Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Човекот започнува од разбивањето

05.07.2010

Во почетокот Малхут е само точка. Дури потоа таа се развива, благодарение на вишата светлина што доаѓа до неа, ги превзема особините на Зеир Анпин, се проширува и мисли дека е способна да прима поради давање! Ја добива оваа светлина – и се разбива. Но од тоа разбивање сите желби на Зеир Анпин навлегуваат внатре во Малхут, и сега таа во себе ги содржи особините на давање, за кои порано не помислувала. Од тука веќе може да се оди во две насоки. Може со помош на овие желби за давање да се потруди да добие колку може повеќе светлина за лично задоволство, т.е. да даваш поради примање. Токму така и се развива човештвото, додека не почне да открива дека тоа е лошиот пат.

За егоистичкото примање се' е разбирливо – тоа е лошо и од сите осудувано. Но кога јас давам, потребно ми е да проверам – да не е егоистично тоа давање? Можеби јас им давам на другите само поради тоа да нешто од тоа добијам? И на крај ние откриваме дека целото наше "давање" – е егоистично. Но за тоа ни се потребни илјадници години на развиток, и само сега ние по малку почнуваме да сфаќаме дека вистинското давање – тоа е давање поради давање и примање поради давање. Сепак, разбивањето претставуваше неопходна подготовка за сето што ќе следи, за чудотворното исправување. Инаку ние никогаш немаше да сфатиме, дека постои нешто повисоко од нашата природа, од нашиот егоистичен материјал.

Ние навек ќе останевме во него, како целата нежива, растителна и животинска природа. Но човекот започнува од тоа, дека го поминува разбивањето! Без тоа не се може. Во почеток желбите за давање паѓаат внатре во примателите, и егоизмот сега засега може со нив да управува – што и се случува во нашиот свет. Ние ја развиваме науката, култутрата, образованието – и сето тоа благодарение на паднатите во нас желбите за давање. Со нивна помош ние напредуваме, додека не увидиме дека ништо добро од тоа не излегува...

Ние можеме да даваме преку желбите за давање, но само ако посакаме да се насладиме за негова сметка, тогаш дознаваме, дека нашата желба за насладувањене не може да добие внатре во себе никакво насладување. Па зошто тогаш ми е потребно да давам?! И тогаш целиот развиток почнува полека да подзапира, што денес ние и го чувствуваме, и како резултат се открива вистината – дека да се дејствува може само поради давање.

Што е потребно за да делува лекот

Прашање: Кога јас го примам лекот – за тоа не ми е потребна посебна намера. Зашто тогаш при изучувањето на науката кабала, која треба да биде лек против нашиот егоизам, јас морам да исполнам толку многу различни услови за конечно таа да ми помогне?

При примање на обичните лекови постојат исто многу ограничувања и услови: да се прима пред јадење, наутро или преку ден, да се зема со чаша вода...Лекот – тоа не е само проголтната таблета. Целиот збир на услови околу тоа исто се однесува на "лекот". Ако не се исполнат тие услови, тогаш лекот нема да делува. Примајки го лекот, ти делуваш врз своето тело за да го направиш здраво, да гo обновиш целото дејство на сите негови системи, во правилна врска еден со друг. На ист начин ние ја исправуваме својата душа. Потребно ни е да и донесеме "лек", - светлина која враќа кон изворот, кон доброто, т.е. кон правилното, доброто функционирање. А добрата состојба на здравјето за душата – значи нејзина целосна поврзаност со другите души, за во своето обединување, како единствена, да станат слични на Создателот.

Исто како и во телото, болест е – кога некој негов систем испаѓа од правилната поврзаност со останатите. А излекувањето – кога правилната врска повторно се воспоставува. Така и нашите души се враќаат кон тоа, за да бидат заедно. И јасно е, дека како при примањето на хемискиот лек треба да се запазат условите, така и тука: потребни се правилните книги, и групата, и учителот, и сите внатрешни услови ( моите намери), за кои пишувале кабалистите. Инаку лекот за излекување на душата, моето исправување, нема да делува.

Последно средство

Целото исправување започнува од спознавањето на злото, како што е речено: "Јас го создадов почетното зло и ја создадов Тора – средството за неговото исправување". Да не се откриеше злото, создадено намерно од Создателот, кој би посакал да се исправува?

Но чувствувањето на злото, страдањето, не тера дури да се промениме себеси! Иако во почетокот ние сакаме да промениме се однадвор, целиот свет, но потоа сепак се согласуваме со тоа дека треба да се промениме себеси! Таа промена мора да ја помине секој човек, секој народ, секое општество и сета наша цивилизација во целост. Исправувањето не може да започне без потреба за него, односно јас треба да почувствувам дека мене ми е лошо токму без исправување! Затоа ние сме должни да се развиеме, да го израснеме својот егоизам и да откриеме во него секакви удари и проблеми, празнината, загубата на наполнувањето и надежта, - и целосната неспособност тоа некако да го промениме!

И ние бараме како да го промениме светот, се додека не согледаме, дека за се е криво злото во нас – и ја откриваме за себе кабалата, навидум случајно...но некој морал за мене да ја подготви, во вид на книги, сајтови, затоа што мојата лична природа, затворена во особината на примање и свое лично наполнување, не е способна за контакт со вишиот свет, за непосредно да го осети Создателот. За почеток за тоа ми се потребни надворешни средства: учител, книги. Обично тоа знаење се пренесува од човек на човек – од луѓето, кои веќе ја добиле врската со духовниот свет. Во светот уште пред мене треба да постои оваа врска со духовниот свет, инаку јас, како целосен егоист, никогаш нема да претпоставам постоење на духовното. Јас ќе го барам спасот од страдањата само во рамките на овој свет. Затоа е неопходно распространувањето на знаењата за науката кабала. А пак луѓето, кои се почувствувале испразнети од овој свет, ќе ја пронајдат како научна дисциплина за начинот на своето целосно наполнување.

И тогаш двата услови на исправувањето ќе се исполнат:
1. од една страна на човекот му е лошо;
2. од друга страна, нему му се открило, дека постои средство за да му биде добро. И тој постепено ќе почне да се исправува и да ја реализира во себе целта на своето суштество.

Во нашето поколение се уште се пројавува условот бр.1. Човекот ги проверува различните средства и методи, за некако да се наполни себеси, некој пат дури алкохолот и дрогата – но постепено и тоа поминува. Наскоро ќе исчезне дури зависноста од дрогата, насилството, фанатизмот – луѓето внатре во себе, ќе разберат, дека со тоа нема да ја исполнат својата внатрешна празнина. Желбата за насладување се менува, се крева на следното ниво, - и веќе е невозможно да се продолжи по старо. Човекот веќе не може да најде смирување во наркотици – тој бара многу подлабоко решение. Но потребно е да се развие до таква состојба, кога луѓето нема да имаат друг излез, освен во науката кабала. Можно е да се скрати нивното трагање со распространување на оваа наука, за сите брзо да разберат: нам ни е неопходно да ја откриеме вишата сила која управува со нас – и само тоа може да ни помогне!

Фази на духовната работа

Работата треба да биде колку што може одделена од телото. Во неа может да се одделат различни фази: Во почетокот човекот се стреми само кон наполнување – во овој свет или во идниот. Потоа, освен самото наполнување,тој почнува да размислува " со кого има работа" – од кого тоа наполнување зависи. Тогаш тој почнува да го поврзува наполнувањето со изворот на наполнување, со Давателот. Се појавува однос кон Давателот, затоа што од него зависи наполнувањето. Во следната фаза човекот почнува да го почитува Давателот затоа дека тој е Давател, за самата Негова особина – да се биде Давател, а не за насладувањето кое тој од Него го добива. Тука кај него се појавува некакво внатрешно раздвојување – од една страна е важно наполнувањето, од друга страна – се појавува стремежот да се стане сличен на Давателот.

Наполнувањето е важно, како енергија за работа, или поради самото наполнување? Од што поточно тој ја добива енергијата, каква е неговата цел – од наполнувањето или од врската со Давателот?

Така постепено тој доаѓа во состојба кога размислува само за совпаѓање на особините, своите, и на Создателот. Но и тука не е се едноставно, тоа се различни работи – совпаѓање на особините од една страна, и желбата да му се обезбеди насладување на Давателот од друга страна. Стремежот кон совпаѓање на особините – тука јас сепак размислувам за себе. Иако јас сакам да давам, да насладувам, да љубам, но тоа го сакам јас самиот, во тоа постои јас. Но и да се дава насладување – јас ќе го давам, или постои некој кој ќе го стори тоа подобро од мене? Колку ќе ми успее да го сторам тоа така, за да не добијам за тоа никаква надокнада? Т.е. ние гледаме, дека тука постојат многу скалила, цели пет светови, во кои човекот ја проверува својата мотивираност, своите принципи – за што тој е подготвен да вложи напори, во што се состои неговот наполнување, каков е неговиот однос кон Давателот. Со тоа се променува неговата состојба, и тој се искачува од свет во свет.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica