Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Што очекуваме од интернетот?

 

01.05.2010

Прашање: Што очекувате Вие од Интернет и од другите средства за комуникација? Јас гледам како Вие целосно зависите од нив и од нивниот развој.

Михаел Лајтман: Интернет- врската,тоа е незамисливо забрзување на напредокот на човештвото. Мислам дека во иднина средствата за јавно комуникација ќе поминат во нова фаза.Бидејќи взаемната врска треба да биде уште посилна, не после ќе се појават можности за обединување, што целосно ќе го поништи чувството за растојанието помеѓу нас. Времето и просторот ќе престанат да бидат пречка. Ова е потребно за развој на егоизмот и за неговото осознавање како зло. Така е создадено од самата природа и наскоро тоа ќе се открие.

Взаемната зависност и комуникацијата овозможуваат, без самиот да доживеам многу од појавите, да ги доживеам за сметка на врската со оние кои веќе ги почувствувале. Во меѓусебното вклучување еден во друг се забрзува созревањето на секој. Пред нашите очи цивилизации како Јапонија или Кина кои илјадници години самите се изолирале од светот, за една деценија се мешаат со светот.

Креирање на нови односи

Реализацијата на новите односи меѓу луѓето (пренесување, гаранција, љубов кон ближниот) ќе произлегуваат главно преку виртуелната WWW мрежа, која ќе ги вклучи сите луѓе како свои корисници. Самата интернет- мрежа во својата разновидност ќе му овозможи на секој корисник да ги задоволи сите свои потреби (обука, комуникација, работа, одмор, делумно дури физиолошки ... итн.)

Дури и потребната работа ќе се врши претежно преку интернет. Само еден мал број луѓе се потребни за работа во производството на стоки што неопходни за постоењето на човештвото, работата ќе остане надвор од WWW- мрежата.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica