Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Поврзани со една мрежа

04.02.2011

Порано ние учевме и ги учевме нашите деца како да живееме во стариот свет – врз основа на целокупното искуство акумулирано во него за време на целата историја. Но денес целото тоа искуство веќе ништо не вреди! Ние ќе се убедуваме во тоа ден по ден, месец по месец, откривајќи се себеси во апсолутно несфатлив за нас свет. Ние нема да разбираме што наеднаш се случува со овој свет, те на едно те на друго место. Затоа што тој сега се движи и ни се открива во вид на поврзан аналоген – а не дискретен дигитален систем.

Овој свет повеќе не се состои од одделни изолирани делови, од кои секој има некоја слобода на дејство. Особината на аналогниот систем е неговата целосна заемна поврзаност, од почеток до крај, во сите нејзини состојби. Тоа е небаре жив организам каде што е невозможно ништо да се смени без да се влијае и да без да се промени однесувањето на сите други делови. Ако ние во таква деликатна зависна состојба не почувствуваме во каков систем се најдовме – тогаш сме изгубени.

Затоа е неопходно секој човек да ја изучува науката кабала. Порано ние ги обучувавме нашите деца како да живеат во овој егоистичен свет. Но денес тоа веќе нема да помогне. Ние сме обврзани да им дадеме на децата и на возрасните – секому кој сé уште сака да живее на оваа земја, знаења за светот кој наеднаш ни паднал врз глава. Ако претходно врз нас слегувал системот на Вишо управување кој секому давал одредена слобода – тогаш денес се спушта таква електрична мрежа која секого става на свое место, не оставајќи му никаква слобода. Ако тој се движи – тогаш влијае врз целиот систем.

Секој кој почнува да се поместува го вознемирува целиот систем и затоа тој се однесува така непредвидливо. Тоа ќе ни се открива сé повеќе и повеќе во најужасна форма. Пред два дена имав средба со Генералниот директор на огранизацијата УНЕСКО и тој многу бргу ме сфати и ме прашал: "Значи Вие сметате дека и обуката денес мора да биде глобална?" – односно да го засега заедничкиот систем.

Токму во тоа е решението на проблемот – ние сме обврзани да ги обучиме и децата и возрасните како да постојат во новиот свет, во кој наеднаш се најдовме. Луѓето тоа сé уште не го сфаќаат, не го чувствуваат и го примаат со голема тешкотија, иако последиците се видливи насекаде, но човекот не го гледа тоа што не сака да го забележи. Како резултат на тоа страдањата ќе го принудат да ги отвори очите. Потребно е да го распространуваме ова знаење не чекајќи ги ударите за што повеќе да ги намалиме страдањата.

Зад црвената линија во новиот свет

Од светот на Бесконечноста, состојбата "1" ние се развиваме (се спуштаме долу) до овој свет – што се нарекува состојба "2". Од оваа состојба ние треба да се искачиме повторно во Бесконечноста, во состојбата "3", која е иста со состојбата "1" со една разлика дека во неа ние се наоѓаме веќе со разбирање и свесно. Затоа таа состојба се смета 613 пати поголема од 1-та.

Во состојбата '2" ние милиони години се развивавме во нежива, растителна и животинска форма. Но, претходно, додека слегувавме по световите: Ацилут, Брија, Јецира и Асија – времето воопшто го немало. Тоа се појавува кога ние доаѓаме до овој свет и потоа во него се развиваме околу 15 милјарди години достигнувајќи го конечно "човечкото" скалило.

Разликата меѓу "човечката" – и неживата, растителната и животинската состојба е во тоа што во Природата човекот не постои! Првично според својата природа човекот е исто така животно, само малку посложено. Тој почнува да станува човек само на скалилото кога се чувствува глобално, општествено суштество.

Односно тој не живее веќе во индивидуална егоистична форма како порано, пред достигнувањето на денешното скалило – туку мора да се вклучи во духовниот развој и да се искачи по истите скалила по кои некогаш се спуштил. Во заедничкиот општествен развој ние со цела одговорност и сериозност треба да преминеме кон духовниот развој – токму во тоа се состои нашата работа.

До таа црвена линија сé додека се развивавме егоистично не би имало никакви проблеми – зошто развитокот се одвивал сам за себе, несвесно. Но ако ние ја достигнавме состојбата кога сите се најдовме глобално и интегрално поврзани еден со друг – тоа е знак дека треба да земе друга форма на постоење, во хармонја со Природата.

Небаре стапнувајќи на непозната планета

Прашање: Која е разликата меѓу кабалата и психологијата која исто така учи како луѓето меѓусебно да се поврзуваат?

Во делот од своето практично истражување психологијата е точна и е вклучена во кабалата. Науката кабала внатре во себе содржи целокупно знаење за природата на овој свет. Таа раскажува за сé што се случува од почетокот до крајот на создавањето и затоа во себе ги вклучува сите науки на овој свет. Кабалата не ги опишува детално затоа што тоа не е нејзина задача.

Психологијата како искуство за набљудување на поединечните форми на однесување во нашиот свет била важечка сé досега. Но, денес е веќе прашање колку таа ќе биде точна во иднина – бидејќи ние навлегуваме со сосема нов, глобален свет. Врз нас почнува да влијае глобалниот систем кој не го зема предвид секој поединец лично, или односите на едниот со другиот – туку го проценува секој во врска со сите, а сите- во врска со секој. Во таква форма ние не умееме да пристапуваме на светот. Кај нас не постои наука која би можела да ни го објасни таквиот пристап.

Ние не успеавме да развиеме наука за однесувањето на аналогните, глобални системи и за законите на постоењето на сите тие компоненти, затоа што самите внатре сме биле поинакви! Човекот може да ги развива само формите кои постојат во него самиот, внатре во неговата природа. Но, ако јас не ја чувствувам врската со другите – не можам да ја развијам науката за таа врска. Во тоа е целиот проблем!

Сега ние навлегуваме во свет за кој воопшто ништо не знаеме! Апсолутно! И не можеме ништо да знаеме сé додека органски, внатре во нас, не бидеме поврзани со сите. Се испоставува дека само кабалистите можат сега да ја развијат за нас науката за таа обична овоземна реалност која сега ни се открива, - и никој освен нив! Сите други ќе се најдат сосема немоќни и нема да знаат што да прават со сите проблеми и катастрофи што се откриваат. Ниту еден специјалист не ќе може ништо да предложи: ниту психолог, ниту физичар, ниту математичар, ниту биолог. Ние наеднаш ќе почнеме да откриваме дека целокупната наша претходна наука постепено престанува да функционира во оваа нова состојба.

Затоа што врз нас дејствува нова електрична мрежа – интегрална, која ја зема предвид заедничката поврзаност на сите со сите. Сфаќате во каква тешка положба сме се нашле? Затоа е потребно колку што може побргу да ја прошириме науката кабала, за да луќето сфатат со што се соочуваат.

Ако постои некој барем мал стремеж за напредување, минимална согласност и разбирање, барем некоја информираност и желба да се сфати – тоа веќе ќе ја промени целата слика и ќе му го олесни животот на светот.

Еве и сега кон Австралија се наближува тајфун, но што им останува на луѓето – само да плачат. Тие се обидуваат да ги зацврстат куќите, да зачукаат уште неколку шајки во ѕидовите – но зар тоа ќе помогне против разбеснетата стихија...

Преместување во ближниот

Со појавувањето на екранот (масах) целосно се менува целиот редослед на желбите, дејствата, мислите и намерите. Директната Светлина и Одразената Светлина – сé станува сосема поинакво, следат други мисли, друга цел, друга скала на приоритети. Сега веќе не ми е важен сопствениот "стомак", кој за да го наполнам јас собирам сé.

Нешто друго ми е важно: како да дадам, колку да дадам, за кого го правам давањето. Порано сум чувствувал наполнување во себеси, а сега – во него. Токму тоа ги дефинира моите дејства.

На пример, јас подготвувам гозба за пријателот кој ќе допатува од странство. За себе би подготвил нешто сосема друго, но кај мене ќе дојде, да речеме кинез или латиноамериканец. Затоа јас го правам тоа што тој го сака, иако тоа апсолутно не се совпаѓа со мојот вкус. Сите мои желби и способности, сé што постои во мене јас го насочувам кон него, со љубов, од сé срце.

Замислете си до кој степен јас морам да се одречам од своите склоности, навики, за се да свртам во негова корист, да направам како што му се допаѓа, да се "вклопам" во него, да се населам во него.

Наместо секоја своја смисла за вкус, јас морам да се здобијам со неговиот вкус, наместо секоја своја навика – со негова навика. Треба да се претворам во него. Пробајте да почувствувате какво е тоа решимо кое порано било мое лично и со кое сега јас морам да работам поради ближниот.

Тоа воопшто не е лесно: јас морам да го знам човекот, да го проучам и така да го засакам за со вербата над знаењето без да ги прифатам неговите вкусови сепак да го сторам тоа. Се поткревам над мојата желба и влегувам во неговата желба. Живеам во него, во неговото грло и стомакот – секаде каде што во него ќе се одгласи мојата гозба. Таму се базирам и таму го проверувам резултатот од своето дејство. Така што решимо е многу важно нешто.

Од минатата состојба кај мене остануваат решимот без лик, без контури, без преслекување во нешто конкретно. Токму затоа јас можам да им дадам нова насока и нова форма која доаѓа од мене. Порано јас се насладував за себе, додека сега во нова форма, нова врска, нова насока јас сакам да му причинам задоволство на ближниот.

Сé е поредено на него, во негова насока, сé се чувствува во него, а минатото решимо ми дава само основа за да сфатам: како што порано се насладував самиот јас, така сега сакам да се наслади тој. Потребна е многу разнолика работа пред тоа да се оствари.

Врската со пријателите – врска со целта

Прашање: Што ми недостасува за да ги реализирам кабалистичките знаења во секојдневниот живот? Јас откривам голем јаз помеѓу тоа што го разбирам и тоа што го доживувам.
Решението е едно – да се забрза развојот. За тоа е потребно многу учење и голема поврзаност со пријателите. Тоа не бара пари, почит, власт или какви било други напори – ништо освен мислата да не се заборава на тоа. Важна е нашата меѓусебна поврзаност. И покрај неговата неподготвеност човекот сака да прави напори и да ја одржува врската со пријателите за да ја сфаќа важноста на целта. Постигнувајќи ја таа важност тој ја "пренесува понатаму" – ја шири на другите.

Од каде да се бара?

Прашање: Како можам да знам дека мојата молба до Создателот доаѓа од вистинското место? Дали навистина јас се наоѓам таму од каде може да се бара?

Мојата молба е важечка ако чувствувам дека таа е спротивна на мојата желба, ако можам да се поткренам над неа и да замолам од длабочината на срцето, ако можам да се насладам со тоа што извршив дејство наспроти првичната желба. Ударното заемно дејство (зивуг де-акаа) се случува во состојба кога внатре јас чувствувам дека сакам да се насладам, додека над тоа чувствувам дека моето дејство е спротивно на таа желба. Јас се насладувам со тоа дека му давам отпор. Тогаш тоа насладување не е за мене, како кога би се откажал од кражба.

Не, работата е во тоа колку јас се соединувам со пријателите а преку нив, во нив – со Создателот. Ако сум подготвен да изградам такво внатрешно дејство, тогаш сум блиску до дејството за давање и чувствувам поради тоа задоволство кое, се рабира исто така не е за мене.

Од утринската лекција од 04.02.2011   на Каб.Тв

 

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica