Кабала Моменти се извадоци од дневните Кабала Лекции кои се учат со д-р Михаел Лајтман, врз основа на веродостојни кабалистички извори и вклучува учество во живо помеѓу студентите по Кабала и гледачите на Кабала ТВНаставата се одржува од 2:00 до 5:00 часот наутро, Македонско време,од Недела до Петок. Петочните лекции се наменети воглавно за почетници.Сите Дневни лекции можат бесплатно да се симнат во секое време од АрхиваНовиот интернет - Да го градиме заедноinternet.kbb1.com
|
Раби Шимон е систем
14.12.2010 Ти реков , Раби Шимон не е некој "Амиком" исправен на две нозе. Раби Шимон е систем, како Раби Амном Саба, како и сите големи кабалисти. Ние не зборуваме за човек од месо и крв. Ти зборуваш за тело и крв, седат во некоја пештера, правејќи нешто. Ти не го гледаш системот.. Што значи Адам - дел од Светоста, која се облекува на Создателот. Тој добива од Него, во зависност од подобието во форма, сé што постои. Тој бара начин како може да биде адаптер за другите луѓе кои треба да бидат родени и развиени. Раби Шимон е систем. Потоа тој го наоѓа Раби Аба, друг систем, преку кој, преку намалувањето на Светлината, тој може заедно со Раби Аба и со помош на десетте ученика; секој од нив е 10 сфирот, вкупно 100 сфирот, тоа е целиот пакет, тоа е посебен механизам. Ова е механизам, тоа не се луѓе! Така тие ги реализираат подготовките за Светлината токму за нашата генерација. И ние ги добиваме сите поправувања. Сé доаѓа кај нас преку книгата Зохар и Раби Шимон и Раби Аба, целосната Опкружувачка Светлина. Ние немаме идеја колку благодарни треба да сме на душа како Рашби, бидејќи без него сé е скриено, ние би биле изолирани од целиот Виши систем. Ти не го гледаш светот
13.12.2010 Ние го полниме мозокот со сето ѓубре во овој свет, со нешта за кои немате ни идеја - вие не го гледате светот. Гледате, бидејќи така сте натерани да видите, подготвени да видите. Но каков е вистинскиот свет, не гледате! Тука има бесконечност! Тука има Светлина, Виша сила која работи! Овде има луѓе кои се меѓусебно поврзани! Наместо тоа, вие го гледате она што го гледате, бидејќи така било средено во вашиот разум. Пајажина
Треба да си запишам што треба да биде намера: Да се поврзам како еден човек со едно срце во системот на врски помеѓу нас, наречена арвут. Врска, каде што, од една страна, секој се чувствува себеси, а од друга страна, над чувството за себе, тој чувствува дека е многу поврзан со другите на начин дека оваа врска не му дозволува никакво слободно движење. Толку посветен тој сака да биде на групата. Како во пајажина - и на влезовите и на излезите јас сум поврзан со оваа мрежа - немам ништо друго за себе во срцето или во разумот. Јас имам само една единствена точка во себе, која постојано сака да се оддаде се посилно на оваа мрежа. Ова се нарекува посветеност. Колку што јас се оддавам на тоа, толку Светлината ми влијае и ме прави дел од оваа мрежа. Кога ќе ме направи нејзин дел, од една страна, јас чувствувам дека сум неверен на целата мрежа, но од друга страна, чувствувам дека целата мрежа е моја. Тоа е исто како мајка - колку мајката се оддава на своето дете, толку детето чувствува и таа чувствува дека тоа е нејзино. Едниот не постои без другиот. Бандата на создателотСветлината е моќно оружје - нема ништо поголемо од тоа. Најголемите насладувања, најголемите способности сè да направиш - како е можно тоа да ти биде доделена.
09.12.2010 Постоеле многу групи, различни видови - неодамна гледав филм за бандите и тие велат: "Добро, ајде да се обединиме. Имаме цел. Сакаме да го контролираме соседството". И ти велиш одлично. Но тука има група која вели: "Ние сакаме да се обединиме, за да ги достигнеме најдобрата највозвишената цел." Па, барем велат дека сакаат да ја постигнат. Но има нешто што ги спречува. Навистина. Бандата во соседството - сè е во нивните раце. Оваа банда има проблем. Тие немаат оружје. Оружјето е во рацете на Создателот, а Создателот ќе го даде само кога си достоен за него - што може да направиш. Светлината е моќно оружје - нема ништо поголемо од тоа. Најголемите насладувања, најголемите способности сè да направиш - како е можно тоа да ти биде доделена? Малите деца, адолесценти - како постојано ги чуваме за да не го направат ова или она. Што мислите дека тие им даваат на почетокот намерно да си играат со нешто опасно, па да го уништат сè? Како може да го направиш тоа? Затоа преку скривањето, преку скриеноста, преку световите се спушта и работи Вишата Светлина, за да може постепено да нè движи. Токму тоа го гледаме во моментов - чувство на страдање. И сето тоа е Неговото влијание врз нас, што нè предвижва за да се разбере на крајот што треба да направиме. Како малите деца, кои се однесуваат невопитано. Невозможно е на друг начин. Откривање на ѕидотЅидот е почувствуван во секој. Треба да го почувствуваме вкупниот, взаемниот закон. До оваа мерка ќе ја почувствуваме нашата заедничка сила против овој ѕид. |
|
Повеќе Артикли...
|