Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Љубов кон ближниот

25.08.2010

И затоа му е наложена на народот на Израел, со изучувањето на Тора и исполнувањето на заповедите поради Создателот, да се усовршува себеси и целото човештво, за да стане можно примањето врз себе на оваа возвишена работа – љубовта кон ближниот, што претставува скала, која води кон достигнување на целта на суштеството- спојувањето со Создателот. И секоја заповед, исполнет од секој од народот на Израел, кога таа е насочена кон насладувањето на Создателот, без барање на било каква накнада и љубов кон самиот себе, во одредена мера го развива целото човештво.

Секој од народот на Израел е одговорен за сите. Но пред да се удостоиме, за заслугите да бидат во мнозинство, егоистичката љубов не' принудува да го избегнуваме примањето врз себе на работата на Создателот...Меѓутоа секој, кој извршил дури една заповед, е среќен, бидејки се поставил себеси и целиот свет на страната на заслугите, бидејки на крајот од краиштата, неговото лично учество како претставник на народот на Израел се присоединува кон крајното решение, и без неговото учество крајно решение не може да постои.

Сите падови и несуштински мисли во работата човекот не ги зема сам – се' доаѓа од Создателот...за човекот да ја види вистината, односно за што е подготвена желбата да прима, за да се зголеми во него љубовта кон себе, и да види тој, дека без оглед на ништо тој е подготвен на се', за да добие барем некое задоволство...И Создателот секој пат му помага да ја увиди вистинската состојба. Порано таа била скриена во неговото срце, и тој не ја гледал болеста, и затоа Создателот му помага и му ја открива неговата болест.

Баал Ха Сулам, статија "Заемна одговорност"

Редот на работата е таков, што човекот мора да ја прими верата над знаењето. Меѓутоа, бидејки неговото тело се спротивставува на тоа, тој мора да работи на тоа секојдневно. Односно секој ден човекот мора да ја прима верата над знаењето, и не е доволно дека ја примил неа вчера...Во коментарите на РАШБИ се вели: "Секој ден се` мора да биде ново, како небаре само што си добил упатство".

Од дневната лекција / 25.08.2010

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica