Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Што ќе одбереш?

21.01.2011

Прашање: Како во желбата за насладување може да се открие особината која и е сосема спротивна и небаре ја убива?

Кога тоа би биле два типа на материи: материја и антиматерија – навистина не би било можно да се соединат заедно. Но ако тоа е материја и спротивна на неа - намера – такво нешто е можно. Покрај тоа, тоа ми се открива под услов кога јас можам да ги соединам во средната линија. Затоа мојата природна желба за насладување и намерата поради давање дејствуваат во две различни рамнини – едната во желбата, а другата во намерата.

Сите мои пресметки, целата борба е насочена на тоа како да ги соединам заедно. Да речеме јас имам желба за насладување, во која живеам. Освен тоа добивам и намера за давање која може да биде
1) пониска од желбата за насладување 2) на исто ниво со неа 3) повисока од неа.

Сега треба некако да ги соединам заедно. Намерата ја добивам само за сметка на "Светлината која враќа кон Изворот", Опкружувачката Светлина. Јас ја привлекувам неа само ако внатре во мене постои стремеж кон давање, "точка во срцето" која ја развивам преку групата. Сето тоа се наоѓа внатре во мојата желба и се соединува заедно: јас, групата и мојата желба за насладување.

Ако мојата желба останува доле според степенот на својата важност, додека групата и точката во срцето – горе, и од нив јас посакувам давање, тогаш ја кревам таа молба (МАН). А како одговор ја добивам Опкружувачката Светлина која ми ја дава намерата за давање.
Сега, откога ја добив намерата јас стојам пред избор:

1) да ја ставам пониско од мојата желба, т.е. да ја искористам поради својата желба за насладување, за сопствена добивка – тоа се нарекува нечистотија, клипа.

2) да ја ставам намерата на ниво со желбата и да ги обединам заедно – тоа е неодредена состојба.

3) или да ја ставам намерата над желбата – тоа е "светост", давање.
Токму во тоа се состои мојата работа – во која од трите состојби јас сум способен да се наоѓам. Ако човекот обрне внимание и почувствува што навистина со него се случува, тогаш ќе сфати дека цело време стои пред изборот, како на чашите од вагата.

Од една страна примање, од друга страна давање, а на средината – јас со прашањето: што да се одбере?!

Вишиот разум е во давањето

Целото суштество – е желба да се прима насладување, и затоа му е потребна поправка и наполнување. Но, тоа може да се случи само за сметка на тој дел од него, кој ќе го достигне разбирањето, сознанието. Тој дел не му припаѓа на самото суштество, туку му доаѓа од Создателот, од желбата за давање.

Во универзумот не постои ништо освен тие две особини: желбата за примање и желбата за давање. Од односот меѓу тие две особини суштеството почнува да се дознава самиот себе и што значи таа сила која влијае врз него. Поради тоа во желбата за насладување почнува да се формира механизам кој се нарекува негова "глава" ("рош на парцуф") – разум, мисла, разјаснување. Со моќта на таа мисла желбата веќе почнува да се осознава самата себе.

На неживото, растителното и животинското ниво желбата за насладување дејствува инстинктивно. Тука припаѓа и таква творба на овој свет, која се нарекува "човек" која исто така дејствува според инстинктите.

Колку и да проверуваме и да се оценуваме себеси самите, или со помош на другите, ние сепак судиме внатре во нашиот егоизам. Целото наше "милосрдие" е само поради самите нас, а сите дејства – само за своја корист. Но останувајќи затворени внатре во самите себе, невозможно е да се сфатиме себеси.

Ние можеме само да ги мериме и да ги претпочитаме големите желби на малите. Способноста да се прави таква пресметка во нашиот свет се нарекува "разум", разјаснување. Но всушност тоа е само проценка: што е поголемо, поважно и поповолно за нашиот егоизам. Толку е нашиот ум.
Сите овие разјаснувања се одвиваат на животинското скалило, на ниво на нашето животинско тело. Така постоиме и се развиваме илјадници години.

Но, кога добиваме уште една особина – особината на Бина - давањето, тогаш почнуваме да правиме разјаснување врз основа на две особини: примањето и давањето. Тогаш разумот, "главата" која донесува одлуки веќе се нарекува духовна, зошто прави пресметка во однос на давањето, особината на Создателот. Во однос на Него таа проценува што треба или не треба да прави суштеството и на кој начин. Затоа работата внатре во една желба за насладување се нарекува животинска, бидејќи тоа е нејзино максимално ниво.

Така сите ние постоиме како што е речено: " Сите смртници се слични на животните". А тој кој се здобива со желба за давање, се нарекува "Човек" (Адам), затоа што е "сличен" (доме) на Создателот. Тоа се тие кабалисти кои ја постигнале особината на давање, т.е. го постигнале Создателот. Тогаш тие прават пресметка тргнувајќи од две особини: примањето и давањето – т.е. како може да се соединат во човекот желбата за насладување со намерата за давање, колку намерата за давање може да превладува над неговата желба за насладување.

Таквиот човек има веќе поинаков разум, "глава". Иако сите негови дејства и тогаш остануваат внатре во желбата за насладување, но целта на тие дејства и нивната намера која ги движи и управува –е давањето.

Се разбира, дека тоа е веќе сосема поинаква пресметка и поинакво воспримање, несфатлива за оние кои сé уште гледаат со животински очи. Како што е речено: "Мислењето на Тора е спротивно на мислењето на народот". "Мислењето на Тора" – е давањето, додека "мислењето на народот" – егоистичното примање. Иако материјата останува иста – желба за насладување, сепак сé зависи од нејзината употреба – од намерата која превладува над таа материја – дали е егоистична или давачка, за моја корист или за добро на другите. Токму тоа ќе биде проверка на нашата желба.

Во сите виши, духовни светови дејствува само еден закон за давање, додека желбата за насладување се потчинува на таа мисла, намера. Само во нашиот свет, во таа состојба од која ние го почнуваме нашиот подем, владее закон кој сето го потчинува на интересите на егоизмот.

Само во слобода ќе почувствуваш дека си бил роб

Прашање: Од каде кај нас се појавува желбата за давање?

Желбата за давање се пробудува во нас под влијание на Вишата Светлина – "Светлината која враќа кон Изворот". Ние не знаеме што е тоа желба за давање и давањето е надвор од нас. Ние постоиме во својата природа на примањето и наеднаш доаѓа некоја надворешна сила и влијае врз нас. А ние не знаеме каква сила е тоа.

За неа дознаваме само според нејзините манифестирања, според резултатите на нејзините дејства. Според дејствата на таа сила во мене, јас почнувам да го препознавам Создателот. Тој е – последиците кои ги предизвикува во мене. Но, Него самиот не го знам.

Јас не ги познавам ниту суштините на појавите во овој свет: што е тоа електрична енергија, што е леб, кој сум Јас самиот?! Јас не можам да ја сфатам суштината на нештата – ми се откриваат само последиците од манифестирањата на таа суштина.

Затоа науката кабала ( и воопшто секоја наука) го изучува само тоа што може да се изучи: материјата и формата преслечена во материјата. И кога ни доаѓа таа посебна, туѓа, надворешна сила – непознато е од каде таа доаѓа, Кој е тоа?

Јас дури ја предизвикувам на некој посебен несфатлив начин, кој се нарекува "чудо" (сгула). Затоа што јас немам никаква можност да дознаам како конкретно влијаам врз неа, како таа се пробудува и почнува да влијае повратно врз мене. Јас просудувам само според нејзините манифестирања кои ги чувствувам во својата материја, желбата. Внатре во себе јас чувствувам промени – како резултат на тоа туѓо влијание.

Таа последица, резултатот во мене – се нарекува желба за давање. Тоа е многу чудна и посебна особина – за мене,сосема несфатлива и неиспитана. Кога таа наеднаш се раѓа, тогаш јас сфаќам дека никогаш порано не сум ја почувствувал.

Ако поразговараме со обичните луѓе секој ќе рече, дека одлично знае што претставува желба за давање, и дава на другите. Тој не разбира дека целото давање е само поинаква форма на примањето. Да се сфати со што се разликува примањето од давањето може само ако ги имаш добиено и двете тие желби. Едната ни доаѓа однадвор, додека другата е затворена во нашата природа. Во таков случај човекот може да ги разликува една од друга и тогаш почнува да сфаќа кој е тој.

Ние и сега не сфаќаме дека во овој свет дејствува само еден закон – на егоистичното примање. Ќе го сфатиме тоа само откога ќе ја добиеме желбата за давање. Само излегувајќи од Египет може да се сфати што претставувало Египетского ропство – во споредба со слободниот живот! Сé се дознава и се проценува само од нејзината спротивност.

Кога наеднаш се открива силата на Светлината...

Прашање: Кабалата вели дека целиот свет се наоѓа внатре во мене. Што тогаш претставува надворешната сила на Создателот која доаѓа кај мене?

Мене не ми е познато каква надворешна сила е тоа. Јас само знам дека во мене наеднаш нешто се случува и се открива некоја нова особина. Со што се разликува таа од мислите и желбите кои се појавувале во мене претходно? Дали и тие ми се чинеле нови?

Но мене ми е сосема јасно дека таа особина која сега се раѓа во мене, која се нарекува сила на давање – е нешто сосема ново и различно од целата моја природа. Таа е сосема спротивна, обратна на неа и се открива во таква посебна форма што драстично се разликува од целокупното мое претходно искуство.

За да се поврзам со неа јас морам да се кренам над своето его, вложувајќи многу напори. Морам да се отсечам од својот егоизам, да се откинам од него и цело време да се борам самиот со себе за да не паднам во егоистични пресметки.

Кога на тој начин се отсекувам од егоистичната пресметка, само под тој услов почнувам да сфаќам дека силата која сега ме привлекува кон себе, дејствува внатре во мене и ме поканува да ѝ се придружам, не останувајќи внатре во својот егоизам – е сила на давањето. Таа сила која се открива во мене, се разликува од сите мои претходни сили, мисли, стремежи, од целата моја природа. Јас тоа го чувствувам бидејќи таа ме обврзува да се одделам од сето што било порано!

Преоден период на човештвото

Ние престојуваме во спротивна особина на Создателот – во егоистичната желба за насладувања. На духовниот пат е потребно сите желби кои постепено ќе се манифестираат во нас да се насочуваат кон намерата поради давање, од лесните кон тешките.

За разлика од неживото, растителното и животинското ниво, зависно од степенот на нашето растење како луѓе, расте и нашиот егоизам. Целата историја – тоа е постојан процес на растот на желбата за насладувања и низа на обиди таа да се задоволи. Таква е нашата природа.

Затоа ние цело време сакаме да ја реализираме желбата, да ја наполниме. Тоа продолжува сé додека одеднаш во својот развој човекот не дојде до прашањето: "Зошто ми е потребно тоа?"

Неговата желба ја завршува фазата на квантитативно растење и преминува кон квалитативно растење. Сега на човекот му е потребен не само подобар автомобил, поголема куќа, покомфорен свет, - тој почнува да се запрашува за смислата на случувањата: "Поради што, зошто? Што се случува со мене и што е тоа што влијае на мене?"

Новите прашања се воздигнуваат над претходните нивоа на развојот. На човечкото скалило ние почнуваме да го проценуваме, да го анализираме животот, не задоволувајќи се повеќе од улогата на момче за секоја работа, кое без размислување ѝ служело на егоистичната желба.

Во претходните генерации само поединци си поставувале такви прашања и го сфаќале Изворот на случувањата, суштината на процесот и неговата цел. Тие луѓе се нарекуваат кабалисти – од зборот "примател" (мекабел), бидејќи тие го примаат откривањето на Вишото управување, замислата, и така напредуваат. А другите не почувствувале стремеж кон тоа.

Во науката кабала која му помага на човекот да наоѓа одговори за причината и целта, за смислата на животот, е речено дека ќе дојде време кога многумина ќе посакаат да дознаат зошто ние живееме. Во своите егоистични желби кои постепено се манифестираат, масите ќе почнат да преминуваат од животинското ниво, од потрагата по добар живот, на човечкото скалило, кон прашањето за што воопшто вреди да се живее? Кабалистите го означиле времето на почетокот на тој премин: крајот на 20-иот век. Навистина така и се случи.

Денес "прашањата за главното" се пробудуваат кај многу луѓе низ целиот свет и во одредена смисла целото човештво се соочува со нив. Ние гледаме според растечкиот очај, според ширењето на наркотиците, според статистиката на разводите, генерално, според кризата на човековото општество, дека прашањата за смислата на постоењето го запираат нашиот егоистичен развој и се бараат одговори. Само тогаш кај нас ќе се најдат сили за понатамошниот пат.

Кога не функционира тоа што секогаш функционирало

Денес науката кабала треба да му се открие на светот. Во денешницава секој треба да знае во што се состои смислата на животот и како да се разбере коренот на битието. Разбирањето на коренот може да се спореди со плодовите, а духовниот живот на човекот, духовниот развој – со грижата за плодното дрво.

Во едно од своите писма Рабаш раскажува како треба да се "обработува" желбата – слично на грижата за дрвото во нашиот свет. Ние го развиваме во четирите фази на АВАЈА, сé додека не добиеме желба за давање, и потоа почнуваме да ја користиме желбата за примање поради давање. Токму тоа се "плодовите" – крај на поправката на човекот, негово созревање.

Но, сега засега, запрашувајќи се за смислата, човекот доаѓа до науката кабала, таму каде што ја реализираат луѓе со исти прашања како и неговите. Започнува период наречен "ло-лишма": пристапот на човекот сé уште е егоистичен, само што сега тој сака да го постигне духовниот свет, да скине виши плодови и со тоа да одговори на прашањето за смислата на животот. Тој по својата природа не сфаќа како може нешто да се добие на поинаков начин.

Така ние засадуваме семе во земјата и тоа почнува да се развива. Од почеток човекот како и обично оди по разгазена егоистична патека, потпирајќи се на своите сили и гледајќи пред себе светла перспектива. Но после некое време, понекогаш после неколку години во него се создава чувство предизвикано од Светлината, која враќа кон Изворот: тој почнува да чувствува што претставува антиегоистичната природа. Тогаш се испоставува дека духовниот свет не може да се постигне со обично чувство и разум.

Тој се постигнува во спротивност на сето што досега било. И човекот како да ги губи крилјата: тој веќе не може како порано одлучно да се движи напред, отворајќи ги сите врати. Сега му е потребно да се зафати со себеси, небаре однадвор, т.е. преку опкружувањето: преку групата, учителот и книгата.

Треба да се извади надвор од себе и само откога ќе направи круг, човекот ќе може да се третира себеси како семе, засадено во земја. Тој ќе научи да се грижи за тоа семе да израсне, а не да се исуши во песокот. Ќе му обезбеди хранлива средина: минерали, влага, топлина – сето неопходно за растење. И само тогаш неговото семе ќе никне.

Засади се себеси во плодна почва

Човекот расте не сам од себе, туку благодарение на влијанието на опкружувањето. За тоа е потребно заемно да се дејствува со групата на ефективен, духовен начин. Човекот сака групата да го натопува со љубов кон ближниот, со блискост, со поврзаност со тоа што е надвор од неговиот егоизам. Таа надворешно- егоистична реалност треба да му се причини поважна од внатрешно- егоистичната.

Само при таква пресметка кога опкружувањето станува поважно од мене, јас почнувам да ги впивам неговите животворни сили, наместо да се ограничувам на себеси, омилениот. И тогаш почнувам да растам. Таа работа се спроведува без прекин.

Во човекот постојано се отвораат нови решимот, желби, мисли – и тој треба да се справува со нив, секој миг повторно и повторно враќајќи се на анализата и осознавањето на тоа што навистина е важно: надворешното или внатрешното. Треба да се придржуваат до книгите, учителот и групата. Како што пишуваат кабалистите, тие средства правилно го градат човекот и тогаш со нивна помош тој ќе може да се крева над себе, над пресметката за лична корист.

Развивајќи го во себе зрното на давањето човекот влегува во "утробата на вишиот", се изложува на неговите ефекти, се предава на неговата сила, неговата програма и цел. Додека своите мисли и желби напротив ги поништува. Развивањето е можно само на таков начин, и никако поинаку: слично на семето во земјата, слично на плодот во утробата на мајката.

Потребно е да се поништиш пред опкружувањето за тоа да може непречено да го извршува своето влијание. Тоа е законот на развитокот. Така постепено ние појасно си разјаснуваме за себе што претставува духовниот свет во споредба со материјалниот. Ние се здобиваме со сé поголема особина на давање над својата егоистична желба, се формираме како ембрион, ртиме како ркулци, а потоа стануваме дрво на кое ќе никнат плодови на давањето.

Патокази

Празникот Ту би-Шват, "нова година на дрвјата" ги симболизира плодовите на духовната работа, духовниот раст. Во првата фаза ние ја претвораме егоистичната намера ло-лишма во алтруистичка лишма, во давање поради давање. Здобивајќи се со особината на Бина, човекот станува "полско дрво". Потоа тој преминува кон фазата на примање поради давање, и тогаш полското, неплодно дрво станува плодно. Тоа е резултат на работата на човекот, скалилото на човекот.

Сега со помош на своето "дрво" тој одгледува плодови, наполнува души, однесувајќи се кон нив како извор на давање, слично на Создателот. Со самото тоа човекот се споредува со Создателот и ја завршува поправката. Во празникот Ту би-Шват ние, кабалистите, го гледаме резултатот на целата работа на човекот.

Воопшто, сите празници имаат двојна улога: тие олицетворуваат некој дел на нашиот пат, а истовремено во нив се крие дел, знак за неговото завршување.

Песах,(Паска), празникот на излегувањето од Египет укажува на тоа дека ние веќе гледаме како и зошто го напуштаме егоизмот. Зошто невозможно е да се излезе од него незнаејќи ја целта.
Шавуот, празникот на дарувањето на Тора исто така не се ограничува со добивање на средството за поправка – ние знаеме зошто и за што го добиваме.

Рош хаШана, еврејската Нова година – е почеток на сите промени, а во првичната замисла е вградена крајната цел.

Денот на искупувањето, Јом Кипур сепак напоменува зошто ние ја поминуваме низата на поправките. Истото се однесува и на Ханука и Пурим.

Сите тие обичаи прифатени во нашиот свет ги симболизираат фазите, патоказите на патот на нашиот духовен развој. Оттука тие произлегуваат. Се чини нешто тука е посебно?

За време на празникот Ту би-Шват ние јадеме овошје и слатки – зар не е премногу слаб знак? Пурим исто повеќе личи на детски празник. Но во реалноста тоа се најважни празници и нивните резултати се најимпресивни. Затоа што станува збор за резултатите, за плодовите од напорите.

Пурим ја олицетворува Конечната Поправка, завршувањето на патот. Тогаш двете сили, и позитивната и негативната меѓусебно се поддржуваат и учествуваат во достигнувањето на конечната цел. Ту би-Шват исто означува созревање на плодовите, а разликата е во нивото на воспримањето. Полското дрво – е растително ниво, додека Пурим – се повисоките скалила.

Комплетна утринска лекција од 21.01.2011 на   Каб.Тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica