Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Кабала моменти

Кабала Моменти се извадоци од дневните Кабала Лекции кои се учат со д-р Михаел Лајтман, врз основа на веродостојни кабалистички извори и вклучува учество во живо помеѓу студентите по Кабала и гледачите на Кабала ТВ

Наставата се одржува од 2:00 до 5:00 часот наутро, Македонско време,од Недела до Петок. Петочните лекции се наменети воглавно за почетници.

Сите Дневни лекции можат бесплатно да се симнат во секое време од Архива

Новиот интернет - Да го градиме заедно

internet.kbb1.com

Јас сум против

chovekНека ми праќа дури и лоши чувства – јас над тоа ќе се поврзувам со Него, кој ми ги праќа тие состојби и ќе Му заблагодарувам. Затоа што јас сега засега се кренав над моето чувство.
Повеќе...
 

Тоа е невозможно

freedomЈас немам никаква основа, никакви средства да извршам какво било дејство во разумот или во моето чувство кое ќе биде над моето знаење, моето сфаќање.
Повеќе...
 

Поништивање

Законот на растење, преминување од скалило на скалило е поништување на постојното скалило при стекнување на новото скалило.

Повеќе...
 

Човечкиот разум

03.01.2011
Како е можно разумот, кој ни помагал низ човечката историја да израснеме и да напредуваме, и денес во најважниот период на нашето време - духовно развој, тој сега да не' запира да го направиме најважното нешто што сме го достигнале?

Затоа што твојот разум постојано служел на егоизмот и така ти помагал во текот на целиот процес, во илјадниците години. Денес ти треба да продолжиш да се креваш, да се искачиш на нови нивоа. Си го завршил својот развојот на неживото, и животниското ниво, а сега сте на развој на говорниот степен. На говорното ниво ти треба да се издигаш во целосно друга насока, за целосно на различен начин да го гледаш животот - многу е поразлично од претходното ниво. Сега ти треба да се однесуваш со давање, со нови садови. Но, разумот не сака да работи во давање, бидејќи ти немаш желба да даваш. Ако се појави желбата за давање, тогаш разумот ќе работи со неа. Разумот работи со желбата за добивање. Разумот е машина, компјутер - него не му е грижа со каков вид на информации ќе работи, не му е грижа што ќе "јаде" таму внатре, какви бројки, не му е грижа.

Што можете да направите? Повикај ја над желбата за добивање - не над разумот - над желбата за добивање,повикај ја Светлината која поправа, Светлината, која "создала злото почеток" - Тој го создал лошиот почеток, за да може светлината да го промени, да ја промени желбата и тогаш разумот ќе работи со новата желба, со желбата за давање и ќе ти даде совети за тоа како да даваш. Разумот - што сакаш од него? Ти треба да ја промениш желбата.

Извадок од утринската лекција 2011/01/03

Повеќе...
 

Книгата „Зохар“

02.01.2011
Авторите на "Зохар" ја напишле книгата „Зохар" од самата врска меѓу нив. Тие ја откриле внатрешноста на ова поврзување, каде што 10 пријатели биле заедно поврзани. Тие ја откриле духовноста во врската меѓу нив, бидејќи почнале да се однесуваат еден кон друг со својство давање. Почнале да мерат, да чувствуваат, да гледаат што е својство на давање, својство на Создателот. Ја откриле Вишата состојба.

"Виша" значи над добивањето: Виши свет, Виша состојба, Виша Сила - така се нарекува според давањето, кое е над моќта на приемањето. Така го изградиле - "над". И кога почнале да ги разоткриваат, тие почнале да ги запишуваат овие работи. И сите појави кои се запишани, кои ги откриле меѓу себе, во врските меѓу нив, во арвут, во омразата, зависта, во похотта, во честта, во контрола на власта и начинот на кој го надминале сето ова. Бидејќи поврзани над сите овие себични состојби кои ги откриле - тие го запишале сето тоа и го нарекле книга "Зохар". Бидејќи во оваа состојба која тие ја достигнале и во резултатот на оваа состојба тие ја откриле Вишата Светлина,која доаѓа кај нив од највисокиот извор, кој се нарекува "Зохар" од зборот "зихара илаа" - Виша сјајност.

Повеќе...
 

Што сакаме ние ?

Во нашиот свет ние сакаме работи кои ни даваат уживање. Тоа не е љубов - јас сакам уживањето, не го сакам давателот на уживањето.
Повеќе...
 

Над границата

shutterstock 22064581Филозофијата е сето она што е теоретски - секаде каде што го ставате умот над фактите.
Повеќе...
 

Создавање љубов

photo rav_tvprogram_studiopt_2010-09-20_lehargish-zohar_abrener_n010Љубовта за која зборуваме, е нешто што ние создаваме.  
Повеќе...
 

Внатрешна раздвоеност

35Гледате каков е човекот - сам, никој не го притиска, ништо, но тој е лут, вознемирен. Што се случува? Тој е раздвоен внатре во себе.  
Повеќе...
 

Нацистички режим

 9309274Баал ХаСулам вели дека ако не ја поправиме ситуацијата, не ја подигнеме на нивото на спој со Светлината, тогаш поправката ќе дојде низ нацизмот.
Повеќе...
 

Претрупан мозок

shutterstock 10021684Затоа кога ние веќе дојдовме до ситуација во која желбата за добивање е поголема од она што може да добиеме од животот, тогаш мудроста кабала се буди и го води човекот до вистинската цел, каде што има одговори за неговите внатрешни прашања.
Повеќе...
 

Расчисти со идолите

shutterstock 1360528Има само еден начин да го достигнеш доброто - ако го поправиш лошото во тебе кон добро.
Повеќе...
 

Раби Шимон е систем

14.12.2010
Гледаме дека Раби Шимон открива една тајна - тоа не е исправка, туку токму спротивното.

Ти реков , Раби Шимон не е некој "Амиком" исправен на две нозе. Раби Шимон е систем, како Раби Амном Саба, како и сите големи кабалисти. Ние не зборуваме за човек од месо и крв. Ти зборуваш за тело и крв, седат во некоја пештера, правејќи нешто. Ти не го гледаш системот.. Што значи Адам - дел од Светоста, која се облекува на Создателот. Тој добива од Него, во зависност од подобието во форма, сé што постои. Тој бара начин како може да биде адаптер за другите луѓе кои треба да бидат родени и развиени.

Раби Шимон е систем.

Потоа тој го наоѓа Раби Аба, друг систем, преку кој, преку намалувањето на Светлината, тој може заедно со Раби Аба и со помош на десетте ученика; секој од нив е 10 сфирот, вкупно 100 сфирот, тоа е целиот пакет, тоа е посебен механизам. Ова е механизам, тоа не се луѓе! Така тие ги реализираат подготовките за Светлината токму за нашата генерација.

И ние ги добиваме сите поправувања. Сé доаѓа кај нас преку книгата Зохар и Раби Шимон и Раби Аба, целосната Опкружувачка Светлина. Ние немаме идеја колку благодарни треба да сме на душа како Рашби, бидејќи без него сé е скриено, ние би биле изолирани од целиот Виши систем.

Повеќе...
 

Ти не го гледаш светот

13.12.2010
Јас те гледам, да кажеме физички, наопаку, а мојот мозок обраќа слика. Знаеш тоа - сè е навика. Ние не знаеме како сè е навика – сè е наопаку. Ништо не е средено на начинот на кој мислиме. Нашиот мозок го средува така.

Ние го полниме мозокот со сето ѓубре во овој свет, со нешта за кои немате ни идеја - вие не го гледате светот. Гледате, бидејќи така сте натерани да видите, подготвени да видите. Но каков е вистинскиот свет, не гледате! Тука има бесконечност! Тука има Светлина, Виша сила која работи! Овде има луѓе кои се меѓусебно поврзани! Наместо тоа, вие го гледате она што го гледате, бидејќи така било средено во вашиот разум.

Повеќе...
 

Пајажина

Треба да си запишам што треба да биде намера: Да се поврзам како еден човек со едно срце во системот на врски помеѓу нас, наречена арвут. Врска, каде што, од една страна, секој се чувствува себеси, а од друга страна, над чувството за себе, тој чувствува дека е многу поврзан со другите на начин дека оваа врска не му дозволува никакво слободно движење. Толку посветен тој сака да биде на групата.

Како во пајажина - и на влезовите и на излезите јас сум поврзан со оваа мрежа - немам ништо друго за себе во срцето или во разумот. Јас имам само една единствена точка во себе, која постојано сака да се оддаде се посилно на оваа мрежа. Ова се нарекува посветеност. Колку што јас се оддавам на тоа, толку Светлината ми влијае и ме прави дел од оваа мрежа. Кога ќе ме направи нејзин дел, од една страна, јас чувствувам дека сум неверен на целата мрежа, но од друга страна, чувствувам дека целата мрежа е моја.

Тоа е исто како мајка - колку мајката се оддава на своето дете, толку детето чувствува и таа чувствува дека тоа е нејзино. Едниот не постои без другиот.

Повеќе...
 

Бандата на создателот

Светлината е моќно оружје - нема ништо поголемо од тоа. Најголемите насладувања, најголемите способности сè да направиш - како е можно тоа да ти биде доделена.

09.12.2010

Постоеле многу групи, различни видови - неодамна гледав филм за бандите и тие велат: "Добро, ајде да се обединиме. Имаме цел. Сакаме да го контролираме соседството". И ти велиш одлично. Но тука има група која вели: "Ние сакаме да се обединиме, за да ги достигнеме најдобрата највозвишената цел." Па, барем велат дека сакаат да ја постигнат. Но има нешто што ги спречува.

Навистина. Бандата во соседството - сè е во нивните раце.

Оваа банда има проблем. Тие немаат оружје. Оружјето е во рацете на Создателот, а Создателот ќе го даде само кога си достоен за него - што може да направиш.

Светлината е моќно оружје - нема ништо поголемо од тоа. Најголемите насладувања, најголемите способности сè да направиш - како е можно тоа да ти биде доделена?

Малите деца, адолесценти - како постојано ги чуваме за да не го направат ова или она. Што мислите дека тие им даваат на почетокот намерно да си играат со нешто опасно, па да го уништат сè? Како може да го направиш тоа?

Затоа преку скривањето, преку скриеноста, преку световите се спушта и работи Вишата Светлина, за да може постепено да нè движи. Токму тоа го гледаме во моментов - чувство на страдање. И сето тоа е Неговото влијание врз нас, што нè предвижва за да се разбере на крајот што треба да направиме. Како малите деца, кои се однесуваат невопитано. Невозможно е на друг начин.

Повеќе...
 

Подготовка за лекција

Треба да направиш она што е во наша моќ. За тоа е речено: "Единственото нешто што човек треба да направи е да се подготви за лекцијата".  
Повеќе...
 

Така ти растеш

Ова е поништување, како ембрион во внатрешноста на мајка си: "Јас не постојам"; тогаш мајката му дава, дава, дава, колку повеќе му дава, толку помалку тоа постои. Му дава повеќе, тоа расте, желбата за добивање расте и помалку постои, се поништува себе си.
Повеќе...
 

Одговор за секое прашање

За сите одговори треба само да најдеме насоката - како да го достигнам изворот на Светлината, од каде што сите одговори ќе дојдат. Одговор значи полнење на недостатокот.
Повеќе...
 

Чудо

Сите активности се всушност исти. И тогаш чудото се случува, бидејќи Светлината го прави - по напорите.  
Повеќе...
 
Повеќе Артикли...

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica