Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Не се отпуштај од Создателот

04.11.2010

Како ние можеме да ја кренеме оваа молитва до Создателот, како јас можам тоа да го направам, и да не го осудувам Создателот?
На Создателот не му е важно дали ти Го благословуваш Него, или Го проколнуваш.Најважно, пред се е да не Го отпушташ. Тоа што јас го примам е точно тоа што јас го чувствувам, тоа е тоа што јас точно треба да го разберам, за да го насочам тоа кон целта. За сметка на што јас се насочувам кон целта – за сметка на вклучувањето во групата.

Јас служев во армијата.Таму, ако јас имам 20 пријатели војници, јас ја добивам од сите заедничката сила, и одам заедно со сите, и ние извршуваме некаква задача. Во групата тоа се одвива поинаку, апсолутно поинаку, во групата на кабалистите. Наместо да ги добијам 20-те сили на моите пријатели и заедно со нив да се пробијам напред, наместо тоа јас се чувствувам 20 пати послаб, а духовната цел станува за мене за 20 пати поважна. Тогаш, при таквото поврзувањето со пријателите, јас мислам дека ние ќе бидеме посилни.Ние, токму кај нас, во нашата група,- ќе бидеме послаби. Но заедно со тоа ние ќе добиеме важност од пријателите во однос на целта.Тогаш, после таквото вклучување во групата, јас излегувам и си велам себеси – Види каква цел! Да, ама како?Јас сум никој, како да ја достигнам? Такво е чувството. Спротивно на тоа, што се случува во нашиот свет во такви ситуации.Затоа ни е потребно да се зацврстуваме во групата. Тогаш таа состојба ќе биде за нас исто така посакувана.

И благодарение на тоа, што ние се чувствуваме немоќни, и не можеме ништо да направиме, - но целта нам ни е многу важна. Од таму се создава крик.Каде ли е светлината, која ќе ни помогне? Каде е таа, нели Си ни ја ветил? Дај ни ја светлината! Создателот сака, кога ние бараме, тоа се нарекува " И ќе Ме победат синовите мои"И тогаш ги добиваат силите. Т.е. групата треба, освен чувството на ништожноста на секој, и важноста на целта, да му даде секому увереност, дека ние на овој или оној начин ќе успееме.

Од утринската лекција /04.11.2010

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica