Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Слободна област “x620“

22.10.2010
Согласно на логиката – не постои никаква слобода на вољата. Бидејки не постои никакво слободно движење и се' е управувано од силите, кои делуваат во природата, потчинети на една виша сила, кога ја опфаќа целата вселена. Ако некому му се чини поинаку – тое е едноставно поради недоволното знаење на работата на заедничкиот систем. Ако јас се наоѓам внатре во системот, во кој сум се родил и кој одредува се' за мене – како јас можам да сум слободен од него? Општата сила на природата делува, не оставајки ниту едно празно место.Целиот систем е затворен и работи како усогласен механизам, и каде тој може да ми остави слобода?
Не постои во човекот ниту една мисла и желба, каде што начелно не би било присутно вишото управување, кое ги одредува неговите дејства. Слободата започнува од тоа, кога ние сакаме да се соединиме во група со своите точки во срцето и почнуваме да бараме: каде е нашиот слободен избор? Ние сакаме да воспоставиме помеѓу себе сврзно поле – на местото на поранешното разбивање. И тоа поле, создадено со нашите врски – тоа и е местото на слободата на вољата. Тоа е друга димензија – која не постоела претходно – апсолутно ново ниво. Ние небаре откриваме пред себе нов простор, кој претходно не постоел во суштеството – излегуваме од овој свет во некој друг простор, во друг свет. Може да се рече, дека ние се задлабочуваме во суштеството на голема длабочина и откриваме таму минимален отвор, преку кој наеднаш се открива влезот во бесконечноста.
Исто така и ние, кога ја исправуваме состојбата на разбивањето, не доаѓаме до почетната состојба, која постоела пред него – туку поради тоа, што го достигнуваме тоа со својот сопствен избор, ние навлегуваме во нова област, која никогаш не постоела во природата – област на нашата слобода на вољата. Ние градиме помеѓу себе таква состојба, која ќе ни послужи како духовен сад: нов сад-желба (ТАРАХ) и нова светлина НАРАНХАЈ во него – 620 пати појака! Можат да се сочуваат истите имиња, кои постоеле и пред разбивањето – но нивната суштина станала сосема поинаква. Затоа нам ни е толку важно да ја најдеме таа точка на својата слобода, од каде што ние ќе можеме да се извлечеме во нова димензија.

Од утринската лекција /22.10.2010

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica