Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Нова покана до фараонот

Примање на Тората значи запознавање на Создателот кој се открива во нашето поврзување еден со друг. Настаните кои се случиле на планината Синај укажуваат на неопходни услови кои треба да се остварат: да се чувствува прогон од состојбата на поврзување и единство низ недостиг на чувство дека Создателот се открива внатре, во ова поврзување, до степен на лелекање од работата. И сето ова се случува под ударите од фараонот, низ кои поминуваме, во обидот да се поврземе и покрај одбивањето, непријателството и омразата кои му даваат на егоизмот шанса да избега. Но сепак, се стремиме кон поврзување и сме подготвени да го прифатиме во било каква форма или облик со цел да се случи.

Потоа го поминуваме Црвеното Море и стигнуваме до планината Синај (планината на омразата); ова значи дека конечно сме успеале да се обединиме, покрај нашата омраза, и да го прифатиме условот за заемна гаранција: да станеме еден човек со едно срце. Под такви околности, ни се открива силата на поправање. Излегува дека со цел да се добие оваа моќ, неопходно е да се помине низ неколку состојби со тоа што ќе ја зголемуваме и појаснуваме нашата молитва, што значи градење на сад соодветен за поправањето, и во умот и во срцето. Кога ќе сфатиме дека само тоа ни е потребно, ќе го примиме откриениот метод на поправање и моќта што ни овозможува да одиме над разумот. Со оваа моќ можеме да се бориме против нашиот егоизам, кој постојано расте, но сега расте свесно и под контрола.

Јасно е дека правиме непријатни откритија и откриваме ново зло во левата линија, но тогаш го поправаме во десната линија. Па така постепено учиме како да го поправиме целиот наш егоизам и конечно влегуваме во земјата Исраел.

Најважниот момент во оваа работа доаѓа по восхитот и искачувањето постигнати како резултат на голем собир. На крајот на краиштата, доаѓа нова фаза, почеток со зацврстување на срцето, нова покана за фараонот, кој уште повеќе се зацврстил. И потоа, над сé, посветување на понискиот дел од себе и прифаќање дека овој процес е важен. Иако сé уште не чувствуваме дека таквите состојби се апсолутно неопходни за нас, мора да ги прифатиме како неизбежни, односно да му веруваме на вишиот учител кој нè води напред.

Создателот е оној кој го зацврстил срцето на фараонот, и тука треба да се издигнеме на одредено ниво на поништување на себеси преку прифаќање на ова зацврстување и посветено работење. Неопходно е да се прифати фактот дека нема никој друг освен Него, и да се стремиме кон тоа да останеме поврзани, без разлика колку е тешка состојбата која доаѓа. Таквите тешки предизвици обично ни се дадени по големите собири, општото чувство на инспирација и поврзување. Но, мора да сфатиме дека тешките состојби кои доаѓаат потоа се време на вистинска работа. Сега ти е дадена можност правилно да се однесуваш со новата егоистична природа, нов скршен Решимо со кој мора да работиш.

Но умот и срцето забораваат на тоа, и човекот се збунува мислејќи дека сé што се случува е вистина, а не игра која доаѓа одозгора. Таму, општото мислење на групата и меѓусебната поддршка треба да помогнат. Настрана збунетоста и помешаните чувства низ кои поминуваат сите, човекот мора да прими втора гледна точка од групата која е над неговата збунетост, со цел да му покаже каде е оваа посебна состојба и од каде доаѓаат сите измешани чувства. Доаѓа од нов Решимо кој Создателот намерно ни го открива за правилно да го перцепираме.

Целиот развој поминува низ состојбите на ХаВаЈаХ почнувајќи од „врвот на буквата „Јод“, која ни е целосно непозната. Тогаш поминува состојбата на „Јод – Хеј“ развојот од горе – надолу, и на крај „Вав – Хеј“, нашите подготовки, перцепции и реакции од долу. Затоа, кога ни е ставена нова состојба во состојбите на „Јод – Хеј“, важно е да научиме како правилно да ја прифатиме. Не секој е способен да го стори тоа. Не треба да ги обвинуваме нив, туку севкупната сила на  групата која не овозможила доволна поддршка, знаење и чувство дека овие состојби ни се дадени со цел да напредуваме.

Од првиот дел на Дневната Кабала Лекција 15/05/12, Писанија на Рабаш

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica