Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Праведник - е оној кој го оправдува Создателот

 

13.08.2010
Со развитокот на човештвото, нашиот материјален живот станува се повеќе комфорен, но човекот во нас се чувствува се попразен. И тогаш ние се нарекуваме "грешници" – бидејки чувствувајки страдања, неминовно го обвинуваме за тоа Создателот. Само гледајки, кога Создателот ни носи насладување, ние можеме да Го оправдуваме, како што е речено од мудреците: "Праведник е тој – кој го оправдува Создателот, односно вели, дека Тој управува со светот праведно". Односно нам ни е потребно да се исправиме така, за да почувствуваме дека вишата сила, која управува со нас, ни носи добро, а не зло, кое ние денес го чувствуваме. Целиот наш живот се дели на два дела: живот на животинското тело и живот на човек како дел од социумот, опкружувачкото општество. И ние можеме да се исправиме себеси така, за да во секој поглед да го почувствуваме својот живот совршен.

Таков човек, кој го исправил своето воспримaње, ќе се нарече праведник, ќе го оправдува Создателот, гледајки го Неговото добро управување. Тоа управување од почеток беше добро и праведно, но ние сме создадени како егоисти и се воспримаме негативно, со знакот минус – од позитивното поле на давање што не опкружува, Создателот, затоа што сме спротивни на Него. Нашата задача е да се исправиме себеси и да го направиме своето воспримање позитивно. Работејки така, ние се повеќе го прошируваме своето воспримање, од малечок "плус – до се поголем, додека тој не се претвори во ист таков бесконечен плус, како самиот Создател. Овие скалила на моето приближување кон Него во чувствувањето на доброто управување со светот и квантитативно и квалитативно, по големината и силата – се токму скалилата на возвишувањето, скалилата на "праведноста".

Баал ХаСулам пишува во писмото (Бр.59), дека "праведникот чувствува непрекинато насладување, благословувајки го за тоа Создателот, кој за него создал толку добар и радосен свет". Односно не е возможно, јас да се чувствувам лошо и притоа да го оправдувам Создателот! Кабалата не поставува никакви ограничувања. Се се одредува само со осетот на човекот, во длабочината на срцето. Ако му е лошо – тој неизбежно ќе го кара Создателот, а ако му е добро – ќе го благословува. Затоа нам ни е потребно да се исправиме себеси така, да го осетиме целото Негово добро и давање, и тогаш ние неминовно ќе станеме праведници. Праведник не е тој, кој покорно ги прима страдањата – туку тој, кој се исправил себеси за да ја осети вистината!

Црно сјаење на Малхут

На едниот пол се наоѓа Светот на Бесконечноста – тоа совршено насладување во секаква смисла: постигнување, разбирање, чувствување, вечност, совршенство. А на другиот пол – овој свет, во кој мора да се чувствува недостаток во се. Но за да ни даде можност во него некако да постоиме, се прави скривање на Светот на Бесконечноста, и ние во овој свет го чувствуваме недостигот од него сепак не во толку трагична форма – токму затоа, што Бесконечното изобилство е од нас скриено. Светот на Бесконечноста како да се намалува себеси, скалило по скалило, создавајки од себе пет нивоа на скривање – пет светови. А ние се наоѓаме под сите овие светови и затоа не чувствуваме, колку многу нам ни недостига! Но во зависност од степенот на својот развиток, ние пораснуваме и се креваме во својот егоизам, и нам постепено се повеќе ни се отвора светлината – поради што ние чувствуваме се поголем недостаток, се поголемо зло. Затоа, ако ние не се направиме себеси слични на светлината, цело време ќе ни станува се полошо!. Вреди ли да се чудиме, дека во современиот свет се случуваат такви катаклизми. Затоа што егото расте и не прави се повеќе спротивни на светлината.

Разликата ( делта) помеѓу желбата и светлината станува се поосетна, и како резултат, ние се повеќе страдаме. Кога не би постоело скривањето, сите овие светови – ние воопшто не би можеле да се поднесуваме себеси, бидејки би се чувствувале себеси во сооднос со светлината на Бесконечноста. Разликата помеѓу нас би била толку голема, што не би можеле да го поднесеме тој страшно чувство. Можеби вие веќе сте доживеале такво чувство, и ако не сте, некогаш ќе го осетите, бидејки секој мора еднаш во животот да го доживее – тоа се нарекува "Сјаење на Малхут", чувствувањето пред себе на апсолутно непропустлив црн мрак, на нешто ужасно страшно. Тоа ни се открива делтата помеѓу точката на нашиот свет и Бесконечноста, давајки ни малку да го почувствуваме тој ужасен мрак. Но сите 125 скалила на скривањето, кои не одделуваат од Бесконечноста, се создадени токму за тоа , ние да можеме да ја поднесеме својата состојба.

Позади сите тие екрани – скривања ние се чувствуваме себеси сигурно, како бебе покрај мајката, кое само не е способно ништо да направи, но се чувствува себеси под нејзина заштита. Така и ние се чувствуваме себеси под заштита на сите овие скривачки екрани, инаку ние не би можеле да го издржиме притисокот на вишата светлина. Светлината би се чувствувала како мрак! Така наречен " пулса де – нура" – светлосен удар, кога светлината ја има повеќе, отколку што кли е способно да прими. Тоа е многу непријатно чувство, бидејки нам цело време ни е потребно да се наоѓаме во рамнотежа во однос на сите влијанија – и добрите, и лошите. Дури и ако доброто се дава во изобилство, кое ја надминува можноста на нашето кли, ние не можеме да го поднесеме. Познато е, дека сите го преферираме топлото на ладното, но кога е премногу жешко – тоа веќе не е добро, не е ништо подобро од студенилото.

Заедничкиот живот на светлината и желбата

Ние сите се вклучуваме во една единствена постоечка состојба – Светот на Бесконечноста како делови на заедничкиот систем. Тој постои како единствено тело, слично на жив организам, кој се состои од различи внатрешни подсистеми, кои ги пренесуваат крвта, течноста, лимфата, нервните сигнали. Така сме сите ние поврзани на ниво на светот на Бесконечноста како еден прекрасен, вечен организам, кој работи како идеално усогласена машина слична на светлината што ја исполнува. Желбата и светлината,која го исполнува, работат во заедничка хармонија. Како во секое здраво тело, во тој систем се случуваат процесите на расширување-собирање: пулсот, дишењето, биењето на срцето. Нека желбата и светлината се спротивни една на друга, но токму благодарение на тоа, помеѓу нив постои таква динамика, која се нарекува "живот". Токму од сите тие промени се раѓа чувствотот на живот! Кога би постоела само една светлина или само една желба – ништо не би се чувствувало. Суштеството се чувствува себеси токму за сметка на тоа, дека светлината и желбата делуваат заедно во хармонија – некогаш повеќе светлина, некогаш повеќе желба. И тако цело време, едното го надополнува другото. Или светлината станува поголема, затоа што желбата намерно се намалила себеси, за да и даде на светлината можност да делува. Или светлината и дава можност на желбата да делува.
Како на лулашка – те едната е повисоко, те другата. Така ние си даваме еден на друг да се искажуваме, полетувајки нагоре! И со таа динамика на промените го раѓаме животот. Така се случува во светот на Бесконечноста, но нашата состојба намерно, вештачки е расипана, за да ја осетиме "предноста на светлината од мракот" – да ја почувствуваме својата спротивност на светлината и сами да се доведеме до совршенството. Само тогаш ние ќе можеме да го оцениме! Ако пак ти си се родил веќе совршен, ќе живееш само автоматски и никогаш нема да го откриеш тоа совршенство во целата негова длабочина. Затоа се направени скратувања и скривања, оддалечување и разбивање – се до целосното откинување на суштеството од Создателот, до крајно неисправената состојба. И таа неисправеност се наоѓа внатре во нас, во нашето воспримање – и само толку. Јас се чувствувам сега себеси во некое тело ( што е само илузија) и во некој свет ( замислен), и се затоа што се наоѓам без свест. Јас се наоѓам во светот на Бесконечноста, но во несвесно бунило си замислувам секакви слики. Токму целото тоа мое бунило се нарекува овој свет... – последното, најниското и најлошото скалило од сите можни состојби. Оттука станува јасно, дека нам ни е потребно самите да вложиме напори за да се вратиме во свесна состојба и во чувство на совршенство – тогаш ние ќе разбереме што тоа означува во целата негова длабочина.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica