Кабала Моменти се извадоци од дневните Кабала Лекции кои се учат со д-р Михаел Лајтман, врз основа на веродостојни кабалистички извори и вклучува учество во живо помеѓу студентите по Кабала и гледачите на Кабала ТВ
Наставата се одржува од 2:00 до 5:00 часот наутро, Македонско време,од Недела до Петок. Петочните лекции се наменети воглавно за почетници.
Сите Дневни лекции можат бесплатно да се симнат во секое време од Архива
Дадено ти е да работиш во група, а не да работиш за некоја апстрактна идеја или за некоја сила која не можеш да ја почувствуваш, или при било какви услови, кои секој може да ги измени како сака.
Така разбираме колку имаме потреба од групата, од средина што постојано ќе ни врши притисок, благодарение на која ќе постигнеме соединување со Создателот.
Знаеме дека најважната тема е темата за обединување, целосната исправка, единственото правило што го имаме, е за обединувањето. Како е можно човек да не дојде на место во кое се наоѓа најголемата моќ на обединување што може да го достигне?
Ако седиме заедно, јадеме заедно,се насладуваме со намера да се поврземе помеѓу себе и да откриеме некоја можност меѓу нас за да ја откриеме духовноста, тогаш тоа е духовно делување.