Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Односот кон групата

 

 24.04.2010

Треба да се потрудиш да бидеш почувствителен кон влијанието на групата врз тебе. Во групата се наоѓа сила која може да ти даде енергија, сила, разум, попрецизни духовни определби. Сето ова ќе ти помогне да го изостриш твојот однос кон светлината, што враќа кон изворот.Ќе те однесе најбрзо кон откривање на потребата од неа. Ова ќе те однесе кон потребата да се свртиш кон светлината, што се враќа кон првиот извор, кон потребата од насоченост кон целта и кон важност на самата цел.

Потруди се да го извлечеш тоа од внатрешноста на групата кон површината, како што за тоа зборува Рав Јоси Бен Кисма. Тој вели дека се зависи од тебе, дека можеш да успееш само заедно со групата, ако успееш да го фатиш тоа. Можеш да ја зголемиш врската со нив до бескрајност и тоа навистина е така - сето тоа во длабочините на групата.

Се зависи од твојот однос кон групата, но заедно со тоа ти треба да бараш од нив да се однесуваат на одреден начин: да зборувате, да се занимавате со тоа, но сé да е само според темата! Понекогаш така зборувате и на мене ми се сака да го исклучам звукот и да не слушам, да не ве гледам. Сé мора да биде многу кратко и да е само според темата! Човекот кој се изразува, мора да биде многу чувствителен кон тоа дали правилно им влијае на своите другари, дали зборува според сушноста, дали ги распалува, или едноставно ломоти за да се растовари од тензии.

Прашање: Дали правилно ги разбирам вашите зборови, дека тоа е исклучително внатрешна работа? Зошто тогаш треба да го разработуваме овој систем на интернет?

Рав: За да се присилите да се занимавате со тоа. Целиот свет треба да се замисли за тоа, да разбере каква реалност создал Создателот. Погледни само што создал Создателот само за да ја разбуди внатрешната точка во нас! Целиот овој свет се раствора во оваа точка и исчезнува.

Прашање: Зошто едноставно не можам да се зафатам со внатрешна работа?

Рав: Ако тоа беше можно, тогаш ти не би можел да се почувствуваш себеси во тело, а нив - во нивните тела. На друг начин не може. Па нели ти на таков начин се подигнуваш на повисок степен.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica