Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Формула на бесконечноста

20.02.2011

Прашање: Во книгата Зохар се зборува за внатрешните состојби на мојата душа. Но не ми е јасно каква состојба треба јас да си замислам?

Состојбата на постепеното соединување на сите, спојувањето на сите нас заедно – токму тоа е твојата душа, ако ти се трудиш да ги соединиш сите во една целина. Ако јас ги правам тие напори – тоа е мојата душа. Ако тоа го прави некој друг – тоа е неговата душа. Секој од нас е како клетка од телото која се труди да го припои кон себе целиот организам. Со тоа ти го добиваш целото тело (желба). Тоа се нарекува твоја душа.

Ако ти сé уште го земаш само делот од телото и само во одредена мера се соединуваш со него, тогаш поседуваш делумна душа. Тоа значи дека ти се наоѓаш на пат, на скалата, на нивоата. Но кога доаѓаш до крајот на патот, го достигнуваш крајот на скалата, најгорното ниво – тоа е Малхут на Бесконечноста, каде што сé се спојува во едно, без никакви граници, без крај.

Но секој од нас ја замислува истата Малхут на Бесконечноста од своја сопствена гледна точка, затоа што секој има свој посебен корен на душата. Затоа ниту еден човек притоа не се поништува, не ја поништува својата независност.

Единствено што треба да разјасниме при читањето на Книгата Зохар – тоа се видовите на поврзаноста меѓу нас. Во секоја одделна клетка постои само желбата. Целата наука кабала е поврзаноста меѓу желбите, бидејќи со тоа тие создаваат единство, целата моќ на Малхут.
На пример, во компјутерот нема ништо освен плусот и минусот. Но милијарди соединувања меѓу нив ја создаваат целата негова моќ и можности. Исто така целата работа на нашиот мозок е заснована врз безброј соединувања меѓу "плусот" и "минусот", желбата за насладување и желбата за давање. Тие можат повеќе или помалку да се соединуваат, или воопшто да не се соединуваат. Освен тоа не постои ништо друго.

Но од огромната маса на различни делови, составени од секакви варијации на врската или нејзината отсутност меѓу плусот и минусот, ти поседуваш огромна мудрост и навистина Божествена моќ. Затоа ние го разјаснуваме токму тоа: видовите на поврзаност меѓу овие ситни парчиња – душите.

Што е променето денес?

Прашање: Зошто науката кабала толку долго се криела од народот, за да не им наштети на тие кои сé уште не се подготвени. Што е променето денес за да бидеме подготвени, и таа да ни помогне?

Луѓето можеле да почнат да ја употребуваат егоистично само за да добиваат од неа задоволство. Тоа пак, е вид на клипа, нечиста употреба. Работата е во тоа што додека желбата на човекот не созрее за науката кабала, тој не треба да и се доближува, зошто неговата несозреана желба ќе ја претвори кабалата во сосема поинаква работа. Ние гледаме колку луѓе под маската на кабалата создаваат (и продаваат) секакви верувања, религии, медитации.

Но ако желбата на човекот созреала за духовен развој, таа ја насочува во заедничкото поле на душите, кое го исполнува Светлина и таа се преместува небаре електричен полнеж во полето, достигнувајќи го потребното место. На таков начин таа се развива. Затоа во текот на целата историја моравме да чекаме сé додека желбите на луѓето колку-толку се развијат и ќе може да им се открие науката кабала.

Сега веќе од секој човек зависи како тој ќе се реализира себеси. Но кабалата се криела додека душите не созреале за да ја употребат. Не била подготвена желбата на човекот за неа, сé уште било нејасно на што таа се однесува. Во моментот кога желбата го достигнува созревањето, станува јасно на што таа припаѓа: на својата сопствена поправка, на науката кабала, или на масите кои едноставно ги следат кабалистите.

Но додека сите души целосно не се измешале едни со други тоа било невозможно да се каже.

Од утринската лекција од 20/02/2011  на   Каб.тв од 02:00 до 05:00

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica