Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Сомнежи

01.11.2010
Рав, откога сум заминал од Мелбурн, Австралија, кај мене се создаваат многу прашања и сомнежи. Моето прашање е, можеби ми недостига разоткривање, или јас можеби кон се' треба да се однесувам со верба над знаењето.Ако јас имам пријател кој се наоѓа во иста состојба, како јас треба нему да му помогнам?

Ние сега се наоѓаме во таква состојба, како пред излегувањето од Египет.За тоа, ние можеме дури да прочитаме што пишува во Тора, таа случка.Колку поблиску тие се доближувале до излегувањето, времето станувало се потврдо, напрегнато, концентрирано во сите случувања, во се', што се одвивало. И човекот се наоѓа во сомнежи – јас, Фараонот, Мојсеј, египјаните, народот на Израел, внатре во Египет, над Египет, - сето тоа се моите внатрешни состојби. Јас се наоѓам внатре во својот егоизам – тоа се нарекува Египет. Јас сакам да се поткренам – тоа значи дека јас сакам да избегам од таму. Со мене владеат различни сомнежи- тоа е Фараонот, јас сакам малку да избегам од тоа.Тоа значи дека јас сум сега како Мојсеј, и т.н. Односно сето ова, сите ситуации, кои сега се случуваат со човекот, и тој осознава, дека се наоѓа во тие влијанија – тоа е одлично.

Тој прави многу важни разоткривања, со добро темпо, и сето тоа се одвива благодарение на тоа што тука заедно се наоѓаат големо пробудување, голема сила, и затоа треба само да се продолжи. Само да се оди напред, да не се дозволи тоа да се смири. И да се престојува во радост, и повторно, да не се заборава, дека најголемиот мрак – е пред разденување, тоа е пред пробивот. И ние не се стремиме кон мракот, ние се стремиме кон пробивот, кон светлината. Но како противтежа на овој наш стремеж кон светлината, возможна е токму спротивна тенденција на магла, темнина, мешаница – и тоа е точно. Ќе го поминеме тоа заедно, не се грижи. Се' е добро. А што се однесува на пријателот, важи истото. Со што може да му се помогне? Само со тоа, што ти ќе му покажеш, дека ги воспримаш сите тие состојби во радост.

Од утринската лекција /01.11.2010

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica