Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Скромен и срамежлив Господар на светот

Речено е: „Таму, каде што го наоѓаш Неговото величие, таму ќе ја најдеш Неговата кроткост”. Со нас владее егоистичката желба, за која е важно само насладувањето, што може да го добие, и не може да го почувствува она што се случува внатре во друг човек. Таа особина се нарекува гордост и не претставува порок – тоа е само особина која ни е дадена одозгора. Ако човекот поседува голема, развиена егоистичка желба, тој не ги чувствува другите. Колку поинтензивна е неговата лична желба, толку повеќе таа го затвора, и човекот се чувствува само себеси. Тој воопшто не е способен да почувствува друг човек, и само прави калкулација, каква штета или добивка може од него да добие. За навистина да почувствуваш што се случува внатре во другиот човек, треба да излезеш од себеси, и да се наоѓаш во духовниот свет. Затоа не е зачудувачки, што сите ние се чувствуваме отцепени еден од друг. Во нашиот свет оваа особина ја нарекуваме гордост. Но вистинската гордост постои само во духовниот свет, и таа се буди таму во човекот,но во однос на Создателот.

Кога човекот почнува да се поправа себеси, во него се буди посебна желба да се наслади. Таа желба го принудува да го игнорира Создателот, да се чувствува себеси повисоко од Него, и да се стреми лично да владее. Таа желба се манифестира во различни облици, против кои човекот добива 10 удари, наречени „египетски казни”. Самиот човек не е способен да ја намали и омаловажи својата гордост, и има потреба од посебна помош одозгора. Што повеќе тој се омаловажува, а соодветно на тоа, го открива во тоа место величието на Создателот – на истото место тој открива, колку Создателот е скромен. Скромноста е симбол на совршенството. Само оној, кој чувствува недостаток во нешто и сака да се наполни, да почувствува дека владее - тој бара почит, власт, признание на себеси над сите други.

Ако човекот престојува во совршенство – тоа е скалилото на Бина, кое посакува само давање (хафец хесед). Тој нема потреба од ништо, и затоа воопшто не се проценува себеси во однос на другите! Напротив, ако тој се чувствува себеси во совршенство, тогаш посакува да им го пренесе тоа прекрасно чувство на совршенство на сите други. Бидејќи во природата на Добрата сила е да прави добро, истиот тој стремеж да се прави добро се појавува во суштествата, кога тие стекнуваат добра природа. Тоа ни се случува нам, ако сме способни да го откриеме величието на Создателот. И тоа зависи само од нас, бидејќи Создателот не се менува, туку се менуваме само ние, така, што можеме да Го видиме голем. Тогаш ние во нашите чувствувања исто така откриваме, дека Тој е скромен, зошто ние сме станале и самите такви. Ние постигнуваме сè во нашите лични особини. Ако откриваме, дека Создателот е скромен – тоа е знак дека ние сме скромни. Така делува законот за соодветност на особините, и се одвива нашето напредување кон спознавањето на Создателот.

Од утринската лекција, 14.10.2012, на Каб.Тв

Внатрешни промени: високофрекфентен опсег

Прашање: Што за нас значи реализацијата на правилото на љубов кон ближниот, како кон себеси?

Одговор: Тоа значи да престанеш да ја чувствуваш разликата помеѓу тебе и пријателот. Такво е првото правило, на кое треба да му се додаде трепет и верба. Мајката, на пример, поседува инстинктивна љубов за своето дете. Дали е тоа доволно? Не. Љубовта ја активира мајката, и се манифестира во негата на детето, во постојаната грижа за него. Значи, љубовта е недоволна, потребен е и трепет, грижа за саканиот, заемно соединување со него, грижа за неговите желби, вистинска загриженост за нивното задоволување. Тогаш, по чувствувањето на трепетот, јас ја манифестирам, ја изразувам својата љубов, и тоа изразување се нарекува „верба”. Значи, љубовта е суштина за правилниот однос кон ближниот, меѓутоа целта на созданието не се ограничува со тоа. Ние заемно се соединуваме со ближниот, го наполнуваме, создаваме заеднички сад, и од љубовта кон ближниот доаѓаме до љубов кон Создателот.

Прашање: На кој начин љубовта кон ближниот може да дава сили, да обезбедува „гориво“? Како човекот, кој е заглибен во самољубието, може да ги почувствува желбите на другите?

Одговор: Со помош на Светлината, која враќа кон Изворот. Без неа, се разбира, не може никако.

Прашање: Значи, ние само треба постојано да генерираме желба, насочена во тој правец? Тогаш Светлината ќе нè врати кон Изворот?

Одговор: Да, нашата работа се состои само во тоа, да создаваме потреба од љубов, заемна поврзаност, заемно соединување, да посакуваме да бидеме присутни во ближниот, да ја прифатиме неговата желба наместо својата. Со такви дејства ја предизвикуваш Светлината врз себе. И пред сè, треба да знаеш со што може да станеш сличен на Светлината, на нејзината природа. Таа е една, бесконечна и едноставна, таа е давател, таа сака да им носи добро на сите. Ако барем во нешто стекнеш ист таков стремеж, во исто толкава мера ти ќе ѝ се доближиш, и тоа зближување ќе повлијае врз тебе. Светлината е непроменлива, но со своето тежнеење кон неа, ти го интензивираш нејзиното влијание и тоа, на својата лоша и добра склоност. На ниво на законите од нашиот свет, тоа се рефлектира во фактот дека влијанието на општото поле е обратно пропорционално на оддалеченоста на квадрат. На таков начин, ако го скратуваш растојанието напола, Светлината влијае врз тебе четири пати посилно.

Прашање: Ние ја привлекуваме Светлината за време на учењето. Што треба да правам во текот на денот? Како да работам со пријателите, за да создадам правилна желба за следната лекција?

Одговор: Во текот на денот ти исто така ја привлекуваш Светлината, бидејќи сепак ја имаш врската со главниот. Освен тоа, поврзан си со светската група, која не ги прекинува своите напори. На пример, штафетата од нас ја презема Австралија или Јужна Америка. Ние сме еден сад, една целина, и работата не се ограничува со твоето учење. Се разбира дека за време на лекцијата привлекуваш повеќе Светлина, но генерално, ние работиме деноноќно во целиот свет.

Прашање: На каков начин можеме најефективно да ја привлечеме Светлината? Што треба да прави секој пријател, од каде и да е?

Одговор: Треба да посакуваш да се поправиш во љубовта кон другите, да се соединиш со нив, и со самото тоа да направиш место за откривање на Создателот. Токму со тоа ние Му причинуваме најголемо задоволство. Токму во тоа се содржи целото наше насладување – истото, кое Тој сака да им го донесе на Своите суштества.

Прашање: Постои ли можност да се проверат нашите напори, да се добие одговор од општиот систем?

Одговор: Ако секој од нас вложува малку напори, ќе почне да ги чувствува промените во себе секој ден, во споредба со денес, кога чувствува нешто ново, да речеме, еднаш или двапати во месецот. Потоа тие промени ќе се спојат во континуирана низа: влез-излез, влез-излез – на секои неколку секунди. Соодветно на тоа, ќе се промени твојот однос кон нив: ќе го добиеш својот стабилен пат, и ќе можеш да ги класифицираш подемите и падовите во двете линии, проценувајќи ги од средната линија.

Од утринската лекција - 14.10.2012,  на  Каб.Тв

Локатор за Вишата Светлината

Прашање: Вие говоревте за тоа, дека нас цело време нè будат одозгора, но ние не го чувствуваме тоа поради различноста во особините. Што се случува, кога ние го читаме Зохар? Дали нас поинтензивно нè будат, или ние стануваме почувствителни?

Одговор: Ако едноставно го читаш, ништо не се случува. Можеш да читаш, а можеш и да не читаш. Сè зависи од намерата. Ако твојата намера иницира сличност на особините, тогаш во мерата на сличноста добиваш влијание од повисокото скалило. Ако пак, не се стремиш кон сличноста на особините, не се приближуваш до тоа скалило, - тоа не ти свети. Вишото скалило се наоѓа во константна состојба, само за себе. Тоа е –хафец хесед (ништо не посакува за себе). Ти можеш да го пробудиш, тоа да влијае врз тебе, ако вложуваш напори, додаваш желба. Тогаш тоа свети врз тебе. Односно, не ти свети лично тебе, туку ти го добиваш неговото влијание согласно со твоите обновени желби/садови/келим. Но од каде ќе се појават кај тебе нови желби/садови? Ако се соединуваш со другите пријатели, и меѓу вас генерирате духовен сад. Зошто никој од нас не е сад за примање на Светлината. Треба да има најмалку неколку луѓе, кои сакаат да се соединат заедно, да се поништат еден пред друг, - тогаш тоа претставува некоја сличност со Вишиот. Во мера на таа сличност, Светлината на вишиот се чувствува во нив поинтензивно.

Од утринската лекција - 14.10.2012 - на Каб.Тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica