Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Внатрешна раздвоеност

20.10.2010
Се обидувам да дознаам каков е принципот на мирот, бидејќи војната се манифестира меѓу сопружници, како што реков, меѓу браќа, соседи, земји. Кој е главниот принцип кој ѓи поврзува луѓето?

Создателот. Нема ништо друго што може да ѓи поврзе луѓето - ниту во семејството, ниту човека сам со себе. Животното и човекот, внатре во човекот не можат да коегзистираат мирно - човек ќе се мрази; неговото животно и неговите човечки дел се во спротивност.

Гледате каков е човекот - сам, никој не го притиска, ништо, но тој е лут, вознемирен. Што се случува? Тој е раздвоен внатре во себе. Тој има и животинско и духовно, материјално - сето, тој се состои од целиот свет. И тогаш сите противречности кои постојат низ целиот свет, се проектираат во него, внатре, целата оваа напрегнатост. Тој сам не може да биде во мирување освен ако целиот свет не е во мирување, бидејќи тој е мал свет.

Затоа нема никаква можност некој да биде смирен, додека светот поминува низ лоши ситуации. Колку повеќе напредуваме, толку повеќе ќе гледаме луѓе кои без никаква надворешна причина ќе бидат во навистина лоши состојби. Зошто, што не е во ред со нив? Поради светот. Тие не го знаат тоа, но така ќе биде.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica