Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Чамец

 

12.10.2010
Не разбирам нешто од споредбата со чамецот.Кога тој буши дупка, некој доаѓа кај него и му вели: "Будала, што правиш? Сите ќе не' удавиш! ". Што е тоа, тој доаѓа да игра со мојот ум? Што точно се случува овде? Што ми е грижа дали ќе се потопат сите или не? Ако ми беше грижа за сите, јас немаше да правам дупка.

Што е чамец? Чамецот е врската помеѓу нас. Ајде да го нацртам убаво, да нацртам убав чамец со платно и што друго сакате? Тука имаме сидро. Што друго сакате на чамецот? Ова ли е? Дури и мотор. Орен стои тука со бургија, јапонска бургија и буши дупка. Кој доаѓа? Моше Адмони, со баретка на главата.Тој сака да се шета.. така морнарите одат навистина. Тој вели: "Орен - со рацете на срцето - што правиш?" Што одговара Орен? "Остави ме на мира, оди си, јас бушам под себе. Сакам да се искапам, тоа е. Ако не сакаш да се искапеш,тргни се на страна. "
Значи, што е прашањето?

И тогаш доаѓа Моше и вели "Види, ти ќе не' потопиш сите нас!" Сега, како резултат, мора ли да бидам возбуден?

Прво, тоа значи дека Моше е загрижен за сите, тој навистина е заедно со сите. А ти го нарушуваш овој закон. Знаеш дека има закон и правиш нешто неправилно.Зошто? Затоа што мислиш дека со одредено дејство, во едно од твоите 1000 активности кои ги правиш - 999 од активностите ти се 100% добри. Една акција не е добра, со тоа ти правиш дупка. И ти, преку оваа акција - најверојатно дури и не сфаќаш дека правиш дупка, но тие доаѓаат и ти велат: "Господине, тоа е дупка". Така ти го нарушуваш нашиот Арвут. Ѕидот на чамецот е врската помеѓу нас, целиот овој чамец е мрежа. Што е тоа? Таа е врската помеѓу нас, тоа е чамец. Што е овој чамец, тоа кли? Ние го градиме. Се испоставува дека ти го рушиш тоа кли.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica