Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Целиот свет ќе се исполни со знаењето на Создателот

 

22.07.2010

Светот се развива и навлегува во новата епоха "Време на Месијата" кога науката кабала им се открива на масите. Многумина почнуваат да го сфаќаат планот на својот и светскиот развиток. Веќе не еден кабалист, без знаење на масите ги развива нивните желби, туку тие веќе сами бараат од него свесен развиток, како пораснати деца. И тогаш во светот почнува да се открива светлината Хохма – откривање на Создателот пред суштествата. Затоа , ако порано постоел еден кабалист и многумина поединци, сега пак, тие почнуваат да се зближуваат. Ако во минатото кабалистот ги исправуваше желбите на масите на свое ниво, сега, за да работи со нив заедно, тој мора да се спушти до нивното ниво. Благодарејки на неговите претходни исправувања на нивните желби, луѓето се искачуваат нагоре, а кабалистот се спушта во нивен пресрет, за да им стане разбирлив.

Баал ХаСулам, например, во своето претскажување, го молеше Создателот да се спушти, за да зборува на јазикот, разбирлив за народот. И иако сега масите и кабалистот се поврзани со заедничка работа, сеедно, само преку него, со свесна желба на масите доаѓа вишата светлина и се случуваат позитивните промени во светот. Без вишата светлина светот воопшто не би можел да постои. Затоа од поколение во поколение скриено работеа кабалистите (јахидеј сгула). Но денес веќе се' е поинаку. После таа подготовка, која тие ја поминаа во текот на сите овие поколенија до денешниот ден, нам ни е потребно да ги започнеме заедничките свесни дејства, за да "сите ме осознаа, од мало до големо!"

Човештвото мора да дознае, дека народот на Израел ја има науката кабала. И ние сите заедно треба да помогнеме тоа да се открие, за да "народите на светот ги донесоа на своите плеќи синовите на Израел да ги градат Третиот Храм" – заедничката разбиена душа. Заеднички ние мораме да го постигнеме методот на исправување ( соединување) на нашите души, за Создателот да не наполни со своето откривање. За тоа е потребна заедничка работа, поради што ние им се обраќаме на сите народи во светот, за да ја разјасниме нашата заедничка задача. Ние треба да ја извлечеме од скривањето науката кабала по нивна молба и сите заедно, - тие благодарение нам, а ние благодарение ним, ќе го реализираме овој метод. Затоа денес постои светска асоцијација на луѓето кои ја изучуваат кабалата по целиот свет, кое и ќе не доведе нас кон такви правилни односи во целиот светски систем. Иако сите, кои сега се обучуваат со нас – припаѓаат на "Израел" ("јашар-кел" – "право кон Создателот"), бидејки во секого постои точката во срцето. Но преку нив ние ќе излеземе кон реалните народи на светот – кон тие кои сами не се во состојба да се пробудат кон духовното. Како што вели Баал ХаСулам: "Мудроста на Кабалата ќе се прелее надвор од границите на Израел и ќе го наполни целиот свет".

Љубовта израснува од стравот

Првиот чекор во достигнувањето на љубовта и давањето – тоа е да се достигне трепет. Како мајка, која постојано се наоѓа во страв, грижејки се за своето новороденче и за се' што со него се случува. Тој нормален, природен страв постојано вибрира кај неа внатре и не и дава спокојство. Токму таков однос и грижа треба ние да достигнеме во однос на Создателот – постојана грижа и трепет, проверувајки се себеси: мислам ли јас на Него, можам ли уште нешто да додадам кон својата грижа. Ако јас сакам да ја достигнам особината на Бина, тогаш тој, кому јас сакам да давам – за мене е како мое дете. Не е важно дека јас Го нарекувам Создател! Јас се секирам и се грижам за Него како за новороденче, бидејки јас сакам да бидам тој кој дава! Од тоа започнува врската на човекот со Создателот. Но пред тоа, нам ни е потребно да ја достигнеме истата трепетна врска со човештвото или барем со неговиот мал дел – со својата група. Јас морам да научам така да се грижам за неа, како за многу сакан и драг човек.

Нам ни се дадени во нашиот свет слични примери – грижата за своите деца или родители, т.е. за некој, кој е надвор од мене, но е поврзан со мене со нераскинливи врски. Во мене мора да живее внатрешен страв, трепет, - ќе можам ли јас да им помогнам и да им донесам добро? Тоа е особина на Бина, од која се' започнува, а врз неа ние веќе почнуваме да градиме давање и љубов. Создателот ни дава такви вежби во нашиот егоизам, за ние постепено да можеме да ја постигнеме другата реалност – алтруистичката. За да имаме од каде да земаме примери и основа, врз која ние ја градиме во себе особината на Бина, давањето.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica