Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Пресвртна точка на свеста

Мора да постигнеме висина каде ќе работиме над нашиот егоизам и тој нема да ни пречи, каде ќе се издигнеме над него и целосно ќе се ослободиме. Тогаш нема други граници за човекот.

Но засега, егоизмот ни пречи, тој е „помош од спротивното“, бидејќи ми помага да откријам нови желби, проблеми и секакви маани во мене. Ова ме поттикнува да работам и дејствувам, будејќи различни чувства и промена на состојбите во мене. Ако ништо од ова не постоеше, нашата состојба би била целосно безнадежна.

Затоа е запишано дека „Колку е поголем човекот, толку е поголем неговиот егоизам“. Но како што човекот напредува, открива поголема желба за уживање, и во истата таа желба открива повеќе и повеќе детали и фини нијанси, кои будат силни впечатоци во него. Ова се нарекува поголема волја за уживање. Да се постигне поголем егоизам значи да се стане пребирлив и нетолерантен за најмалите работи кои претходно не сум ги забележувал. И ова ме тера да извршувам нови, пофини поправки, и по некое време ме доведува до тоа да извршувам многу прецизна работа против мојата егоистична природа.

Создателот ја создал волјата за уживање, туѓа нему и нам. Но ова ни дозволи да почувствуваме еден поим: нашата разделба од Создателот како „нешто од ништо“ (Јеш Ми Ејн). Нема ништо освен ова во волјата за уживање. Го има само овој квалитет и ни трошка од некаква желба. Создателот ја создал само оваа посебна точка, која излегла од „ништо“, и била нешто сосема различно. И од оваа точка, волјата за уживање почнува да се развива како сппирала што се шири.

Сé што е присутно во оваа желба, што излегува од точката на „нешто од ништо“ се развива од Создателот, но во спротивниот облик, како во анти – свет. Создателот направил одредена точка над Неговите граници, што постои од ништо, и се довел себеси во неа. Излегува дека Создателот и созданието стојат еден спроти друг. И созданието користи сé што има од ова „ништо“ за да има ист статус како Создателот.

Во реалноста, сé друго освен оваа точка на „нешто од ништо“ е Создателот. И „нешто од ништо“ е пресвртната точка во нашиот ум и чувства, кои секогаш мора да ги поправаме.

Од првиот дел на дневната кабала лекција 14/06/12, Шамати на Kab.tv

Не му суди на она што допрва ќе зрее

Баал ХаСулам, Вовед во книгата Зохар, предмет 4: Да се разберат овие прашања, единствената тактика е да се испита крајот на делото, односно, целта на Создавањето. Затоа што ништо не може да се разбере во средината на процесот, само на неговиот крај.

Засега, нашите прашања остануваат прашања. На почетокот на работата уште не ја разбираме и не гледаме од каде доаѓа. Човекот прво мора да го разбере создавањето во неговата целост, и најважно, да го види крајот. Тогаш ќе ја разбереме почетната фаза. Навистина, ние не ја одредуваме работата; ја актуализираме и сме нејзини последици. Затоа, ќе го знаеме почетокот само од крајот.

Спротивно од нас, на Создателот не му е потребен процес кој води од почетна до крајна точка. За Него, почетокот на патот, самиот пат, и крајот на патот создаваат неделлива реалност. Ние пак, мора да поминеме низ сите фази на нашиот развој и само откако ќе ја завршиме работата ќе го разбереме патот по кој сме патувале и целта зад него. Затоа Баал ХаСулам напиша дека мора да го изучиме целиот процес до крајот.

Навистина, додека сме на патот, посакуваното овошје секогаш изгледа незрело, труло, расипано, исто како секое друго нешто кое уште не ја постигнало крајната состојба. Нема да добиеме вистински одговори на нашите прашања сé додека не ја достигнеме целта, крајот на поправањето. Секое прашање кое го имаме е празно, сад во кој мора да примиме исполнување, кое е вистинскиот одговор.

Затоа, прашањата за значењето и целта на нашето постоење се исполнуваат со одговори само откако сме ја постигнале крајната цел.

Од вториот дел на дневната кабала лекција 14/06/12, Зохар на Kab.tv

Трчајќи по фатаморгана

Баал ХаСулам наведува пет прашања на почетокот на „Вовед во книгата Зохар“:

1. Што е нашата суштина?

2. Која е нашата улога во долгиот синџир на реалноста, во кој сме само мали алки?

3. Се чувствуваме ниско и расипано, но не треба Создателот, кој нè создал, да емитува само совршени дејства?

4. Како може Создателот да ги осуди неговите созданија на такво страдање?

5. Како може нешто вечно, што нема ни почеток ни крај, да произведува расипливи, привремени и инфериорни созданија?

Многумина размислувале за тоа во текот на многу векови, уште откако човештвото стана свесно за себе. И нашата генерација ги има истите прашања. Не успеавме да постигнеме разбирање, додека ова се однесува на основни прашања за самата суштина на нашето постоење: За што живееме? Која е целта на животот? Која е причината? Каков процес се содржи во него? Имаме слободна волја? Која е целта пред нас? Дали природата е слепа или следи одредена програма? Може ли да се промени?

Освен тоа, некои прашања се поврзани со Светите писма: ако Создателот е добар, каде е Неговата добрина? Дали е во некој друг свет? Но кој ја видел? Кратко кажано, овие прашања опфаќаат цела реалност, освен животинскиот степен каде што мораме да работиме за дневните потреби.

Коментар: Малку луѓе си ги поставуваат овие прашања.

Одговор: Тоа е друг проблем; луѓето не знаат како да размислуваат за значајни нешта. Меѓутоа, овие работи дефинитивно им пречат на потсвесното ниво. Особено денес.

И во целина, дали всушност имало една личност во историјата која не се запрашала? Зошто страдам? Но во исто време, што изненадува тука?

- Страдаш бидејќи се чувствуваш лошо.

- Но зошто се чувствувам лошо?

- А зошто да се чувствуваш добро? Претпоставуваш дека доброто е нормална состојба, дека сé што е полошо не е нормално? Од каде го знаеш тоа? Можеби веруваш во Создателот? Како ќе знаеш дека постои и дека е добар? Зошто тогаш си изненаден кога се чувствуваш лошо? Можеби лошо е нормалната состојба на светот.

Така, секое прашање кое го поставува човекот кога се крева над грижите за секојдневниот живот, мора да ги содржи сите овие основни, суштински компликации, дури и ако се прикриени. Ајде малку да ги откриеме.

1. Природно, човекот не прашува; „Што е нашата суштина?“ Тоа го прашува на друг начин: „Кој сум јас? Зошто и за што?“

Децата размислуваат за овие работи и потоа забораваат. Меѓутоа, прашањата остануваат: Која е нашата улога? Каде нè води историскиот процес на развивање? Има ли цел? Дали еволуцијата е случајна или следи одреден план?

2. Откриваме дека сите делови на природата се тесно поврзани; освен тоа, нивната поврзаност не е спонтана, туку причинска, и оваа причина е над нашиот разум. Но на крајот, ние сме последици на природата и едвај разбираме дури и мал дел од општата слика.

Затоа човекот поставува прашања: Ако набљудуваме последователен процес, кој ја следи длабоката мудрост на природата, и кој природно води до одредена цел, тогаш кој сум јас и што сум јас? Каде одам? Каде треба да одам? Од каде доаѓа мојот живот? Доаѓа од друга планета? Ако да, како сум се нашол таму? Некои луѓе се грижат дека сонцето ќе се изгасне за милијарди години или дека одредено небесно тело ќе се судри со планетата Земја. „Дури и ако тоа не ми се случи мене, што ќе се случи со човештвото?“ Овие грижи не се смешни.

3. Ние сме многу ограничени и сепак сакаме да знаеме сé. Но од друга страна, кога ќе се погледнеме самите, го гледаме нашиот недостаток. И ова е точно, ако направиме споредба со големината на Природата, нејзината моќ, убавина и совршеност, прекрасните пејсажи кои сé уште не се уништени од човекот со ѕвездено небо над нас. Погледни длабоко во величественоста на Природата, копај во структурата на ДНА или на атом и ќе бидеш фасциниран од тоа што го гледаш.

Ние сме мали, многу претенциозни будали. Сé што ни е важно не е ништо повеќе од мала трошка изронета од големото платно. Каде и да погледнеме, гледаме огромна мудрост и неделливо поврзување. Зачудувачки е тоа што овие делови на природата се одржуваат еден со друг, додека ние сме причина за нивно изумирање, не успеваме да сфатиме дека ова води до наше уништување. Бидејќи без разлика колку сме горди, во реалноста природата нè храни и се грижи за нас. Ништо не се појавува од никаде. Храна, вода, облека, сé тоа го добиваме од неа, и на љубезноста одговараме со уништување. Ова сведочи за нашата глупавост. И така следи дека сé во природата е совршено, а само ние расипани.

Но како може само ние да сме расипани од сите елементи на природата? Не само што го уништуваме светот, ја уништуваме блиската иднина, и одбиваме да размислуваме за тоа. Дури кога човекот знае дека ќе умре утре, тој нема да престане, нема да пружи отпор, и пак ќе го пропатува останатиот дел од патот до неизбежната смрт. Природата непристрасно владее со неживите, растителните и животинските нивоа, но нема апсолутна моќ врз нас, ни дала слободна волја. Па зошто ја користиме оваа слобода уште повеќе да се уништиме?

Наместо да ја користиме нашата независност за добро, да станеме Луѓе со голема буква, прекрасни и полезни за себе и за другите, уништуваме сé што можеме. Зошто ни е потребна оваа слобода?

4. Зошто страдаме, кога совршената Природа ни приредила толку прекрасна цел?

5. И на крајот, како може совршениот Создател да произведе расипливи, привремени и инфериорни созданија, родени во болка, живеејќи во страдање, и умирајќи во агонија? Целиот живот на човекот поминува во потрага по задоволство кое никогаш не може да го зграпчи. Бидејќи во секундата кога нема да успее да го зграпчи, веднаш почнува да мисли на наредното задоволство. Никогаш не сме целосно задоволени, дури и ако малите нешта ни се доволни, тоа не трае вечно. Секое задоволство е проследено со празнина, и постојано трчаме по фатаморгана.

Затоа, прашањата кои ги наведе Баал ХаСулам, се однесуваат на сите до одреден степен, и мора да ги најдеме одговорите.

Од четвртиот дел на дневната кабала лекција 14/06/12, Вовед во книгата Зохар нa kab.tv

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica