Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Се развиваме со ударен метод

Речено е, дека силата од Вишиот свет, соодветна на тревката во нижиот свет, ѝ нанесува на таа тревка удари, принудувајќи ја да расте во согласност со нејзината намена. Тие удари се чувствуваат во чувството и разумот, но пред сè – во чувството. Бидејќи ние сме сензибилен сад, желба за насладувања – и под ударите таа се стресува. Ударот доаѓа до желбата, кога таа изненадно открива дека нејзините претходни претстави се невистинити. Задачата на ударот е да го нурне човекот во подлабоко чувство. Како чекан, што кова шајка во дрвото, ударот нè втурнува уште подлабоко во материјата на желбата. Тогаш ние почнуваме поинаку да чувствуваме и како последица на тоа, да ја сфаќаме во подлабоките детали на перцепцијата.

Заради ударот јас сум збунет, ја губам контролата. Но во реалноста така и треба да биде: колку подалеку човекот напредува, толку повеќе удари се рушат врз него. Секоја секунда тој се збунува и открива нешто ново за себе, и повторно, и повторно. Вие ќе почувствувате како внатре постојано, непрекинато штрака тој механизам. Малите удари постојано ме туркаат во хаос, на тој начин помагајќи сè повеќе и повеќе да сфаќам, сè повеќе и повеќе да чувствувам. Меѓутоа, за навистина да се почувствува нешто ново, треба да се поминат многу такви циклуси. Секогаш има повеќе конфузија, отколку чувства, и само после многубројни конфузии доаѓа ново чувство. Потоа повторно низа на збунетост и мали процепи – и повторно ново чувство. Кратко речено, ударите се корисни, бидејќи ги даваат „ангелите” – силите, одговорни за нашиот развој.

Од утринската лекција, 26.11.2012, на Каб.Тв

Формирање на духовна држава во светот

Од статијата на Баал ХаСулам „Прогонство и ослободување”: Јас предлагам народот на Израел да им каже на нашите несреќи: „Доста!” и да направи пресметка, базирана на сите лоши случувања, кои одново ни се враќале, исто и тука, на нашата земја, каде што посакавме повторно да го ја обновиме нашата држава. Бидејќи како народ немаме никаква надеж да се задржиме на оваа земја, сè додека сериозно не се зафатиме со изучување на науката Кабала, без какви било попуштања, придржувајќи се на категоричниот услов да работиме заради Создателот, а не егоистички, заради себеси. Додека не ги воздигнеме нашите цели над материјалниот живот, ние нема да достигнеме преродба на материјалната благосостојба, бидејќи духовното и материјалното во нас не можат да се комбинираат заедно, затоа што ние сме – поборници на идејата. И иако сме потонати во материјалното, а духовното се наоѓа зад четириесетидевет порти од нас, сепак ние нема да се откажеме од идејата. Затоа наша возвишена цел е достигнување на Создателот.

Се разбира, дека народот на Израел може да постои само под услов да престојува во заемна гаранција. Тоа е основата на нашиот народ. Тогаш ние ќе можеме да воспоставиме правилна форма за нашата држава, зошто во спротивно нема да можеме да постоиме. А тоа не е можно без да се наоѓаме во намера за давање, „лишма”. Само во тој случај ние ќе можеме да достигнеме просперитет и безбедност во нашата држава. Затоа што сè зависи од внатрешната намера, која ги определува сите други аспекти од животот. Затоа Баал ХаСулам вели, дека не треба да се мисли на материјално формирање, и згора на тоа, да се обидуваме да станеме исти како другите народи, бидејќи ние постоиме тука на апсолутно поинаква основа – не по принципите, што ги имаат сите други народи на светот. Народите на светот живеат според законите на желбата за насладување, и затоа успеваат да го средат својот материјален живот во овој свет, се чувствуваат себеси и меѓусебно се разбираат. Додека народот на Израел – не. Нам ни е потребно духовно формирање, и зависно од тоа во која мера ние ќе ја реализираме нашата духовна мисија, во таа мера ќе се среди нашиот материјален живот. Нема да имаме потреба за тоа да се грижиме, бидејќи кога ќе го достигнеме духовното ниво, ќе се развие таква рамнотежа на силите меѓу материјалниот и духовниот свет, која ќе го одреди нивото и формата на нашата материјална егзистенција.

Затоа, единствено што ни е потребно е духовно, колку што е можно повнатрешно решение. Сè друго ќе се среди автоматски, како проекција на внатрешното врз надворешното. Истото важи и за целата наша светска кабалистичка група, наречена „Исраел”, што значи директен стремеж кон Создателот (Јашар – Кел). Ако сакаме таа група да порасне, и да биде извор на ова знаење, егзистирајќи како духовна држава во светот, тогаш пред сè треба да се грижиме за нашиот внатрешен квалитет. И покрај тоа, да вложуваме напори за дисеминација. Најважното е нашето меѓусебно соединување, кое го одредува степенот на нашата успешност. Ние мораме да излегуваме во светот и да добиваме од него инспирација, за да не ја губиме врската со нив, да го шириме во светот методот на кабала и заемната гаранција. Но пред сè, сето тоа треба да произлегува од грижата за нашето единство и соединување, заемната гаранција меѓу нас, за да го насочиме тоа кон давање, т.е. донесување радост на Вишата Сила. Во сè, што се однесува на Исраел, стремежот директно кон Создателот – внатрешното го одредува сето останато. Затоа и тука, на земјата Израел, ние треба најпрво да се погрижиме да стекнеме внатрешна сила. И ако ја имаме, тогаш никој не ќе може да ни нанесе никаква штета.

Од утринската лекција, 26.11.2012, на  Каб.Тв

Да се погрижиме за духовната потреба

Прашање: Како да се задржиме себеси во состојба на постојана потреба за духовно исполнување?

Одговор: Тоа е проблем што доаѓа и си оди, доаѓа и си оди, и така постојано и наизменично. Што да се прави: тоа зависи од пријателите. Ако тие ми ја промовираат големината на целта, величието на Создателот, величието на групата, своето величие, ако наеднаш гледам колку тие напредуваат, а јас не, и јас почнувам да се поттикнувам себеси со помош на гордоста, зависта и т.н., тогаш кај мене се појавуваат нови келим/садови, нови празнини. Односно, многу е важно да се биде љубоморен: „А зошто јас не?” Тоа е важно за напредувањето. Тоа го движи човекот. Затоа групата треба на некој начин да го иритира секој човек. Таа треба на некој начин да флертува со него, цело време возбудувајќи кај него стремеж за движење напред. Тој мора да гледа во своите пријатели луѓе што одат напред. „Тие се напред, тие се повеќе наклонети еден кон друг, наоѓаат заеднички јазик, повеќе се спонтани еден со друг, - гледај како тие веќе се зближуваат. Меѓу нив почнува да се создава духовна супстанција, додека јас сум некаде на страна, не можам како нив”. – Такви состојби кај човекот се многу корисни.

Од утринската лекција, 26.11.2012, на  Каб.Тв

Давање над отворената празнина

Прашање: Како треба да си ја замислувам идната состојба на светската група: како подем над сите противречности или како состојба на хармонија и развој?

Одговор: Не, нема да има никаква хармонија! Егоизмот никогаш нема да добие ниту едно исполнување – Малхут на светот на Бесконечноста ќе остане црна и празна. Цимцум Алеф (Првото скратување) не исчезнува, не се менува и не се враќа, тоа останува. И над таа црна празнина се гради ново кли, нов сад, нова желба, која дејствува само за давање. Односно јас, со сите свои егоистички желби, никогаш нема да добијам никакво наполнување, сите тие ќе останат празни, црни, отворени. И над нив јас ќе добијам наполнување во особината на давање. Затоа нашата игра е поинаква, за разлика од другите методи. Веќе сега ние играме небаре сме во идниот свет. Како што рекол Кузма Прутков: „Сакаш да си среќен? – Па биди”...  и толку, прави го тоа сега. Насликај го идниот свет, и биди во него. И кога сето тоа така ќе си го замислиш, што се вели „да се оди со верба над знаењето”, тогаш почнуваш да имаш потреба тоа да се случи. Ова дејство е молитва, замисленото од тебе да се манифестира во реалноста - и тогаш тоа се случува.

Од утринската лекција, 26.11.2012, на Каб.Тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica