Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Светлина наместо страдање

 

26.05.2010

Во минатото, луѓето кои што сакаа да достигнат духовност мораа да го измачуваат своето тело, за да ги уништат своите егоистични желби и да се здобијат со нова, природа на давање. Ова беше вообичаено во времето на нашите предци и мудреци на Мишна. Следеше ерата Талмуд, и мудрите луѓе од таа ера, Кабалистите во тоа време, го променија условот за трансформирање на нашата егоистична природа во природа на давање и духовност, преку сопствената духовна работа.

Секој период воведуваше свој сопствен исправен дел во заедничкиот систем на душата. Како резултат на тоа системот стана делумно исправен, овозможувајќи им на оние души кои што сè уште не се исправиле, да добијат помош од оние исправените. Така, не треба повеќе да го измачуваме и ограничуваме нашето тело. Всушност, ние не сме ни способни да го направиме тоа, заради нашиот голем егоизам.

Мудрите луѓе од Талмуд ни го олеснија патот, и делот од нашата желба што требаше да го поправиме преку измачување на нашето тело, сега може да го поправиме со помош на Светлината што менува. Нашите предци и мудри луѓе од Мишна се исправија себе си преку две активности: со измачување на телото, и привлекување на Светлината на Тора.

Спротивно од тоа, мудрите луѓе од Талмуд го исправија системот, така што наместо преку страдање, можеме да се исправиме себе си со помош на Светлината на Тора. Ова е од суштинско значење за нашето време, бидејќи кој има сила да се одрече од достигнувањата на модерната цивилизација?

Кабалистите од Талмуд се исправија себе си и својата поврзаност во заедничкиот систем, со тоа што направија голем исправен дел. Јас сум роден неисправен, и грешник, но, постојам во систем во кој што постојат многу испрвни делови кои што го одржуваат. И ако можам да се исправам себе си, има некој од кој што можам да побарам помош и со кој што можам да се поврзам. Топката сега е на мој терен.

Волшебни двогледи

Прашање: Како успевате да разберете што е напишано во книгата Зохар? Може ли да ни ја кажете тајната?

Одговор на Д-р Лајтман:Повеќе гледам отколку што разбирам.Јас едноставно гледам.Да претпоставиме дека јас и ти стоиме заедно, и јас имам двогед, додека ти немаш, и можеби твојот видокруг не е толку голем. Ме прашуваш „Што има тука? Што има таму?" Гледам со моите очи, и ако не е доволно, гледам низ двоглед, телескоп, или микроскоп.

Со други зборови, имам средства да гледам, и ти кажувам што гледам. Во меѓувреме, ти тоа не го гледаш. Тоа е нешто сосема ново за тебе, нешто чудно што може, или може да не постои. Сето тоа е нејасно, збунувачко, и непознато за тебе. Затоа треба да се стекнеш со следниве направи: „двогледи ", „телескопи", „микроскопи". И со цел да ги добиеш, ти треба Вишата Светлина.

Овие направи се екранот што ти помага да го видиш новиот,Вишиот Свет.Нам единствено ни треба да ја побудиме Повисоката Светлина врз нас, и најефикасните средства, бидејќи ова е заедничко учење во група со користење на кабалистички извори.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica