Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Помогни му на плодот да созрее

04.09.2011
Баал ХаСулам, весник "Народ": Луѓето не разбираат дека треба да бидат претпазливи и да внимаваат на секоја работа дали таа целосно е созреана. Нека биде таа работа и полесна и вистинска во својата суштина, но секако треба уште поголемо задлабочување во неа – дали таа е созреана целосно и дали се веќе доволно пораснати оние кои ја примаат за да ја примаат внатре во себе, затоа што ако им недостига време на развој, вистината и користа внатре во нив се претвораат во лага и штета.
Сите ние сакаме зрели, вкусни плодови, но забораваме дека треба да ги скинеме пред време. Во плодот кој не е зрел, има многу отровни материи, тој сè уште ја нема добиено својата крајна, корисна форма и може да направи штета, слично на смртоносниот отров. Прашањето е на кое ниво од развојот се наоѓа „плодот", односно садот, желбата. Овој критериум треба да го одредува нашиот критериум кон било што.

Токму затоа кабалистите ја чувале науката кабала од ширење, сè додека не се создале потребните услови за тоа. Луѓето треба да се издигнат на одредено ниво. Тогаш ќе им ја откриеш мудроста и тие ќе знаат како да ја искористат. Аристотел и Платон пишувале дека овој приод треба да се применува дури и во традиционалната наука – затоа што луѓето ги користат нејзините достигнувања за да создадат ново оружје и да потчинуваат други луѓе под своја власт. Колку што е можно послаби средства треба да им се претставуваат на луѓето кои сè уште не разбираат како правилно да ги искористат за општа корист. На крај обичната наука со тоа стана „несозреан плод": практично никакви технологии не би биле произведени без воени потреби. Сè се користи за создавање на средства за вооружување, а на „граѓанската" индустрија и припаѓаат само трошки. Таа судбина и се закануваше и на науката кабала, но за среќа беа кабалистите да ја одбранат, не препуштајќи му ја на милост на народот. Тие го направиле токму спротивното – ја прикривале со ореол на мистика, штитејќи ја со закани и со заплашувачки гласови. Не е важно што говореле луѓето за неа, важно било тие да се држат на растојание, создавајќи впечаток како за нешто заканувачко, лошо, опасно. Како што знаеме, кабалистите успеале во тоа, толку што денес нам ни е тешко да објасниме дека науката кабала е нешто блиско и потребно, дека таа се однесува за нашиот живот овде, а не за некој друг свет.

Тешко е да се оттргнат духовните фантазии и да се објасни вистинската перцепција на реалноста која се постигнува во човекот, а не надвор од него. За да се отфрлат стереотипите потребно е добро да се подготви почвата на која луѓето ќе растат, ќе созреваат и ќе можат да ја прифатат науката кабала во правилниот вид. Сè додека тие не се способни за тоа, ние треба многу да работиме. Овој процес воопшто не е едноставен и за нас и за нив. Друг излез нема, ние треба полека, етапно да го стимулираме општиот развој, додека се појавуваат несреќи и проблеми, трпеливо, многукратно, одново и одново на луѓето да им се објаснуваат причините за она што тие го преживуваат. За она што тие сè уште не го чувствуваат, не изговараме ниту збор, согласно принципот „од дејствијата Твои Те спознаваме Тебе".

Само за реално преживеаното искуство можеме да дадеме лесно и разбирливо објаснување и само малку повеќе од тоа. Овие објаснувања треба да се повторуваат во разни форми, додавајќи капка по капка, во согласност со тековните настани. Притоа, и нам самите секој пат ќе ни биде полесно и полесно да ја пренесуваме пораката на науката кабала. Ќе оформиме јазик, ќе разработиме средства, ќе најдеме вистински примери и на крај луѓето ќе нè сфаќаат во задоволителна мера, затоа што мнозинството нема точки во срцата и во нив дејствува само желбата за примање. Меѓутоа, кога тие ќе почувствуваат потреба за обединување, кога ќе посакаат малку да се издигнат над својот личен, едноставен, примитивен егоизам и да се соединат со ближните, секако, пак заради егоистички успех, тогаш соединувањето ќе стане посакувано. Тоа не е едноставно, бара многу време и ние треба да вложуваме напори во таа насока. А истовремено и процесот не стои во место и според тоа како народот ќе ја прима пораката за меѓусебна гаранција, ние заедно ќе појдеме кон поправањата.

Не наредби, туку знаење

Стоејќи на чело на духовниот процес ние не „издаваме наредби" на народот и никому не даваме инструкции. На луѓето им предаваме само знаење. Неколку часови во денот ги проучувам извештаите и анализите за настаните во светот, не верувајќи на сè, туку правејќи сопствена анализа и сопствен поглед на работите, врз основа на што и дејствувам. Исто вака им оставаме и на луѓето слобода на мислење. Ние само им ја предаваме методиката, која ни ја „издава" на нас Природата, методика, основана на научни истражувања.

На пример, голем дел од она што го проучувам денес, мене ми е познато од времето на запознавање со законите на системот во кибернетиката. Кибернетиката е наука за системи и нивно уредување во различни сфери: биолошка, механичка, природна, еколошка итн. Постојат многу формули кои опишуваат едни или други нивоа на уредување: влез, излез и посакувана состојба. Ова се однесува за лансирање на ракети, за трансфер при одредени услови... На пример, возот треба да стигне од точка А до точка Б, трошејќи минимум гориво, при минимална амортизација на механизмите, во рамки на максималната и минималната брзина во растојанието меѓу двете станици, без остри сопирања и забрзувања. Оптималното исполнување на, да речеме, петнаесет од ваквите услови е еден од проблемите на правилното управување.

По истиот принцип, во нашиот организам илјадници параметри се урамнотежуваат еден со друг и се сведуваат на единствената формула која ја нарекуваме „живот". Значи денес ние треба да им објасниме на сите луѓе до што ќе доведе неисполнувањето на формулата за заедничка гаранција, онолку колку што таа ни се открива денес. Всушност, станува збор за поправена и избалансирана Малхут на светот на Бесконечноста, но ние се раководиме од тековниот момент. Запоставувајќи ја формулата за гаранција, ние ќе претрпиме штети и затоа едноставно мораме да се научиме да ги исполниме нејзините параметри. На тој начин нашиот приод е информативен. Така учат и студентите на факултет, па потоа во животот самите ги применуваат добиените знаења. Човекот треба да учи за поврзаноста во меѓусебните односи и тоа треба да го научи сам, без помош од наша страна. Денес практично и нема професии кои не бараат од човекот сопствено размислување, затоа што тој сепак не е животно. Нека копа и јама, но и овде исто така, освен физичка сила, потребна е и главата.

Затоа, обучувајќи ги луѓето за правилен меѓусебен однос, ние даваме можност за дејствување на разумот и чувствата. Не ги оставаме нив на животинско ниво, затоа што гаранцијата се однесува за човечкото ниво – токму човекот во мене размислува како да се прилагоди на другите. Станува збор за внатрешен, емотивен развој. Не случајно луѓето денес бараат меѓусебно поврзување, излегуваат на демонстрации, бараат социјална правда и општо обединување. Нив им недостига тоа, а ние им објаснуваме дека таква е наредбата од Природата и согласно неа, ние треба самите да ја изградиме врската меѓу нас. Меѓусебната комуникација, меѓусебната гаранција – тоа е законот на интегралниот систем кој сме ние.

Koj e интегрален, тоj и ќе успее

Прашање: Им го оставаме ли на луѓето елементот на избор, објаснувајќи им ги законите на интегралниот свет?

Не, затоа што овие закони не зависат од нас. Претстави си вакво фантастично сценарио: доаѓа вселенски брод со вонземјани и однапред нè предупредуваат дека мора да постигнеме меѓусебна гаранција. Кој нема да ја постигне, тој, што се вели, нема на што да смета. Така дејствуваат законите на природата – одеднаш се откриваат над нас и нè приморуваат да си дадеме себеси одговор за што се случува. Условот од Природата е неминовен.

Ние дојдовме до етапата на единствениот систем, чиј закон е – меѓусебна поврзаност на сите делови. Ова и е меѓусебната гаранција, со други зборови – меѓусебната поддршка, вистинско учество во заедничкиот живот, меѓусебно разбирање и почит, другарство. Преформулирајте го ова со разни зборови, нека бидат топли и нека го греат срцето, но не заборавајте да ги известите луѓето за фактот дека ова е цврст закон и од него нема каде да се бега.

Од нашите објаснувања зависат и денешниот и утрешниот ден. Потребата од гаранција нема да исчезне, таа само ќе расте од ден во ден и ќе бара реализација од нас. Заедничкиот систем сè повеќе се затвора и се соединува, меѓусебната поврзаност станува сè потесна, трансферот на податоци во комуникациските линии меѓу нас добива на сила, притисок, интензитет. Сè појасно ќе ги распознаваме овие процеси, а со успех ќе се здобие оној кој ќе ги разбере и ќе ги прифати. На секој дел од светот, во која било заедница, во индустријата и трговијата, во воспитувањето на децата – во секоја сфера успехот ќе го следи оној кој правилно ќе го искористи интегралниот систем, кој самиот ќе стане интегрален. Тој ќе се здобие со вистински приод и вистинска пресметливост, правилно ќе составува договори, ќе успева во сè, имајќи внатре копија, слика на надворешниот систем.

Денес ние немаме таква согласност и затоа се наоѓаме во криза: јас внатре сум егоист, а системот ми се открива веќе обединет и ги опфаќа сите. На крај јас не можам правилно да се однесувам кон било кој и било што. Така, Природата ќе нè стави пред неизбежната потреба. Но, во објаснувањата сепак треба да се омекне оваа тешка порака. Нашата работа не е да го принудиме човекот, да му ги врзуваме рацете, туку да го загрееме со топлината, без оглед на неизбежните промени. Процесот драстично се менува ако се доведуваме себеси во согласност со системот. Замисли си дека народот ќе се обиде да постигне гаранција, меѓусебно сочувство. Тоа во нас ќе роди огромна желба да им помогнеме на луѓето. Тие се како деца и иако не нè повикуваат, ние се исполнуваме со нивната желба која не можеме да ја исполниме. Таа ќе нè раскинува однатре проследено со огромни болки и со самото тоа ние ќе ја повикаме најмоќната сила за да станеме нејзини спроводници. Тогаш и за нас и за нив ќе се открие Создателот. Тие и нека не чувствуваат дека тоа е Тој.

На почетните нивоа ова не се претставува со Вишата Сила, туку со објаснување на работите и силите кои дејствуваат во светот, со појава на меѓусебна поврзаност и меѓусебно влијание. Воздухот наеднаш ќе стане погуст и човекот ќе се здобие со меѓусебно разбирање, меѓусебно сочувствување со другите, со единство без зборови. Тоа е веќе откритие, затоа што човекот добива нов разум, ново чувство, ширум ја отвора својата обновена перцепција и одеднаш го забележува она што порано не постоело за него.

Ние стоиме на прагот, ова е многу возбудлив период. Јас сум многу возбуден затоа што порано во историјата никогаш немало вакво нешто, а денес ние сме обврзани за тоа. Чекам конечно да го постигнете она што го посакувате. Тоа е шанса за целиот свет – денес ние можеме да го забрзаме и скратиме целиот процес. Да се надеваме дека ќе успееме. До сега ние не напредувавме со сопствениот разум или благодарение на правилните одлуки, туку со помош на Вишата Сила и сепак нè донесоа до ова, а тоа е многу важно.

Од утринската лекија - 04.09.2011    Следете на Каб.тв
 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica