Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Пробивајќи ги сводовите

25.08.2011

Книга Зохар. Глава "Ваикаел", п.132:

На јужната страна, во својство на Хесед е владетелот Псагнија, кој владее во својство на „воздух" на таа страна и заедно со него има уште многу други владетели и големци. Нему му се дадени клучевите од својството „воздух" на таа страна и сите оние кои ќе доживеат несреќи се молат на Господарот свој заради тие несреќи од длабочините на скршеното срце. Ако нивниот збор е упатен на правилен начин, тој се издига во својството „воздух" на таа страна и го прима тој владетел и го бакнува.

Бакнувајќи го, тој изговара: „Создателот ќе се смилува на тебе и ќе се исполни со милосрдие кон тебе".


Се разбира дека не разбираме што е напишано овде. Ние дури и не треба да се задлабочуваме во овие загадочни ликови. Треба да знаеме само едно: станува збор за состојби низ кои поминува човекот издигнувајќи ја својата молитва. Така тој чувствува како таа се издига на сè повисоки степени, пробивајќи ги небесните сводови. „Ги пробива небесните сводови" – ова означува дека со помошта одозгора, кога Светлината дејствува врз него, човекот гледа како неговата намера се усовршува, сè додека неговата молитва не се издигне до нивоата на големото милосрдие и човекот не добие одговор на својата молба. Затоа ние треба едноставно да пливаме по текот на текстот, посакувајќи тоа да се случи и на нас.

Молба од мене да направи човек


Денес потпаѓаме во посебна состојба, кога откриваме дека нема да преживееме ако не ја достигнеме силата на соединувањето. Притоа, треба да разјасниме зошто ни е потребна таа сила?

Дали за да се поставиме подобро на нивоата од овој свет и наместо лошата сила која владее со нас, да се обезбедиме со силата на добрината и да постигнеме рамнотежа на своето сегашно ниво? Или пак сакаме да се издигнеме повисоко кон силата за давање, така што таа ќе владее и ќе ни ја открие големината на давањето само по себе. Можеби ние се стремиме кон силата на давањето за да ја поставиме во рамнотежа со силата на примањето и спокојно да живееме во овој свет.

Во тој случај, ние сакаме да ја искористиме силата на давање за помош на силата на егоизмот, што се нарекува давање заради примање. Или пак сакаме да постигнеме примање заради давање. Во тоа е целото прашање: дали ние сакаме да владее својството на давање или егоистичкото својство? Во тоа се состои целата слобода на нашиот избор. И за тоа и говори молитвата, која се нарекува „молитва на 18-те благослови" – каква милост барам јас?

Сакам ли да се издигнам на нивото за давање и да Му причинам задоволство на Создателот, да дојдам до верба повисоко од знаење, да ги искористам сите свои желби во полза на давањето и дури и да примам заради него, целата моја желба за наслада да работи за давање? Или зборувам само за животот на овој свет и сакам да го направам подобар?

Во тоа се состои целата разлика: дали ќе постојам на животинско или на човечко ниво. Тоа е голема разлика. На животинското ниво го перципираме својот живот како живеење на телото и го чувствуваме овој свет како што го чувствуваме денес: своето тело, светот околу нас со сè што се случува во него.

Ние постоиме заради живеењето на ова тело – секој за себе. Затоа сме спремни да го урамнотежиме нашиот живот со силата за давање за да постигнеме попријатно, поудобно и поспокојно постоење. Или, се издигнуваме на нивото на човекот и добиваме вечно постоење повисоко од материјалниот свет. Материјата завршува пониско – на неживото, растителното и животинското ниво. Во нашиот свет и нема друго ниво, го нема човечкото ниво. Човек – тоа е ниво кое во себе ги вклучува умот и срцето, односно желбата и мислата, анализата. Тоа е она што произлегува од нашиот разум и срце, но не телесното.

Информациските гени (решимот) добиени од делење се соединуваат: сите срца, сите желби се соединуваат во едно срце, како еден човек и сите наши намери, односно мисли и разум исто така се соединуваат. Ова соединување и го создава ликот на човекот – некакво виртуелно суштество, кое не постои во материјата, кое не се состои од електрони и молекули кои се соединуваат во едно тело. Ние самите го создаваме, соединувајќи ги сите свои мисли и желби.

Така почнуваме да постоиме на повисоко ниво кое се нарекува ниво на човекот (Адам), што означува „слично" (доме) на Создателот, бидејќи тогаш нашите желби и намери почнуваат да дејствуваат како духовен сад – внатре во него има желба, а над желбата екран. Ова и значи да се биде човек: „предчовек" (Адам Кадмон), човек на светот Брија, Ецира, Асија.

Но, нашето тело не се нарекува човек. Ние го нарекуваме човечко во смисла на иднината, очекувајќи дека тоа ќе нè доведе до тоа, да станеме луѓе. И за тоа е посветена молитвата – да ни се помогне да ги соединиме нашите срца, односно желби, мисли и намери, така што од нив да направиме целосен лик на човек, самостојна личност.

Од што почнува човекот

Човекот почнува со соединувањето на нашите мисли и желби во најмалиот сад. Потоа тој расте сè повеќе од додавањето на нови и нови делови. На тој начин тој станува човек, Адам, кој се протега од едниот до другиот крај на универзумот. И неговото соединување, неговиот мозок и срце се градат од сите скршени делови кои се наоѓаат во секој од нас, затоа што и најмалото делче во себе содржи разум и срце.
Соединувањето на овие сили е слично на формирањето на материјата во нашиот свет во текот на целата еволуција на неживо, растително и животинско ниво, бидејќи и таа почнала да се соединува во иста таква форма.

Кога ние почнуваме да ги соединуваме своите делови, ние ги поминуваме истите тие нивоа – неживо, растително и животинско во соединувањето меѓу луѓето. Тоа се нарекува духовни стадиуми: никулец – растење – зрелост (ибур-еника-мохин). Затоа целата наша работа зависи од тоа, за што се соединуваме. Дали во нас да владее својството на давање, односно заради Создателот, заради Негово задоволство или заради самите себе, да станеме подобри кога мислиме само на својата состојба на овој свет и на нашите тела, односно се грижиме за своето телесно постоење, а не од своите честички да направиме лик на човек.
Затоа „молитвата на 18-те благослови" така добро го изразува духовниот пат, насоката, намерата, стремежот кон следното ниво на кое сега треба да се издигне светот, човековото општество. И затоа се појавува потребата од соединување. Прашањето е само заради што се случува соединувањето.

Овде човештвото се дели на два дела – на оние кои сфаќаат дека соединувањето е потребно за достигнување на човечкото ниво, ликот на човекот и тие активно го градат тој лик. Останатите припаѓаат кон желбата и се соединуваат заради добар живот на овој свет. Тие така и се делат – екранот се нарекува Израел, а желбата – целиот народ на кој му е потребно само да се доближи до оние кои ќе ја исполнат работата доделена на Израел.

Еволуција на совеста

Ние почнуваме да се развиваме и да растеме во овој свет, најниската реалност, која е опадната од светот на Бесконечноста по 125 скалила, преку 5 светови, до најниската точка. Доаѓајќи до ова најниско ниво, искра Светлина се пробила од последното духовно ниво во овој свет и почнала во него да ја формира материјата. Материјата почнала да се концентрира, да се формира, да се соединува од една со друга честичка. На тој начин веќе тргнало враќање наназад – поправање на скршеното.

Од тоа почнала нашата Вселена – неживото, растителното и животинското ниво на природата. Сите овие нивоа се резултат од соединувањето на материјата во сè посложени структури, чии што делови дејствуваат благопријатно еден на друг. Силата на Светлината, силата на Природата соединуваат одделни елементи и така се појавува неживата материја во целата нејзина внатрешна разнообразност. Материјата се формира благодарение на соединувањето на спротивни честички по определени закони. Дури потоа се појавува растителниот материјал, каде што спротивните честички се поврзуваат во уште посложени структури. Тие се мошне оддалечени една од друга, но се соединуваат без да им пречи тоа.

Потоа се појавува животинската материја, на која секој дел се чувствува себеси како одделен и во егоистичка форма сака да го зачува своето постоење. Но, со помош на силата на природата, секој од нив сепак се соединува со останатите и сите тие заедно создаваат животно – живо тело кое е способно да постои, без оглед на тоа што внатре во него постои противречност и соединување на поларни елементи. Нив ги соединува посебна сила – силата на Светлината, силата на Создателот, силата на заемното давање, без разлика на силата на битието, егоистичката сила која се наоѓа внатре во секого.

Овие две сили почнуваат да дејствуваат во меѓусебна хармонија. Хармонијата не е можна ако нема две спротивни сили кои се соединуваат заради една цел, заеднички интерес, некаква повисока состојба. А вишата состојба се заедничките интереси на двете тела – растителното или животинското.

Потоа, благодарение на развитокот на материјата на животинското ниво, таа го достигнува нивото на човекот на овој свет, уште посложено суштество – поагресивно и поегоистично. Секое суштество од ова ниво „човек на овој свет" се појавува како спротивно на сите останати луѓе. И кога тој доаѓа до границите на својот егоистички развој, тој открива дека ако сака и понатаму да постои нему му е потребна втора, спротивна сила – силата на давањето, затоа што во него се развила силата на егоизмот, но што да прави со неа понатаму? Таа нас само нè уништува.

Тука сфаќаме дека сме обврзани да ја добиеме силата на давањето, силата на соединувањето. Чувството на недостаток од силата на соединувањето, без која не можеме, тоа е чувството на криза, на поделба, на пропаст на претходните вредности. Тоа се појавува директно во нашето постоење, во нашиот живот. Апсолутно во сите области на животот, во сите дејности на човекот на овој свет откриваме дека не можеме да постигнеме рамнотежа, хармонија на таканаречениот „живот". Затоа што животот е изграден врз основа на две сили – на примање и давање. И ако дејствува само силата на егоизмот, невозможно е да се постои.

Така природата како резултат на нашиот развој, на нашата скалеста еволуција, чекор по чекор, нè води кон заклучокот дека ни е потребна и втората сила – силата на соединувањето.

Од утринската лекција - 25.08.2011    Следете на  Каб.тв
 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica