема ништо друго. Сета наша работа почива на тоа: од оваа точка во нашата желба ние се свртуваме кон Светлината.

Покрај ова, потребни се многу тестирања и обиди. Ти гледаш дека работиш со егото, сила која што сака да ја воспостави нејзината доминација и не дозволува свртување кон Создателот. Спротивно, Создателот е скриен до степен во кој што ќе се воспоставиш самиот себе; мора да одлучиме: „ јас или е Тој.“ Затоа ние треба да го направиме првото ограничување (Цимцум Алеф-Ц“А) на нашето его. Тоа не говори дека ние го уништуваме; ние само препознаваме дека со неговата помош некому не му е дозволено да достигне давање. Ти не сакаш да го искористиш егото, дури и ако сакаш. Па така ти предизвикуваш „атрофија.“ После тоа, ти се свртуваш кон Бина: ти сакаш силата на давање да владее во тебе. Тоа те доведува до посебно откритие. Вистина е дека ти ја откриваш само Светлината на Хасадим, но ова е веќе нешто. Така постепено ги отстрануваш наметките, прикривањата, од самиот себе...

Замисли го ова од пример. Пред тебе се двајца: јас и еден млад човек кој што е енергичен, умен, привлечен, и неговите достигнувања се очигледни. Веднаш до него тоа е како јас да се растурам, се губам од твоето поле на гледање. Така ти „го ограничуваш“ него и потоа започнуваш да го заменуваш со мене. Излегува дека јас вредам нешто; Јас сум ти важен тебе, па така ти си спремен да бидеш под мојот авторитет наместо под неговиот авторитет... На тој начин, се потребни многу дејствија, чекори по патот да те донесат до откровението. Ништо не се случува само по себе. Уште од почетокот, ти си под власта на егоистичната желба и треба да минеш кон власта на алтроистичката желба. Гледаш ли, твојата желба не може да остане „не поврзана со ништо“. Мора да доминира или намерата да се прима или намерата да се дава. И овој премин бара некое време.

Од утринската лекција, 31.03.2013. според Писанијата на Рабаш, на Каб.Тв

Во магнетното поле на Светлината

Прашање: Што е молитва?

Одговор: Молитва е барање до Создателот да ми ја даде силата на давањето. Општата сила на давањето, врз која е основан светот, престојува во рамките на светот; таа е основата на светот. Оваа сила е наречена Создател, Давателот, и тоа е основата на сета реалност. Ако се свртам кон Него, можам да ја побарам моќта на давањето. Што друго тој може да ми даде? Јас ги барам овие моќи за да се му се доближам, Тој да влијае на мене со Неговите сили на давање. Но кога Создателот започнува да влијае на мене со Неговото давање, јас можам да се држам за ова на разни начини. Ако сум спремен за тоа и имам слични особини, го чувствувам Неговото приближување како што е добро добро. Но ако имам спротиставени особини, тогаш јас го доживувам Неговиот пристап како нешто лошо. Така, има два облика на привлекување на Светлината: како „петел“ или како „лилјак.“ Зошто лилјакот бара светлина, која што ќе биде како темнина? Молитвата се нарекува подигнување на МАН, „Меи Нуквин.“ Женската желба, Нуква, мојата желба да примам, сака да се подигне до нивото на Бина; Таа бара да ги добие особините на давање, бара давањето да престојува во нас и да стане наша сопствена особина. Јас не можам да бидам како Создателот, „дел од Вишата Божественост,“ но јас ги сакам Нејзините особини да владеат во мене. Сè  додека Создателот ме осветлува низ Неговото давање, овие особини се наоѓаат во мене, и до тој степен јас ја имам таа особина. Но, ако Создателот го одземе Неговото давање од мене, јас веднаш  паѓам. Тоа е како магнетна сила да ме држи во воздух, како да сум парче метал. Таа дејствува на мене за сето време, и така јас сум во воздух. Во мигот кога ова влијание ќе згасне, во моментот кога магнетот ќе престане со извирањето на неговиот протокот, силата што го држи парчето метал, и неговото поле ќе исчезне, тогаш тоа парче паѓа. Па така ние исто ја примаме силата на давање. Не ја примаме директно во рамките на нашата природа; туку ние секогаш остануваме со природата на волјата да примаме, како парчето метал што се држи во воздухот. Тоа никогаш не смее да престане никогаш; ние зависиме од Создателот за сето време.

Од подготовките на утринската лекција, 31.03.2013, на Каб.Тв

Тоа не е повеќе сува формула

„...Неговите верски сетила појавуваат облик како на разбранувано изненадување при хармонијата на природниот Закон, кој открива интелект од таква надмоќ што, споредено со него, сите систематски размислувања и дејствија на човечките суштества се само безначајни одрази. * Алберт Ајнштајн, „Светот каков што јас го гледам„

Прашање: Често време од физичарите се бара да ги врамат резултатите на нивните истражувања во јазикот на формулите. Како и да е, совршенството и хармонијата на феноменот кој што тие го истражуваат не може да се ограничи со формули. Тие се манифестираат со дразби кои што пристигнуваат од природата и се многу поважни од кои било суви бројки.

Одговор: Постои физички закон кој што може да биде дефиниран како што следи: „Тензијата на полето е неповратно пропорционална на квадрат од оддалеченоста помеѓу предметите.“ Овој закон покрива различни феномени без оглед на тоа за каков вид на полиња на сили тие им припаѓаат. Оние кои што го разбираат овој закон исто така не можат да го почувствуваат. Користејќи ја нашата терминологија, би рекле дека со секој чекор ние примаме два пати повеќе Светлина. Сè зависи од набљудувачот. Знаејќи (приемајќи) не е дел од формулата, туку повеќе, формулата се открива внатре во нашите сетила. Ние живееме низ таа формула и го чувствуваме нејзиното влијание врз нас. Ако навистина знаеме што означува таа формула, ние ги чувствуваме силите кои што делуваат во согласност со тоа. Истото се однесува за духовноста. На тој начин, додавајќи го јазикот на кабала на текстот од Книгата Зохар, Баал ХаСулам ги зголемил нашите сетила. Ние сè уште не можеме да видиме како оваа комбинација точно влијае врз нас, но во исто време, ние знаеме дека ѝ овозможува на Светлината да има ефект врз нас и според тоа нè води напред.

Од утринската лекција, 31.03.2013, според Зохар, на Каб.Тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica