Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Што сакаме ние ?

30.12.2010
Во нашиот свет ние сакаме работи кои ни даваат уживање. Тоа не е љубов - јас сакам уживањето, не го сакам давателот на уживањето.

Започни да ми носиш слатки работи секој ден и јас ќе се однесувам добро со тебе, но јас не те сакам тебе; ако престанеш да ми носиш слатки работи и да видиме тогаш како ќе се однесувам со тебе. Разбираш ли? Независната љубов може да биде само нешто што е спротивно на нешто друго. И затоа целата реалност е изградена така, на овој принцип.Има уживање - ние треба да го надмениме тоа уживање и над него да изградиме однос кон давање. Како е можно јас да изградам добар однос кон Него, како е можно, ако сум целосно желбата за добивање? Не, ти не си целосно желбата за добивање - ти имаш желба и имаш точка во твоето срце и со оваа точка ти си заедно со сите останати точки кои се нарекуваат група. Тогаш ти ја зголемуваш, ја прошируваш точката, а оваа точка е спротивна на желбата. И тогаш кога ти добиваш поправки во оваа точка, почнуваш да ја чувствуваш љубовта... - против омразата.

Нема да се добие на никој друг начин, туку, тука во средината. Ја гледате ли оваа линија, оваа голема линија тука - тоа е кога ти се отцепуваш од твојата желба, кога си над него. Тоа значи дека си се прилепил.. Тука има спојување, спојување со Создателот. Сега ти се идентификуваш себеси со Него, а не со твојата желба. Ти градиш нешто возвишено, нешто друго - спротивно - од твојата природа.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica