Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Цел свет е болен или здрав заедно со мен - 21.02.2010

 

Во однос на мене сите други души се во поправена состојба. Морам да препознаам дека јас сум единствениот непоправен елемент во сиот универзум. Меѓутоа, ако се сите тие поправени а јас не сум, не значи ли тоа дека јас сум единствениот кој треба да се поправи себеси? Не, не значи, а причината е тоа што мојот недостиг на поправање е во мене, бидејќи сите му припаѓаме на еден систем.

Ако јас сум болен орган во телот, тогаш цело тело страда бидејќи јас не си ја вршам работата. Да речеме дека сум многу важен дел од телото, нпр. бубрезите, каде мојата улога е да прочистам се што е во телото, но јас не функционирам. Тогаш целото тело не може да постои бидејќи тој дел е вклучен во сите други и мора да ги служи, давајќи го својот дел од општата работа. Без него, ни сите други делови не можат правилно да работат.

Затоа, не е важно дали целиот останат дел од телото е здрав; јас пак го правам болен до онаа мера до која сум непоправен. Морам да сфатам дека само јас сум тој што е непоправен, и тоа го уништува целото тело. Без мене, сите би биле совршено здрави.

Затоа, мојата работа е да се поврзам со сите и да видам какви маани имаат заради мене. Тоа е значењето на стихот, „Секој ги суди другите онолку колку самиот што има маани." Тогаш ќе посакам да се поправам и да ги издигнам сите заедно со мене до висината на конечната, поправена состојба.

Светлината што опкружува е лепилото што не „лепи" заедно

Што е Светлината што поправа? На кој начин не поправа и како? Замислете ја општата душа како круг сочинет од скршени парчиња кои се неповрзани. Мораме да ја вратиме таа поврзаност за да го почувствуваме вечниот живот во општата душа.

Замислете дека скулптор направил статуа на човек и потоа ја искршил на парчиња. Место целата статуа, сега имате куп скршени парчиња. Тие парчиња се живи души кои сакаат пак да се спојат во цела статуа, но едноставно не успеваат да се „залепат" една до друга. Кога ќе пробаат да се обединат, откриваат огромни сили на одбивност меѓу нив.

Се трудат да се доближат една до друга и повторно да ја создадат статуата на личноста која е слична на Создателот, но не можат. А тоа е затоа што го немаат лепилото што ќе направи да останат залепени заедно.

По бројни обиди да се доближат и залепат заедно, деловите стануваат убедени дека самите не можат да се поврзат меѓусебно, а сепак само единството може да ги спаси. Тогаш сфаќаат дека само Горната Сила, силата која пред се ја создала статуата, и силата која намерно ја скршила, ќе може да ги залепи пак тие делови во единствена целина.

Меѓутоа, тоа ќе го стори само кога деловите ќе побараат. Тоа барање се вика молба за Светлината што реформира.

Ако сакаме да се обединиме и бараме помош за тоа, тогаш бараме од Создателот да биде силата која ќе не обедини како лепило. Така се враќаме на почетниот облик на статуата: заедничката душа на Адам ХаРишон.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica