Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Различните начини кон општиот круг


Баал ХаСулам, „Арвут“ (заемна гаранција): Целта на создавањето во целост лежи на рамениците на човечката раса, црна, бела или жолта боја, без суштинска разлика. Но, бидејќи слегувањето на природата на човекот на најнизок степен, односно самољубието кое што неограничено владее со целото човештво, не постоело начин да се преговара со нив и да се убедат да се согласат да преземат врз себе дури и празни ветувања, да излезат од нивниот тесен свет во широките простори на љубовта на другите. Исклучок била израелската нација, бидејќи тие биле поробени четиристотини години во ужасни маки во дивјачкото кралство на Египет.

Целото човештво јасно треба да ја стигне до крајот на поправката, и никој не може да избега од тоа. Но процесот е постепен. Ќе започнеме од лесните спознанија, а потоа со помош на нив, ние ќе се движиме кон поправката на потешките сознанија. Најлесниот дел се нарекува „Израел" и се чини дека го „забрзуваме времето." Дури сега во моментот на транзиција помеѓу 20-тиот и 21-от век човештвото достигна ерупција на егото, кое што станува круг. Од друга страна, Израел му претходеше на овој процес и достигна ниво од големо „его“ за време на прогонот во Египет. Тогаш тие паднале од нивото што го достигнале и на крајот дошле до последниот прогон, кој траеше до нашето време. Сегашното его е многу поголемо отколку егото во Египет. Во прилог на тоа, тоа стана круг, тоа стана глобално, и е слично на облик кој ние ќе треба да го пријавиме на нашиот пат кон поправката. Назад во Египет, желбата за воспримање која се противи на врската во општиот круг била откриена кај синовите на Израел, и тоа не им дозволувало да бидат една целина. Тоа нешто се нарекува „зла склоност." Не се работи  за големината на желбата, туку за нејзиниот приговор до врската. Но остатокот од човештвото се развивало врз основа на обичната желба да го прими она што му припаѓа на овој свет и има за цел да постои во него. Сега Израел, со својата зла склоност, конечно е подготвен да биде во круг. Ние веќе го разбираме она што се случува и како да се поправи ситуацијата. Но човештвото тоа сè уште не го разбира бидејќи има стигнато до тој круг со помош на своето обично „линеарно“ его, а не со помош на злата склоност. Како резултат на тоа, многу е тешко за народот на Израел да се поврзе. Нема друга нација што е  поделена како оваа нација. На овој начин злата склоност, која другите нации ја немаат, се открива во неа. Многу е тешко, за нацијата на Израел, да ја изврши поправката, иако тие веќе поминале низ оваа патека. Денес Израел има само искршен Решимот (сеќавање).

Од друга страна, народите на светот се подготвени да учат за поврзаност што ќе го подобри нивниот живот. Бидејќи тие немаат разнишан Решимот тие не се противат на поврзаноста, иако видат дека „линеарната" поврзаност ќе им обезбеди подобра иднина, тие ќе ја прифатат. Излегува дека ако Израел го помага поврзувањето на светот, нивната врска станува поблиску. Јас дури не можам да замислам како тие можат да започнат да се поврзуваат без неа. Ова исто така објаснува зошто е потребен надворешен притисок врз народот на Израел. Овој притисок веќе се зголемува и тој ќе се зголеми и ќе стане вистинска закана од уништување. Инаку, Израел едноставно нема да разбере што и колку се бара од него, со цел да се ослободи од надворешниот притисок. Се работи за суштински надворешен фактор кој што му овозможува да размислува за поправката.
Од утринската лекција, 22.05.2013, Спред Писанија на Баал ХаСулам „Заемна гаранција", на Каб.Тв

Системот не може без мене


Баал ХаСулам, „Арвут" (заемна гаранција): Поединецот може да им помогне на сите луѓе во светот во искачувањето нагоре по нивоата на љубовта кон другите. Така тој влијае на одредена мерка на унапредување на скалата на љубовта за другите, во сите луѓе на светот во целина. Тоа е затоа што тој степен, што таа единнка го предизвикала од неговите дејствија, дали голем или мал, во крајна линија, во иднина, се приклучува во менувањето на светот до скалилото на заслугите ... И оној кој ќе изврши еден грев, што значи дека тој не може да го надмине и да го освоји своето валкано самољубие, а со тоа го краде или прави нешто од тој вид, се осудува себеси, и целиот свет, на скалилото на гревот.


Така  можеме да го видиме кабалистичкиот поглед на реалноста како единствен систем. Се разбира, кога некој се казнува себеси на скалилото на заслугата или на обемот на гревот, тој го казнува целиот свет на ист начин. Неговите дејства задолжително ги погодуваат и влијаат врз сите други механизми и останатите делови на целиот свет па се спуштаат до последниот. Денес ние тоа го откриваме во реалноста, но всушност сите светови, вклучувајќи го и нашиот свет, се систем кој е меѓусебно поврзан. Значи ние треба да ја признаеме одговорноста за правење на вистинскиот избор, за само-казнувањето на скалилото на заслугите, во димензиите на целиот систем. Морам да го разберам она за што сум одговорен кога се грижам за поправката. Морам двојно да ја зголемам мојата загриженост, според тоа како ќе ја замислам општата слика. Тоа е затоа што со откривањето на нечистотијата на самољубието, некој одзема одреден износ од казната во финалното ниво на заслужените оценки. Ова е слично на тоа кога некој отстранува од скалата единечно семе од сусам што таму го оставил неговиот пријател. Бидејќи тој не можеше да ја надмине својата ситна страст, тој ја турка духовноста на целиот свет наназад.

Во овој систем ние постојано се наоѓаме, и најмалото движење од страна, дури и од еден милиметар е доволен да го покрене целиот систем. Но, постои механизам на слабеење, „филтри" на прикриеност, или световите. Системот е целосно откриен во светот на Ајн Соф (бесконечност) во својата целосна големина и длабочина. Соодветно на тоа, кој било да е таму мора да биде одговорен за целиот систем, како што се чувствува и целосно да го управува, без недостаток, исто како и Создателот. Таму, сите ние сме целосно еднакви на Него, се придржуваме до Него. Од друга страна, тоа е нашата одговорност и наша обврска да влеземе во системот интегрално, со разбирање на нашиот ум и нашето чувство, кои зависат од сегашното ниво кое што е дел од нивоата кои се спуштаат од Ајн Соф.

Ние сме одговорни за системот во целина, бидејќи тоа е квалитативна, а не квантитативна особина, но во помала мера. На пример, јас сум одговорен за одржување на системот „чистење“, а ти си одговорен за неговата „боја“ или некој друг за „електричната енергија“, друг за „климатизацијата“, и така натаму. Така јас ја исполнувам единственоста на мојата душа, зашто без мене никој нема да го сочини делот што морам да го исполнам кога ќе работам на системот на мојот, за мене уникатен стил. Без мене не ќе се достигне целост, бидејќи тоа е составен дел од природата. На секое ниво се зголемува мојата одговорност: Тоа е како јас да сум го заменил Создателот во различни погледи, и кога ќе започнам да го разбирам системот, почнувам да го разбирам Него, да го чувствувам Него, и да личам на Него.

Системот всушност е односот помеѓу пријателите. Впрочем, не постои ништо освен тоа. Ние откриваме сè што е во пријателите, во човештвото, во материјалната, растителната, животинската природа. Ова значи дека ние мораме да ги откриеме сите делови од овој свет во прилог на самиот свет. Оваа збирка на врски се всушност духовните светови, заемното давање, системот на создавањето. Тоа е како да ставиш специјални очила и да ги видиш сите меѓусебни поврзувања помеѓу сите компоненти. Но, овој систем се открива постепено. Првин во групата од десет, а потоа расте пошироко и подлабоко во спознавањето дека ние не би можеле тоа да го откриеме поинаку. Прво тоа беше тешко да се забележи врската помеѓу нас, и да се спознае, но со текот на времето тоа се открива повеќе во нашето разбирање и чувство и во повеќето различни облици. Така ние можеме да се поврземе и да ги откриеме системот и силите кои работат во него, кои се всушност Создателот кој го одржува целиот овој комплекс. Ние го откриваме обликот, кој Тој го создава во однос на желбата. Тој е откриен во материјата, а не во апстрактниот облик, и не е во суштината.
Од утринската лекција 22.05.2013, според делата на Баал ХаСулам,на Каб.Тв

 Минималната мерка на духовната реалност


Рабаш, „Што значи владеење на „Љуби го твојот пријател како себеси“, што нам ни дава?"

Бидејќи „целиот Израел е одговорен еден за друг“, преку сите, тие сите се чуваат. Тоа е како секој да ги исполнува сите Мицвот. Оттука, преку 613-те Митцвот, можеме да го постигнеме законот „Љуби го твојот пријател како себеси."
Сите духовни закони се составни закони и тие постојат само кога постои целата структура. Не постои малку во духовноста, и така сè започнува од формирање на група од десет луѓе“. Десет", Минјан, минимална мерка во која може да постои духовната реалност. Тоа е како примерот на групата на Раби Шимон чии студенти ја формирале правата мрежа, меѓу нив, и со тоа го достигнаа крајот на поправката преку постигнување на сите 125 степени на духовното скалило. Така, сè зависи од формирање на Минјан. Сите закони на реалноста можат да бидат откриени во една мала група, поради тоа што таа е алатка наменета за на Создателот да Му се принесе задоволство. Таа алатка мора да се прошири колку што е можно, ние мора да излеземе од групата од десет и да даваме и да ја шириме таа порака по светот, со цел да го поврземе остатокот од реалноста за нас.

Како заедничко вградување, исто така, влијаеме на структурата на десет и помагаме во нејзиното калибрирање, што значи нејзината внатрешна поправка што му припаѓа на исполнувањето на 613 Мицвот (заповеди). Со собирање и поддршка од еден на друг, групата од десет е доволна за постигнување на сите создавања (што значи исполнување на сите 613 Митцвот). Тоа е затоа што неговата структура е компатибилна со структурата на оригиналните Сефирот. Значи, тоа е конкретно Минјан-група од десет лица, ништо повеќе и ништо помалку, тоа е вистинскиот сад на поправката. Меѓутоа, кога зборуваме за исполнување на љубовта на другите и љубовта на Создателот, тоа се исполнува со проширување на садот. Таа Минјан станува една обединета, која што работи со цел да го поправи светот кој што е надвор од групата од десет.
Од подготовка на дневна лекција,22.05.2013, на Каб.Тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica