Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Присуство на конгрес

05.10.2010
Многу е важно да објасните зошто нема замена за физичкото присуство на конгресот, зошто обединување од далечина не е доволно?

Не, треба да го објасниме малку поинаку.Создателот го соочува човек пред одредени околности. Ако сум во некаква состојба, од која не можам да се одделам, тоа се околностите кои ми се дадени. Тогаш, според мојата надворешна ситуација и услови, треба да се осигурам дека сум поврзан што е можно повеќе. Во зависност од надворешните околности јас или не можам да се одделам од физичкото место или немам средства или нешто друго. Накусо, мора да има оправдување, односно дадена ти е можноста и сега зависи од тебе дали ќе ја реализира или не. Човек треба да си направи самоанализа, но треба да знаете дека нема никакви заобиколки, нема никакви сметки. Ако ова е највредното нешто во вашиот живот, ако со тоа би освоиле огромна сума пари или здравје или најскапите работи за вас, не знам, најважните работи за еден човек - ако заработат во својот живот, што би направиле? Во зависност од тоа човек треба да си направи биланс. Знаеме дека најважната тема е темата за обединување, целосната исправка, единственото правило што го имаме, е за обединувањето. Како е можно човек да не дојде на место во кое се наоѓа најголемата моќ на обединување што може да го достигне?

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica