Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Перцепција на реалноста - поправка на погрешното

14.04.2011

Човекот сериозно греши ако лажно си ја претставува општата слика на реалноста. Пресметката се води не со секого одделно, туку со единствен механизам, против она што всушност претставува тој. Сите ние сме една целина и не постои молитва на единката, туку само молитва на многуте за општиот систем, кој не може да се раздели на делови. И затоа човекот треба постојано да работи против својата замислена изолација, против целта за која тој смета дека е лична.

Тој треба постојано да се бори против пречките кои му претставуваат искршена реалност, наместо единствена душа, полна со Виша Светлина, според законот за сличноста на особеностите. Ако човекот не ја поправа грешката на вистинската слика, тогаш, се разбира дека неговите дејствија се лоши и погрешни. Тие само го тераат да ги опишува сите нови кругови, сè додека не најде грешка во дијагнозата на вистинската состојба на работите и не тргне кон вистинската молитва.

Целата наша работа е да се распознаваат грешките, неприфаќањата на работите што постојат во реалноста. Ние ги слушаме зборовите на кабалистите или сами се обидуваме да си ја претставиме реалноста за да ги најдеме несовпаѓањата над кои треба да работиме и да бараме подобрување.

Посакуваното и реалното

Сега сме на ново ниво и почнуваме да сфаќаме дека единки едноставно не постојат, туку дека целото човештво е суштината на една целина. Во тоа единство е вклучена неживата, растителната и животинската природа и единствено внатре во него ја восприемаме реалноста. Ние веќе се приближуваме кон таквото сфаќање на светот.

Треба само да го одржуваме неговиот блесок и да гледаме на светот низ таквата призма. Нè опкружуваат различни луѓе и дејствија, делови од реалноста ни изгледаат одделни и независни едни од други, но ние треба да ги обединуваме, да ги спојуваме во една целина. Во тоа се состои нашата работа, која бара големи напори.

Но, освен ова, треба да го бараме и своето место во таа реалност, да се грижиме за себе и одново да се навраќаме кон единството. Лошо е ако човек не гледа на сето тоа како на еден целосен „слајд". Во таков случај тој несомнено греши. Пред сè, треба да се утврди состојбата колку што е можно поточно, па потоа да се погледне низ таа призма на својата слика – на реалноста која што се размотува пред тебе во чувствата. Со тоа ќе си создадеш два екрани, две слики: посакуваната и реалната.

Првата слика е целосното совршенство кое можеш да си го замислиш. А втората слика е несовршенството кое се појавува во твоите чувства. Значи ти го гледаш светот на еден начин, а другите на друг начин. Меѓу тие две слики се наоѓаат твоите напори кои водат кон следната молитва за подобрување.

Без леб нема живот

Книга Зохар. Глава „Бо". Статија "Квасец и потквасување", п.168: Кажано е: „Седум дена квасецот не треба да се наоѓа..." – тоа се денови на радост, денови кога се тие извишија до таа чест и се ослободија од туѓото ропство. И затоа секоја година ги одбележуваат тие денови, кога се извишија до таа чест, се ослободија од туѓото ропство и влегоа во владеење на светоста.

И затоа е кажано: „Седум дена јадете мацот"

Прашање: Лебот го симболизира давањето. Зошто во Песах се нарекува „квасец", односно желба да се добие?

Одговор: Желбата сама по себе е материјална творба. Важно е со каква намера човекот ги користи своите желби – заради себе или заради другите. Ако ги користиш заради себе, желбата се нарекува „квасец", нешто што кисне, затоа што содржи „лош почеток", его. Тоа е леб – желба, со кој човекот се наоѓа во состојба на „Египет", односно под власт на својот егоизам.

За да излезе од егоизмот, да се издигне над него човекот треба да се откаже од „квасецот" – нешто што симболизира „маца" (оскуден леб, леб без квасец) – таму нема „квасец", односно ги нема себичните намери „себе". „Маца" е преоден стадиум кога човекот (Малхут) се издига над својата желба и веќе не ја користи, кога се наоѓа во состојба на давање „Бина".

После седум дена (сефирот хагат нехим) – целосниот период за откажување од претходната егоистична состојба, почнува периодот на поправање на Малхут со помош на Бина, период на „давање заради давање" (49 години пустина) и „добивање заради давање" (освојување на државата).

Затоа после седум дена излез, исклучување од „Египет", се враќаме на „квасецот" – затоа што почнуваме да го користиме за давање – целата наша работа е да го искористиме „квасецот" за да го поправиме. Затоа, според природата, лебот во нашиот свет е главен производ за исхрана.

Секое дејствие остава траги

Секое дејствие остава траги. Значи ние сме поврзани еден со друг и затоа секое наше дејствие – и лошо и добро влијае на целата група и воопшто добро или лошо на целото човештво. Сакајќи или не, но за своите односи еден со друг, секој од нас добива или награда или казна за сите дејствија кои се извршуваат во светот. Тоа взаемно влијание по својата суштина и ја определува состојбата во светот. Не треба да се заборави на ова, работејќи во група.

Значи, ако сме си ја избрале заедницата: сме се сместиле во група за да ја надминеме својата природа и да се соединиме над неа, да одиме по начинот на Баал ХаСулам, а не како целиот свет согласно барањата на својот егоизам – со тоа ги ограничуваме своите рамки и Создателот се однесува кон нас како со посебна заедница на луѓе.

Ако извршуваме дејствија кои се или позитивни или негативни, за нив добиваме соодветна реакција од целата наша група. Излегува дека ниедна наша постапка не поминува без последици и треба да се погрижиме да имаме повеќе такви дејствија кои ќе предизвикаат реакција одозгора (итарута де-леила), за да можеме да добиеме од горе таква светлина која ќе не искачи на нивото Аба ве-Има, која ќе не оттргне од нашиот егоистички Фараон, од ангелот на смртта.

Јасно е дека таквото „будење од горе" делува само на кратко за да не оддели од егоизмот – тоа е многу голема светлина, ГА"Р де-Бина. А потоа се спуштаме и треба постепено, чекор по чекор, да влеземе во нова состојба, во нов свет, согласно своите промени. Така преоѓаме под влијание на светлината Мохин де-Исшут.

Во таа мера, колку што можеме да се издигнеме над своите желби за наслада, „четириесет години талкање низ пустината", толку повеќе ќе можеме да ја искористиме за „освојување на земјите на Израел" (Израел – „јашар кел" – „желба директно кон Создателот"), односно ќе можеме да работиме со своите желби (АХА"П) за давање. И не заборавајќи дека секое наше дело остава трага во сите останати, треба да се знае дека извршувајќи добро дело („заповед") се добиваат и за себе и за целиот свет (односно нашата група) заслуги.

Но, оној кој ќе изврши „злосторство", односно ќе се оддели од пријателите и заради тоа ќе ја изгуби врската со Создателот, го менува целиот свет и за тоа сам ќе биде виновен. Се случува понекогаш да страда или да се радува целиот свет, а со него и самиот човек, според тоа какво влијание извршил тој врз светот – добро или лошо. Таков е законот на заедничкиот, интегралниот систем, а ние треба да го прифатиме и да се придржуваме кон него.

Од утринската лекција од 14.04.2011   на   Каб.тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica