Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Човекот кој дојде да нè однесе на врвот

27.05.2011

Целата наука кабала ни доаѓа од книгата Зохар и делата на Ари.

Да не бил Баал ХаСулам, немаше да можеме да ја изучуваме. Затоа што книгата Зохар е полна со алегории, раскази кои се сфатливи само на човек кој се наоѓа на истото духовно ниво и може да ги дешифрира тие алузии. Што се однесува за Ари, тој нема напишано ништо, тој само зборувал.

Сите дела на Ари се напишани од неговиот ученик Хаим Витал и целата таа збирка од повеќе томови е од она што го кажал Ари за една и пол година. Толку кратко време постоела неговата група, која што тој ја подучувал, а потоа починал.

Тој материјал по разни патишта дошол до разни луѓе, кои го собирале од неговите книги. Еден дел од записите се чувал на некое тајно место, друг бил закопан во гробот на Хаим Витал, па потоа откопан, отварајќи го гробот. Трет дел се пренесувал наследно и поминал низ многу луѓе, но, не се знае што направиле со матерјалот.

Ари зборувал за целиот систем воопшто и ако човек нема целосен материјал и не е способен добро да се снајде во него, тогаш не може и правилно да го организира. Зато,а иако тие записи биле собрани исто така од кабалисти, многу од нив недостигале и не е задржана правилната низа.

Токму затоа Баал ХаСулам кон делата додал свои коментари, за да можеме да го следиме природниот тек, од полесно кон посложено и обучувајќи се на правилен начин да можеме да го разбереме напишаното од Ари. Без тоа не би можеле ништо да разбереме. А во науката кабала тоа е многу опасно, затоа што ако не разбираш за што се зборува, можеш да си фантазираш сè што сакаш.

Затоа е потребно да разбереме каква голема работа направил Баал ХаСулам, без кој ништо не би достигнале. Понекогаш ме прашуваат: има толку многу други кабалисти, зошто не ги изучуваме нивните дела?

Не може да се учи од нив, затоа што тие пишувале на едно свое високо ниво, дела како АГРА, Рамхал. Да се учи од овие дела е невозможно, затоа што тие не ги дешифрирале за обичните луѓе, какви што сме ние, за да може да се разбере и да се искористи, да се оствари за себе.

Порасни голем и служи им на луѓето

Според Вишата програма, ние се наоѓаме во развоен процес, кој треба да заврши со целосно ослободување. Пред сè, треба да откриеме дека се наоѓаме „прогонети" од нешто. Но, што е тоа од што сум прогонет и разделен?

Овде дознавам дека постои некаква Виша реалност, вистинска, постојана, вечна, совршена, а јас сум одделен од неа и се наоѓам во некаква лажна реалност!

Ние живееме во имагинарен свет, како што го нарекуваат нашиот свет кабалистите. Тој се претставува пред мене како халуцинација на човек кој ја изгубил свеста. Но, јас треба да ги искористам тие имагинарни слики толку, колку што можам и колку што ми даваат за да се издигнам. Мене како да ми зборуваат одозгора: „Тоа е доволно, во сè останато ќе ти помогнеме ние однадвор. Но бидејќи си во бессознание, ти треба сам да направиш напор за да излезеш од тоа бессознание".

Дали некогаш сте виделе како освестуваат човек? Го тресат и го будат, не му даваат да отиде внатре во себе, го принудуваат да ги отвори очите, да почне да гледа, да реагира.

Колку повеќе работат врз тебе и те будат, толку повеќе тоа ти помага да навлезеш во чувството, да ги разбудиш внатрешните сили. Тогаш почнуваш да ги осознаваш оние околу тебе, а не одиш внатре во себе. Има и такви моменти кога од тебе зависи каде ќе излезеш на крај, во сознание или во бессознание.

Ние треба да се разбудиме и себеси и светот. Нема сомнежи дека ако постои развојна програма, која нè води како воз, ние треба да поминеме од почетната точка до крајната, до целосното ослободување.

Но, на самиот крај на патот има една делница, каде што сами треба да го оствариме движењето кон целта. Овде исто така немаме избор, ако не сакаш да се придвижиш, ќе те натераат. Не може да се случи нешто такво: воопшто да не учествуваш во програмата, а да го достигнеш крајот. Нема да ја почувствуваш таа крајна точка, таа состојба ако до неа не си учествувал во движењето кон неа. Твоето учество ти е потребно за самиот тебе, за да се развиеш, да научиш нешто. Само тогаш ќе можеш да почувствуваш што означува целосното ослободување. Без тоа нема да можеш да почувствуваш ништо.

Ние и сега се наоѓаме во светот на Бесконечноста, но дали го чувствуваме? Го чувствуваме токму спротивното, заради неразвиената перцепција. Затоа, нашиот развој, почнувајќи од почеток до конечното ослободување, треба да помине со наше активно учество. И сето ова исто така е поставено во замислата на битието и во програмата за негов развој. Едноставно, дојде време!

Како детето кое расте – колку поголемо станува, толку поголемо учество треба да има во својот живот. Треба да учи нешто само да прави, дури и да си ги раскрева играчките, додека не порасне, не стане возрасен и да може да се услужува и себеси и другите луѓе.

Вишата програма го очекува твоето учество

Прашање: Ако Создателот има некаква пргограма за нашиот развој, тогаш зошто ние треба да се мешаме во неа и да се обидуваме да ја заобиколиме?

Постои природна развојна програма која се вика „Природа". Природата има двигател кој се врти, обвиткувајќи го целиот развој и потчинувајќи му се, ние одиме веќе стотици илјади години и така се развиваме. Така е во текот на целото постоење на човекот на оваа земја. Но, во таа програма е поставено човекот сам да се развива, постепено до таква состојба кога сам ќе се вклучи во нејзината работа. Силата во природата цело време дејствува врз желбата и ја развива. Внатре во желбата, таа исто така развива точка која излегува од коренот на душата. И во одреден момент, освен желбата за наслада, во нас почнува да зборува и таа точка. Доаѓа време кога таа точка почнува да се појавува и бара од човека да ја реализира.

Реализацијата на оваа точка се случува повисоко од желбата, па затоа човекот во себе чувствува поделеност и застанува пред изборот или да се движи според своето его, едноставната земска желба – храна, секс, семејство, пари, власт, знаење. Или да ја развива таа духовна точка и да си разјасни: кој сум јас, од каде сум, каде е Вишата Сила, зошто живеам, што е смислата на животот?

Точката во срцето почнува да ги поставува сите овие прашања и го турка човекот во криза. И тогаш тој на некаков начин ја пронаоѓа науката кабала, исто така според програмата! Во животот нема случајности, сè што се случува на овој свет ни доаѓа од Вишиот Свет. Дали ќе тргнеш по вториот пат или не, дали ќе добиеш можност за да го оствариш, сето тоа е определено со програмата на битието.

Ти сега не си дошол да учиш затоа што така си избрал. Едноставно имало сили кои дејствувале врз тебе и ти помогнале да сфатиш дека треба да дојдеш. Твојата слобода започнува дури откако ќе застанеш пред изборот – да се вклучиш во кабалистичката група или не.. И дури уште подлабоко внатре – дали си спремен да се откажеш од својот егоизам, за да се приклучиш во групата или не.

Изборот е меѓу две желби – желбата да се насочиш кон себе, или желба упатена кон мене, кон надвор. Еве тука навистина избираш.

Желбата насочена кон себе се нарекува АХА"П, низок дел од парцуфот. Желбата кон надвор се нарекува Галгалта ве-Ејнаим, висок дел од парцуфот. А на средина се наоѓа делот кој се нарекува „клипат Нога" каде што небаре ти донесуваш одлуки. Тука исто така се појавува прашање, врз основа на што носиш одлуки, да одлучиш така, а не поинаку.

Во таа иста програма е поставено дека ние сме должни да ја распространуваме кабалата по целиот свет. Без тоа светот нема да дојде до поправање, затоа што тој дејствува според природната програма за развој, како и сите останати нивоа на природата. Ние треба правилно да ги искористиме сите тие нивоа: останатото човештво, а исто така и животинската, растителната и неживата природа – во мислите, дејствијата, намерите за да ги присоединиме кон себе и сите заедно, со целото битие да се издигнеме од новото на овој свет кон Вишиот свет.

Поглед на реалноста преку паралелните светови

Треба да се разбере дека „нема таква тревка долу, над која не стои ангел одозгора, кој ќе ја влече и ќе ја принудува да расте".

Со други зборови, секој настан кој се случува на овој свет, од најлошиот до најдобриот, има само еден извор – одозгора се спушта сила која на овој свет предизвикува дејствие, мисла, процес. Во нашиот свет нема ништо што не се управува директно одозгора, од најмалите честички на атомот до најголемите галаксии, до секакви движења, мисли, зборови, дејствија на човекот, животното, растението, неживата природа.

Дури и кога ни изгледа дека дејствуваме меѓусебно, еден на друг, дури и тоа поминува одозгора и се регулира оттаму, од Вишиот свет. Двата света – Вишиот и нискиот постојат паралелно еден со друг и сите сили се спуштаат од Вишиот Свет до нашиот свет, управувајќи во него со сите детали.

Но, исто така може да се каже и поинаку, дека Вишиот Свет е повнатрешен, како што се вели „внатрешниот дел на Тора" или „внатрешната суштина на работите". Целиот Виш свет се крие во тој свет и оттаму управува со целата материја. Но, иако ние тоа не го ни претпоставуваме, нашиот свет е свет на последици и затоа не можеме да решиме ниеден проблем во него. Нам само ни изгледа дека овде може да извршиме некакви поправања, но тоа е само за да нè збунат.

Целта на тоа е во текот на времето, после многу обиди, на крај на дознаеме дека ништо не сме постигнале и си ги влечеме со нас сите неисправности, сè додека не дојдеме до една голема криза. Тогаш конечно се фаќаме за глава и почнуваме да сфаќаме дека сме дејствувале сами, со своите сили без да ја повикаме Вишата Сила, за таа да дејствува наместо нас.

Вишиот систем дејствува одозгора надолу на безусловен, неизбежен начин, кога од Вишиот Свет, светот на одлуки и дејствија, на природен начин се спуштаат сили на овој свет и во него создаваат последици. Тогаш се случува тоа дека нашиот свет е управуван одозгора директно, нешто што се нарекува природен тек на работите – „во свое време" (беито), односно според природната програма за развој.

Но, може да се случи и поинаку – кога јас самиот се вклучувам во тоа управување со нашиот свет одозгора. Ако јас чувствувам што се случува овде долу и барам промени, дејствувајќи врз коренот (врз коренот на својата душа во Вишиот Свет), тој Виш корен од своја страна дејствува врз мене и меѓу нас се појавува откривање, комуникација, соодветна реакција, што значи дека се движам по патот „на забрзување на времето" (ахишена), а не на природен начин. Тогаш ја кревам молитвата на врвот - МА"Н, добивам одозгора одговор - МА"Д , и на тој начин учествувам самиот во процесот низ кој проаѓам.

Сите страдања кои ги чувствуваме ни се случуваат за да откриеме дека ништо не можеме да направиме останувајќи во рамките на нашиот свет. А ако навистина сакаме да промениме нешто, треба да влијаеме врз коренот. Науката кабала објаснува дека целиот живот е даден за да нè обврзе да влијаеме врз коренот.

Сето тоа е потребно за на крај да предизвикаме состојба кога целиот овој свет ќе се издигне кон Вишиот Свет и ќе се соедини со него, исчезнувајќи од нашите чувства.

Дел од Создателот одозгора

Душата е резултат на дејствувањето на Светлината врз желбата. Со своето влијание Светлината ја доведува желбата кон посебно дејствие и таа ја прима формата под име „душа", со други зборови – својство на давање, љубов, излегување од себе нагоре. Кога во желбата се буди такво својство, тоа е душа. Душата се нарекува „дел од Создателот одозгора".

Создателот посакува само да изврши давање, да љуби, тоа е Неговото својство во чист вид. А во човекот тоа се буди над желбата, произлегува од неговата желба, од „материјалот", односно, самиот материјал се води себеси на тој начин.

Кажано е за тоа: „Темницата ќе сјае како Светлината". Желбата е темница, но со помош на посебно дејствие над себе може да свети како Светлината. Таа сличност се нарекува „душа". Станува збор за истата желба, која само добила друга форма, друго својство – давање наместо примање. Така Светлината создава душа, дејствувајќи на определен начин.

Ако во човекот дејствува својството за давање, тој има душа. А ако својството за давање не дејствува, ако тој уште не се поправил, тогаш тој нема душа. Тоа не е некаква супстанција која може да влезе и да излезе, туку својство кое се добива по пат на поправање. Оттука е и определбата „дел од Создателот одозгора". Ако човекот има душа, во таа мера тој Го чувствува Создателот.

Значи душата и Создателот се едно исто, едно својство. Само така може да се открие Создателот, така Го откриле и кабалистите – тие се поправиле себеси во давање и во тој поправен дел почнала да им се појавува нова реалност, ново чувство. Тие го нарекле „Виш Свет", а својството кое владее таму го нарекле „Создател" (Боре), што значи „дојди и види" (бо-ре). „Создател" е она што се открива во поправеното суштество.

Од утринската лекција - 27.05.2011   Следете на  Каб.тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica