Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Програмерот и програмата

Постои еден вид на „виртуелен печатар“ внатре во мене, кој што ја печати сликата на мојот свет. Со други зборови, постои програм во мене кој што ме управува и го црта светот за мене. Но всушност тој свет не постои. Сè е внатре, во моите сетила, но програмот им дава ефект на надворешни нешта.

Прашање: Програмата исто така ми ја покажува групата во која што работам. Мене сето тоа ми изгледа дека сум меѓу други луѓе и дека донесуваме заеднички одлуки.

Одговор: Внатрешните својства прикажуваат одредени слики, сенки во различни облици, но тие всушност не постојат. На ист начин, нашата заедничка одлука и мојот внатрешен отпор на сето ова ги одлучува програмата. Има само еден начин таа програма да се поправи: Ако јас знам за неа и за стварноста која што ја прикажува таа, и сакам сè да обединам во едно, да се поврзам. Во овој случај, јас се кревам до нивото на програмерот и разбирам зошто тој го програмирал сето тоа, на таков начин, за мене. Во исто време, кога ќе се запознаам со програмата, и од друга страна согледувам кои слики таа ги црта во мојата фантазија. И така, кога ќе ја поправам имагинацијата употребувајќи ја, Јас ги проверувам и ги обединувам во едно. На тој начин, јас минувам низ различни расипаности и поправки, и на самиот крај го откривам умот на програмерот, планот на создавањето. Ова е посакуваниот ефект врз процесот – да се биде вклучен во намената на создавањето.

Прашање:  Дали ова значи дека програмерот сака да бидеме постојано во два света, замислениот и вистинскиот?

Одговор: Од голема важност е  самите да ја откриеме целта на создавањето. Зошто? Да се однесуваме кон неа со почит. Најпосле, егото ме влече надолу, ми нуди спиење и ми го одвлекува вниманието. Ако сакам самиот да се разбудам, постои само еден начин тоа да го сторам: да ја искористам оваа програма, околината, и сè што е поврзано со неа, но само ако, во исто време, го почитувам програмерот. Ова во кабалата се нарекува принесувајќи му Нему задоволство.

Прашање: Но, како јас треба да ги поврзам овие два система?

Одговор: Ти едноставно треба да бидеш заедно со пријателите. Сега, тие ми изгледаат како туѓинци, странци. Покасно, јас ќе го почувствувам тоа, и покрај оваа слика, тие се внатре во мене. Тие се мои, моите сакани, заедно поврзани и вклучени во едно. Потоа, во поврзаноста меѓу нив, јас ќе започнам да го откривам изворот, Создателот. И сето ова ќе биде како една целина.

Од утринската лекција 20.03.2013, според статијата „Давање на Тора“, на Каб.Тв

Сигнали од иднината

Прашање: Ние знаеме дека разликата помеѓу патот на страдањето и пократкиот пат е во забрзувањето во кое не ме потурнуваат одзади, туку во исто време и самиот се влечам кон напред...

Одговор: Тоа е главната идеа, да се биде повлечен нанапред. Ако те поттурне одзади е доволно да те разбуди повеќе да работиш на себе. Тоа вели дека Создателот ја става раката на некого кој има добра верба, што значи дека Тој го насочува лицето. Потоа ти ја работиш работата.

Прашање: Но со цел да бидам повлечен нанапред јас првин морам да се потпрам за нешто. Најпосле, нема да се кренам во воздух. За што да се фатам таму горе, над мојата глава, со цел да бидам повлечен нанапред?

Одговор: Тешко е да се каже. Секој има „ангел“ кој што го води. Тоа е посебна сила, насочена кон поврзувањето, во учествувањето на животот на општиот систем. Во целина, некој напредува не знаејќи каде и како, од потреби кои му се сосема неразбирливи. Ова не се потребите од типот на „парната машина на еволуцијата“ кои што пристигнуваат одзади, туку повеќе се „сигнали од иднината“, кои што влечат некаде, ми велат нешто, и во целост создаваат различни можности. Одненадеж  јас гледам и слушам нешто, пристигнувам до некого, откривам книга... на овој начин мојот „ангел„ работи. Во меѓувреме не постои јасен прецизен одговор на твоето прашање. Подоцна ќе видиш дека ова се сите сили на нашето напредување за кои што ние изучуваме во Изучувањето на десетте Сефирот. Набргу, ние ќе им се доближиме и ќе започнеме да го говориме јазикот на оваа книга...

Од утринската лекција, 20.03.2013 според статијата „Давање на Тора“, на Каб.Тв

Не можеш да му наредуваш на срцето

Прашање: Ние сакаме да ги промениме нашите намери. Дали тоа се однесува на промена на нашите мисли?

Одговор: Ти ги разграничуваш мислите од желбата, но во духовноста е спротивно, ги поврзуваме и двете. Тоа е така бидејќи мислата е всушност резултат на желбата. Дејствието произлегува од желбата и намерата која што е облечена во желбата и е наречена мисла. Во овој свет мислата ги управува чувствата, мозокот влијае врз срцето, но тие се засебни. Во духовноста желбата е срцето и намерата е умот, но тие се заедно поврзани.

Од утринската лекција, 20.03.2013, според статијата „Давање на Тора“

На првата линија од сцената на историјата

Прашање: Ако не постои желба за духовност, како да ја разбудиме?

Одговор: Ние сме во состојба во која што или ќе се разбудиме себеси во духовното напредување или напредувањето ќе нè разбуди нас. Низ историјата, почнувајки од Биг Бенг кој што ја започна Вселената па до денес, ние се развивавме од силата на природата која што нè турка напред кон страдањата. Ова се нарекува еволуција. Секој пат, немајќи избор, ја напуштаме сегашната состојба и продолжуваме кон следната состојба која што изгледа подобро. Напредуваме во подобра состојба сè додека не почнеме да чувствуваме дека повеќе не е добро и одиме кон следната состојба која што изгледа уште подобро. Ако не почувствуваме дека нашата сегашна состојба е неподнеслива, ние нема да ја напуштиме бидејќи нашите ега тежнеат кон остатокот. Зошто да променам нешто ако се чувствувам добро? Ако на мојата рака сега ѝ е удобно, јас нема да ја тргнам, но ако осетам дека друга положба е подобра а старата повеќе не е удобна,  тогаш тие сили ме движат. Ова значи дека никогаш нема да се придвижам од мојата сопствена волја, и дека секогаш постојат сили кои влијаат и ме управуваат. Кои се овие сили? Раката како дел од животинското тело се чувствува тука лошо, и бидејќи би се чувствувала подобро ако малку се помрдне - таа се помрднува. Исто е и со сето останато во животот.

Нема некоја разлика од начинот на кој што дуваат ветровите: постои притисок на едно место и недостаток на друго, вакум, и така воздушните маси се движат од место на место. Секогаш мора да постојат две сили: една што турка и друга што ќе повлече. Вака било одсекогаш во напредокот на човечкото друштво кое што има претрпено безброј трансформации од ена фаза во друга: Негативните сили притискаат одзади, а позитивните сили повлекуваат однапред, надеж за нешто добро. Сега сме во многу посебна состојба. Што е различно од останатите состојби?

Порано имавме првобитна состојба, и секундарна состојба. Во втората состојба јас го открив плусот а во првата минусот. Во првата состојба силите што одбиваат работат врз мене, а во втората состојба силите што привлекуваат. Се движам од состојба до состојба со помош на овие две сили. Ова е природната еволуција без слободната волја. Состојбата во која што сум сега е различна бидејќи јас имам слободна волја. Во сегашната состојба јас открив голем минус, но не ја открив негативната сила, тоа едвај ме турка напред. Потоа се поставува големо прашање: Што е состојба на слободната волја? Како јас може да бидам воден овде, да знам по кој пат да одам, што да правам, и што ќе стане од мене? Единствено со помош на мудроста кабала. Инаку е невозможно да се разбере што треба да направиме, бидејќи во сите минати состојби се движевме од еден степен на човечкиот развиток до следниот, но сега ќе треба да се движиме од човечката состојба кон божествената, кон духовното ниво. Па така, не може да сфатиме како да напредуваме и всушност сме во темнината. Тука е целиот проблем. Од една страна е слободната волја, бидејќи не е животинското тело тоа што наредува каде да се движам. Се чувствувам безпомошен и изборот ми е всушност над разумот. Така да, не може ништо да сториме без дисеминација на мудроста кабала. Овде „народот на Израел“ мора да ја исполни неговата задача. Сега стигнавме до првата линија на сцената на историјата.  

Од утринската лекција, 20.03.2013, според „Записите на Рабаш“, на Каб.Тв

Како се појавува сложеното од едноставното

Прашање: Седам на предавањата и очекувам да почувствувам нешто. Но во меѓувреме не ми е јасно што ме учите...

Одговор: На некому кој започнува со учење потребни му се неколку години пред да почне да разбира нешто. Па дури и тогаш тој не разбира: тој сè уште не реагира. Зборовите се веќе влезени во неговиот ум па дури и во неговите мисли, дури и неговото срце дава нешто внатрешна реакција, но тие сè уште не ја допираат длабочината на чувствата, не навлегуваат па патот на четирите фази, кои што ја означуваат секоја желба, сè уште не ја покануваат реакцијата. Отпосле пристигнува следното ниво: единката посакува да реагира, но не знае како. Тој мора да направи посебно објаснување на сетилата кои што од општата апстракција постепено се фокусираат во нешто појасно и понамерно, како вектор. После ова, ученикот почнува да реагира сè повеќе и повеќе на тоа што се случува во групата и гледа дека идните настани ќе заземат место надвор од него, во групата. За групата, тоа не се лицата на пријателите, туку полето во кое се случува развивањето. Тогаш поединецот гледа на тоа со сè поголема и поголема концентрација, здобивајќи повеќе значење и грижа за неговата поврзаност со општеството, и после тоа, се стреми свесно на никаков начин и во ниту една состојба да не го изгуби ова поврзување. Сега тој гледа дека групата е колективен дух кој што престојува меѓу пријателите кој што им припаѓа на сите нив. Постепено во нивното поле, тој почнува да распознава различни видови на сили, со различни толкувања. Но само ова не е целосната слика; наместо, има секаква разновидност на облици, тоа се односи на силите. Тоа е како да гледаме некој како говори во велосипедско тркало кое што брзо се врти... Нашето напредување оди вака до времето во кое, трпението и трудот ја играат главната улога.

Прашање: Ако распознаам одвоени „боцки“, во одвоени поврзаности, тогаш што треба да сторам во врска со ова?

Одговор: Таму постојат разни сили по кои ние заеднички се врзуваме еден со друг. Кога ќе влезам во системот, јас гледам како да ги искористам, така да тие му донесат корист нему, јас ги учам нашите поврзаности, ги разбирам и подобрувам со средства од повеќе детални поправки. И секако тоа го допринесувам за Создателот. На крајот оваа сила е нешто едноставно, нејзината акција е како прекинувач со две фази. Но заедничките врски создаваат многу комплексна слика од стварноста за нас. Материјата на нашиот свет се состои од елементарни честичќи, но погледај ја Вселената што е составена од нив. Цел раскош и разновидноста се изведени од интегрирањето и поврзувањата. Најпростите елементи од Менделеевиот периодичен систем се интегрирани на различни начини, формирајќи субстанции со целосно различни карактеристики и апсолутно различни однесувања. Можноста за заедничка поврзаност на трите компоненти: протонот, неутронот и електронот, произведуваат безкрајни облици на комплексни врски. Во врската лежи основата на сè.

Од 4-от дел на утринската лекција, лекција, 20.03.2013, според „Вовед во книгата Зохар“, на Каб.Тв

Што да бараме во собирот на пријателите

Рабаш: „Што да бараме во собирот на пријателите“: Истото е и со љубовта на пријателите. Голем напор е кога некој треба да ги суди пријателите по скалила на заслуги, и секој не е спремен на тоа. Понекогаш, е дури и полошо. Од време на време, некој гледа дека неговиот пријател не се однесува со почит кон него. Уште полошо, тој слушнал клеветнички гласини, односно тој слушнал од пријател дека некој друг пријател, кој се вика така и така, рекол за него работи кои не се добри да ги говорат пријателите еден за друг. Сега тој треба да се покори себе и да го суди по скалилото на заслугата. Ова е навистина голем напор... Како и да е, ако тој некој шири клевети, од каде неговиот пријател да собере сила да го сака? Тој знае со сигурност дека го мрази, инаку не би го клеветел, па во што е смислата на неговото покорување и неговото судење по скалилото на заслугата?

Одговорот е дека љубовта на пријателите, која што е изградена  на основата: љубов кон другите, со која тие можат да ја постигнат љубовта на Создателот, е спротивна на таа што нормално се смета за љубов на пријателите.  Со други зборови, љубов кон останатите не значи дека пријателите ќе ме сакаат. Повеќе е дека јас сум тој што морам да ги сакам пријателите. Од оваа причина, не прави никаква разлика ако пријателот го клевети него и повеќе од сигурно го мрази. Наместо, некој кој посакува  да ја здобие љубовта на останатите, на тоа лице му треба поправка за љубов кон другиот. Затоа, кога некој прави напори и треба да го суди него по скалилата  на заслугите, тоа е Сегула (лек/моќ/доблест), каде што напорот кој што некој го прави, кој што е наречен „будење од нижото“ нему му е дадена моќ од Вишото да може да ги сака сите пријатели без исклучок.“

Ова е тешко прашање. Однесувањето на единката кон општеството има различни гледишта. Првин, јас морам да ја гледам групата во совршена состојба на крајот од поправката и да разберам: „Тој што повредува друг тоа го прави низ сопствените мани“. Па така, јас морам да ги гледам пријателите како перфектни, и ако забележам некакви мани, тоа е знак на моите непоправени особини. Морам непрестано да се обидувам да ги судам пријателите по скалилата за заслугите, и ова ми покажува како самиот да се поправам и да замолам за силата на поправката. Од друга страна пак, морам да проверам што да му додадам на општеството, така што ќе го зголеми неговото влијание врз мене - така што ќе го крене мојот дух, зајакне, и да ме натера да се чувствувам сигурен. Со цел тоа да го направам, мене ми е потребна критичната гледна точка на групата, така што јас би согледал каде може да се подобри и каде недостасува целовитоста. Јас постојано се стремам да го кренам, и морам тоа да  го видам во мигот - несовршеното, да би имал на нешто да работам. Ги инвестирам силите во групата да израсне посилна и да се крене. Ако не се однесуваш за ставот на индивидуалецот кон општеството, туку кон состојбата на самото општество и неговото влијание на сите пријатели, тогаш општеството мора да биде доволно цврсто да направи секој да се чувствува сигурно и да го чува секој член на извесно ниво, да го води и да го одржува неговиот дух високо така што тој не ќе може да падне. Поради ова треба да ја согледаме вистинската состојба на општеството бидејќи ја градиме самите ние, и не може да се спогодиме за идеја која веќе е во Ајн Соф (Бесконечност) во перфектно поправена состојба.

Ние мора да видиме како можеме да ја кренеме групата за таа да нè покрене нас. Со цел да го сторам тоа, јас мора да излезам од себе, да бидам вклучен во групата, и да бидам сигурен дека отровот на клеветата нема да го отруе, туку единствено големината и целта на љубовта за сите, без исклучок, ќе престојува во него. Потоа ова чувство и подршка ќе премине на секој од пријателите и ќе ги задолжи да се сакаат еден со друг на ист начин. Постојат различни нијанси спрема видот на групата, дали се работи за група на почетници или повеќе напреднати студенти, друштво на жени, на мажи, или мешана група. Во секој случај, постојат посебни односи, но двата основни услова се односот на единката кон группата, кое што е совршено, и односот кон групата која што треба да биде крената со цел да го озрачи совршенството назад кон сите нас. Како и секогаш, во сè постојат два спротивни пола.

Од утринската лекција, 20.03.2013, Според „Записи на Рабаш“, на Каб.Тв

Заменувајќи се себе со остатокот од светот

Како што се поништувам, моето его, старото „јас„ исчезнува. Наместо тоа јас го здобивам целиот систем кој што станува мој. Не потонувам во системот, како да престанувам да постојам; наместо ова го здобивам секого! Почнувам да чувствувам дека сè што е во системот се моите желби, моите намери, мојот живот. Го живеам овој систем, ја убивам мојата желба да примам и така започнувам да ја чувствувам желбата на системот, неговиот ум, силата што го управува. Не може да бидам под два авторитета во исто време: Можам да бидам или под сопствената доминација, или, под владението на Создателот; се работи за едното од овие две. Па така, треба да ги кренам моите садови од световите на БЈА угоре до поврзаноста со Малкут на Ацилут, погоре  кон Шехина (Божественоста). Световите на Брија, Јецира, Асија (БЈА), се желбите на ХаБаД, ХаГаТ, НаХаЈ, кои се под Парса. Одпрвин ги креваме нашите садови од светот на Брија кон Ацилут, потоа желбите од светот на Јецира до Ацилут. Соодветно, состојбата на Ибур (бременост), Јеника (доенче) и Мохин (ум) се формираат во нас. Така се креваме себеси до Малкут на Ацилут, растејќи со вербата над разумот. Сè што е надворешно во мене е разграничено со пречка, од Парса, зад која постои светот на Ацилут. На оваа страна на Парса, постојат световите на БЈА, кои се нарекуваат садови на раздвојување во кои се чувствувам „себе“ . Но всушност не сум јас, туку тоа се скршените садови, кои што некогаш биле поврзани и потоа паднале, па така сега ми се отсликуваат.

Од утринската лекција, 20.03.2013. според статијата „Давање на Тора“, на Каб.Тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica