Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Рецепт за вечна младост

05.11.2010
Прашање: Од кога јас почнав да ја изучувам науката кабала и дојдов во групата, јас чувствувам, дека во мене растат желбите за секс и останатите овоземни насладувања. Како јас треба на тоа да работам?

Напишано е: "Секој, кој е поголем од својот пријател, поседува голем егоизам". Во текот на целата наша историја ние се развиваме егоистички, нашето его цело време расте. На крај ние достигнуваме таква состојба, кога веќе целосно го искористуваме сиот огромен егоизам, својствен за овој свет. Затоа луѓето чувствуваат очај, тонат во депресија, наркотици, се шири теророт и останати несреќи. Ние веќе не знаеме, што да правиме со својот живот.

Сега ние треба да се пробиеме понатаму, со уште поголем егоизам, за да го достигнеме духовниот свет, Создателот. Затоа луѓето, доаѓајки до науката кабала, мислат, дека сега тие ќе бидат како "ангели со криља", небаре само "криља" им недостигаат, бидејки никакви насладувања на овој свет нив веќе не ги исполнуваат. Но кога човекот почнува да учи, во него наеднаш повторно се откриваат желбите за храна, секс, патувања и останати задоволства на нашиот свет. Зошто?

Егото расте – тука нема што да се стори. И тоа не зависи од возраста. Човекот може да има 80 или 90 години – тоа не е важно, тој ќе почне да чувствува желби како да е млад. Јас не сакам тоа да го рекламирам, инаку ние ќе се претвориме во група на постара возраст. Но навистина – нема спас.Во човекот, кој ја изучува науката кабала, мора да растат сите желби. Бидејки основа на сите насладувања – е сексуалното насладување, чиј корен е соединување на светлината и желбата/кли, спојување на машкиот и женскиот дел на суштеството, затоа пред се човекот чувствува растење на сексуалните желби, до такви размери, какви што порано ги немало. Порано тој бил спокоен човек, сите негови желби биле во рамнотежа. Но сега тие се пројавуваат во толку преголем облик, што почнуваат да сметаат да се живее...Сето тоа е точно и познато е, дека со започнувањето на изучувањето на науката кабала сите наши желби и склоности почнуваат да оживуваат. Што да се прави со тоа?

Искрено речено, као што е познато од науката кабала, нам ни е забрането да им се спротивставуваме на своите желби. Не оди наспроти "почетното зло" директно,како да сакаш да војуваш со него, како херој. Ти не ќе можеш ништо да сториш! Само задлабочи се во изучување, во групата, колку што може повеќе соедини се со нив, за вишата светлина посилно на тебе да влијае. Само на таков начин ти ќе можеш тоа да го поминеш – со семожните препреки од околу. И не постои избор.Сето тоа е наменето за да се очисти намерата, мислите, за во сите тие препреки да се бара точката на врската со групата, бидејки во неа – е сета твоја слобода на изборот. Затоа тебе ти се даваат такви состојби, за ти уште повеќе да зацврснеш во својот избор.Дури врз основа на сите овие желби за пари, секс, семејство и останатите насладувања на овој свет. Врз основа на тоа – зацврсни се во групата, реализирај го својот единствен избор.

Ти немаш избор да војуваш со своите желби. Не прави глупости, не оди против нив, бидејки таму не влијаеш ти. Тоа не е твоја работа! Тебе ти даваат надворешни услови, за врз основа на нив, ти уште повеќе да ја реализираш својата слобода на избор. Тоа е неопходно да се сфати во сите ситуации од нашиот живот. Однесувај се како сите во нашиот свет: дома, семејство, работа, одмор, здравје – се' како и обично. А целото свое внимание насочи го на единствената слобода на избор.

Правилно распространување

Ако ние сакаме да предизвикаме добри промени во светот, не воведувајки закони, не насилно, туку реално, тогаш тие промени треба да се одвиваат во човечкиот разум. Треба сеопфатно да се стави до знаење, дека науката кабала зборува за човекот и неговата преобразба, по негов избор и со реални методи. Ние ги прошируваме групите и надворешното распространување, но клучот кон успехот лежи во генералната внатрешна взаемна поврзаност. Ние сме одреден дел од човештвото, кој е поврзан со сите останати делови. И затоа обединувањето, кое ние ќе го достигнеме меѓусебно, ќе се разлее, како светлина, по каналите на врската – без наше знаење, и без знаење на другите.

Од утринската лекција /05.11.2010

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica